Технологија и Господ

  • Креатор на темата Креатор на темата Toreador
  • Време на започнување Време на започнување
Toreador напиша:
Работите се скриени заради х причини. Главна од нив е дека со тоа свештениците го држат народот под контрола. Го злоупотребуваат името Господово за нивни материјални цели. Иронично е дека, црквата, институцијата којашто требаше да биде како дијамант, врв на христијанството и главен бранител и сведок на целите на религијата, стана сосем спротивното и одден на ден го уништува се повеќе. Затоа Ватикан сака повторно да ги обедини католиците и православните, и протестантите се шират низ светот за повторно да се врати христијанството на голема врата.

Верувале или не, религијата Wicca ќе стане третата најголема религија во светот до крајот на оваа декада ако Бенедикт and his cohorts не преземат ништо.
Да верувам дека свештениците го држат народот под контрола можам само во следната смисла: знаат што е добро и потребно и за добро на народот му кажуваат ова или она. Ама да верувам дека тоа го прават од материјалистички причини и за лични интереси, тоа НЕ. Исклучоци можеби има, ама вистинските Личности не се такви. Треба да заживееш во Црквата за да видиш, научиш, осознаеш некои работи. Од надвор секој може да зборува се’. Дојди, види, и ако мислиш дека таму се лажговци, крадци, манипулатори... слободно излези од Црквата. Никој нема со сила внатре да те држи. Тогаш и да зборуваш ќе биде аргументирано
 
Крстителот напиша:
Не знам за која од Црквите зборуваш, но Православната Црква никогаш ништо не скривала.

Можеш генерално да зборуваш за ’свештеници’, ама ако си запознал вистински Личности меѓу нив ќе видиш дека не се тие лоши, материјалисти, владејачи, манипулатори, крадци.

Пописот на книгите на Светото Писмо бил официјализиран 397 година. Црквата точно знаела што парафира од материјалите кои претендирале да влезат во Списокот на Книги од Светото Писмо. Четири века размислување на таа тема не се така мала работа
вернику не ми се навлегува во дебати за оваа тема може многу да се филозофира а едноставно несакам да го споменувам напразно името божјо :icon_lol: и несакам да оправдувам некој што ужива да живее со маката на другите
 
Само за потсетување (неопходно беше) што е предмет на дискусија во овој дел од "Мистерии и Религија":

Toreador напиша:
Инспириран од темата на Крстителот и амајлиите ми дојде едно прашање во глава. Нели демек, носењето амалија е ѓаволско, маѓиите се ѓаволски, се она што не го гледаме со очите е ѓаволско. Па тпгаш чекај малку, што е разликата меѓу клетва и пиштол? Повикување духови и атмоска бомба? Дали клонирањето и генетската модификација, траснплатацијата на органи, ин витро забременување е помалку "ѓаволско" oд носење амалија? Патувањето низ времето е помалку ѓаволско од предвидувањето на иднината?

Дали мислите дека технологијата е помалку ѓаволска од магијата и зошто?

Коментарите околу библијата (па и аргументите "за" и "против" update на библијата) и амајлиите постирајте ги на соодветните теми. Во врска со се друго што ве интересира (дилемите околу "ѓаволот", на пример), а не е во контекст на "Технологија и Господ" слободно отворете нова тема (ако не веќе не постои).

Бидете и натаму креативни :wink:.

Фала.
 
Мистичен напиша:
Леа, можеби и треба апдејт чисто ради ако сакаш приказната да ја прилагодиш малку накај њу ејџ, ама сепак мислам дека поентата на библијата е сосема јасна и не треба да се менува.

Христијанството можеби не, ама свештениците манипулирале со луѓето во дамнешните времиња, но чисто од причина да ги држат покорни кон власта. Значи, мора тука да направиме јасна разлика кој е манипулаторот.

Фино, фино кажано.

Библијата како четиво е општа култура. Организираната религија е она кое треба да ја трпи критиката за евентуалните (и евидентни) несреќни толкувања.

Лично јас, иако се вбројувам во верниците, повеќе сакам глобално да се држам до начелата кои ги проповеда мојата религија, а не да бидам визуелен пример на држење за Библијата како слеп за стап. Нешто како апликативна религија. Такви се времињата. Технолошки.

Пример: во Библијата не се говори ни про ни контра за мобилната телефонија и интернетот, ама ја сум сигурен дека Господ нема да има никаков проблем со мене ако од време на време испратам имејл или примам СМС.

И волкот (Господ) сит, и оФците (ние) на број.
 
Религиите секако дека со тек на време претрпуваат промени и адаптации на своите догми за да не изгубат на прифатливоста во времето во кое се очекува да бидат практикувани, што сметам дека е сосема нормална појава. Така, неможе да се каже баш дека технологијата и бог би биле во некоја противречност.
Во US постојат таканаречени „Амиши” кои си веруваат во бога, живеат исклучиво од земјоделие и сточарство, не користат електрична енергија, не возат автомобили и трактори, одат исклучиво пеш или со запрежна кола, земјата ја ораат со коњ и примитивен плуг...ама се баш како од Марс паднати, затворени внатре во својата заедница и тотално изолирани од секакви придобивки на денешницата.

Крстителот напиша:
Да верувам дека свештениците го држат народот под контрола можам само во следната смисла: знаат што е добро и потребно и за добро на народот му кажуваат ова или она. Ама да верувам дека тоа го прават од материјалистички причини и за лични интереси, тоа НЕ. Исклучоци можеби има, ама вистинските Личности не се такви. Треба да заживееш во Црквата за да видиш, научиш, осознаеш некои работи. Од надвор секој може да зборува се’. Дојди, види, и ако мислиш дека таму се лажговци, крадци, манипулатори... слободно излези од Црквата. Никој нема со сила внатре да те држи. Тогаш и да зборуваш ќе биде аргументирано
Крстителе, можеби си во право, но сосема ќе сметам дека си во право кога на гробишта кога ќе треба да одржам помен на близок починат и ќе го повикам свештеникот да опее и кога после тоа ќе прашам што должам, нема да го добијам овој одговор:
„Тарифата е ххххх...денари, ако имате, ако немате тогаш колку што имате.“
За мене многу поприфатливо е на пример да ми каже: „Не должите ништо, но прилог за црквата можете да дадете колку што сакате и можете“....-А да не спомнувам колку чини венчавање во црква или крстење дете што е тотално неприфатливо ако се сака популаризација на православието. И најпосле, не познавам и не сум видел свештеник што вози старо „Југо“, „Лада“ или „101“, сите возат поубави аута и НОВИ! А од свештеничката плата ги купиле?
 
Abe jas mislam deka nema nisto gavolsko nitu vo tehnologijata nitu vo amajlijata.Toa se cisti gluposti iako dedo mi vika za kompjuterite i slicno deka se gavolstini.
 
muhammed s.a.v.s rekol ke dojde vreme koga nesto ke zbori so lugeto a tie ne so nego a toa e TV
 
христијаните можат да си ја користат технологијата затоа што и ние сме ја измислиле нели? но за муслиманите пред некое време еден нивен не знам дали имам дали што беше рече муслиманите да не го користат интернет, компјутерите можело тоа да ги оттргне од вистинскиот пат, затоа и нели во иран беше со години забранет интернет сега не знам ситуацијата каква е, инаку интересно е да се види до каде можат лугето да отидат а ако треба да живееме навистина според библијата не би требало да има автомобили, ке се движиме со магариња , камили, ке треба да носиме облека исус каква што носел да се храниме само од природата ама тоа тешко сега по 2013 години
 
:) mona999, ти можеби ќе слушнеш некој имам дека рекол и воздухот е харам ( забранет) да се дише, затоа што е инфициран со каурски бактерии, ама не верувај на се што некој ќе ти сервира. :) Бог поттикнува кон технологијата и истражувањето, и тоа во императивна форма го има речено во Кур'анот. На Бог не му се допаѓа злоупотребата на таа технологија.
 
Еве како го следат вашите технолошкото поле

Syria-Tank-ShamII.jpg

Врвот на технологијата....контролирано со рачки од sony playstation 2 .
 
Има и многу подобри нешта од приложеното во фотографијата онаму каде што има мир.
 
Бог поттикнува кон технологијата и истражувањето, и тоа во императивна форма го има речено во Кур'анот. На Бог не му се допаѓа злоупотребата на таа технологија.
Технологијата и науката функционираат преку преиспитување, самокритичност, надградување и докази, исламот од друга страна забранува преиспитување на тоа што е кажано во неговата света книга, ја исклучува секоја можност за да биде надграден и прилагоден, критиката ја казнува со смрт а доказот го заменува со вера - слепо верување во догма.
 
:) mona999, ти можеби ќе слушнеш некој имам дека рекол и воздухот е харам ( забранет) да се дише, затоа што е инфициран со каурски бактерии, ама не верувај на се што некој ќе ти сервира. :) Бог поттикнува кон технологијата и истражувањето, и тоа во императивна форма го има речено во Кур'анот. На Бог не му се допаѓа злоупотребата на таа технологија.
Бог дава, бог зема, е сега некогаш бог ќе рече дека некој треба да страда, или си замине од овој свет , па ќе му опне болест, инфаркт... луѓето (не знаејќи дека со тоа му се спротиставуваат на Бог) ќе го однесат во болница каде ќе му олеснат маки, ќе го излечат или дури и ќе го оживеат.
Сите доктори и научници кои дале допринос на поле на медицина ќе горат во пеколот.
 
Сериозно, исламот нема ништо против технологијата ако таа оди во прилог на човештвото.
 
Сериозно, исламот нема ништо против технологијата ако таа оди во прилог на човештвото.
Технологијата е продукт на науката, а науката егзистира благодарение на принципите кој ги набројав. Овие принципи пак, се дијаметрално спротивни на оние на кој се базираат религиите како што е исламот.
Науката не одредува што мора да биде тоа што ќе го открие, за разлика од исламот во кој најстрого се забранува преиспитување на воспоставената догма. Ако во светата книга пишува дека месечината била раздвоена, исламот нема да настапи со став дали навистина било така, туку ќе бара начини по секоја цена резултатот да не биде во контрадикторност со догмата. Имајќи го ова во предвид, смешно е да се тврди дека исламот немал ништо против технологијата и науката.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom