Нов почеток

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Како беше тоа, она што нема да не убие, не прави посилни! Да верувам во нов почеток!:)
 
CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Како беше тоа, она што нема да не убие, не прави посилни! Да верувам во нов почеток!:)
Ц, во случајов она што нема да те убие - нервно ќе те осакати. И така осакатени во нов почеток ... додека има што да се осакатува.
 
acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Ц, во случајов она што нема да те убие - нервно ќе те осакати. И така осакатени во нов почеток ... додека има што да се осакатува.

Зависи во кој случај, ако жртвата е со помала вредност од добивката, се исплати! Вистинската љубов никогаш неможе да стане мржња безразлика колку ти глумиш лудило!
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Љубовта ги комплицира работите
Омразата ги поедноставува
 
CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Зависи во кој случај, ако жртвата е со помала вредност од добивката, се исплати! Вистинската љубов никогаш неможе да стане мржња безразлика колку ти глумиш лудило!
Добро Аце, не ме карај, знам јас да сфатам и без извичници. :)
Тоа жртва, добивка и слични калкулации не идат баш кај љубовта, што знам за да калкулираш нешто треба да е рационално изводливо. Мене љубовта не ми е рационален концепт, баш онаа вистинската за која ти зборуваш и не знам како да пресметам што е повеќе, дали добивката или жртвата. И да, не постои жртва зошто се додека постои врската постои потребата од Другиот, па таа потреба не може да се доживее како жртва.
 
Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.742
Поени од реакции
19.921
Како беше бе онаа:
Да љубиш е исто како песна да пишиш, а нема песна без крај :(

Ако ја разбрав ја леандра, збориме да почнеш од ново со истиот партнер со кого си го допреле дното, ја па ич не верувам у тоа, премногу пресии ќе има, его фрик моментс, обвинувања, може не на почеток, ама ќе никнат у првиот кризен момент, секат има кризи у секоја врска колку и да е прешес, ако не си доволно силен да избуташ нагоре, нема што да се трудиш од ново и од ново и од ново, неможе од стара баба млада невеста да искочи.
 
acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Добро Аце, не ме карај, знам јас да сфатам и без извичници. :)
Тоа жртва, добивка и слични калкулации не идат баш кај љубовта, што знам за да калкулираш нешто треба да е рационално изводливо. Мене љубовта не ми е рационален концепт, баш онаа вистинската за која ти зборуваш и не знам како да пресметам што е повеќе, дали добивката или жртвата. И да, не постои жртва зошто се додека постои врската постои потребата од Другиот, па таа потреба не може да се доживее како жртва.
Не те карам шо си се исплашил, еден извичник е обичен правопис, лутина се изразува со повеќе извичници ;)

Под жртва подразбирам да изгубиш дел од своето его или да простиш за да добиеш она што повеќе го сакаш. Е сега во случај на конфликт на интереси, не делуваат сите исто, има луѓе егоисти па решени се цел живот после да се јадувкаат ама да биде по нивно. Јас не сум од тие! :)
 
CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Не те карам шо си се исплашил, еден извичник е обичен правопис, лутина се изразува со повеќе извичници ;)

Под жртва подразбирам да изгубиш дел од своето его или да простиш за да добиеш она што повеќе го сакаш. Е сега во случај на конфликт на интереси, не делуваат сите исто, има луѓе егоисти па решени се цел живот после да се јадувкаат ама да биде по нивно. Јас не сум од тие! :)
ИсплашилА.

Ако е доволно силна потребата од Другиот нема работите да се доживуваат како конфилкт на интереси, затоа и реков дека не постои жртва. Настапуваш како поединец во врската ама ги насочуваш желбите во иста насока со партнерот, ако насоката е различна нема потреба од повредување на его.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Има исклучоци кои успеваат од почеток да ја реобноват врската. Повторувам, има исклучоци.

Но, за мене барем, кога врска ќе заврши, тука е и крајот на било која можност истата да се обнови. Крај. Штом не успеало тогаш - нема да успее ни сега. Секако дека секогаш има исклучоци, познавам јас пар такви, ама различни околности и карактери биле тоа.

90 посто од врските завршуваат заради тоа што партнерите се некомпатибилни. Во било кој поглед. Така што ако еднаш сум сметала или тој сметал дека не се еден за друг, дека едноставно не кликаме, зошто би кликнале отпосле? Њет. Завршуваме, ставаме крај, си посакуваме се најубаво и многу среќа во понатамошниот живот (бар јас тоа секогаш го правам) и си ја бараме среќата секој по својот пат.
 
H

HoT IcE

Гостин
Никад не ми иделе темите за љубов, тоа е специјалност на мојата колешка Crazy in Love; па да се дообјаснам :)
Нов почеток мислам за врски кои се раскинале па подоцна продолжиле, врски кои преживеале бура и го допреле дното и на најновите варијанти врски после пауза. Е сега ме интересира дали има некој жив сведок да ме убеди дека е среќен во тој нов почеток или такво нешто непостои и луѓето глумат одлично или барем мислат дека глумат. И како вие го разбирате тој поим кога некој ќе ви каже почнавме одново.
Верувам дека постои по некој сведок да ти потврди, ама генерално, нови почетоци на веќе заебана работа - не успеале.
Еве, јас ќе тргнам од мене, откако ми отиде девојката у Швајцарија, секое доаѓање нејзино е нов почеток за мене, а секое нејзино повторно одење е за мене пак нов почеток, и пак поминуваш низ сите геј фази од врската, на секои 4-5 месеци. Едноставно не иде, не знаеш ни кај си, дали си во врска, и дали си вљубен? Не си на почеток, ниту на крај, не знаеш што мислиш и што правиш, само само си свесен дека ја чекаш и дека се надеваш дека еден ден ќе дојде и нема да иде веќе.
Откако раскинавме, се помиривме неколку пати, и секој пат беше се полошо и полошо, свесни сме за грешките, ама не ги исправаме, и се повеќе главиме и главиме во тоа кој колку е почитуван и кој колку вложил во врската. Затоа кога еднаш ставиш крај, крај е. Барем за мене отсега натака се надевам дека така ќе свирам.
 
Член од
1 јануари 2013
Мислења
312
Поени од реакции
363
Нов почеток има,освен ако не е во прашање нов зачеток:LOL:
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.014
Поени од реакции
3.759
Ако и после дното двајцата сакаат да пробаат со нов почеток тогаш јасно е дека помеѓу тие двајца постои љубов. Инаку не верувам да некој кој едвај киднал од врската пак да сака да почнува одново. Но не верувам дека со новиот почеток ке се добие некој нов квалитет односно дека работите ке бидат подобри одколку порано. Во прво време можно е да биде поубаво и поинтересно одколку порано но одкако ке си легнат работите се ке си биде како и порано, односно проблемите од порано ке бидат и сегашни проблеми. Дури можеби проблемите ке бидат и уште поголеми ако некој од партнерите во периодот додека траел прекинот си мрднал ваму таму па при првата караница тоа ке биде искористено од другиот како силен аргумент и алатка за удар под појасот. Во принцип треба да се избегнува ,,нов почеток,, но бидејќи љубовта е ирационална категорија тешко дека човек кога е заљубен ке прифати и ке размисли за било каков аргумент кој оди во прилог на тоа дека треба да избегне нов почеток.
 
Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.703
Поени од реакции
11.127

Моќно пријателе, секоја чест.
Немам што да додадам повеќе, а се оштрев да се отворам ко паун пред парење на темава.
Убаво напишано, до збор.
 
SteamyLover

beautiful tango
Член од
24 октомври 2012
Мислења
202
Поени од реакции
554
Како беше тоа.. никогаш нема да имаш втора шанса да оставиш прв впечаток. Па водена од искуство, чест на исклучоците, не би можела откако на нешто ќе се стави крај и тоа поради цврста причина, после некое време, независно месеци години, да се смирам и да биде Ко од почеток. Тоа ми е сосема безвезе. Тоа е исто ко веќе прочитана книга да ја читаш повторно, но да се правиш дека не го знаеш крајот.
 
Kocka

Manchild
Член од
1 август 2006
Мислења
3.531
Поени од реакции
2.752
and she is living proof that there is truth in fertility
and we live a love that God would envy, and for her...
i would carry the cross for my own crucifixion
if it would make her have more faith in me
and i would hang from that cross
and you could pierce my side with a spear
and i would bleed more reasons to love her and i could die on that cross
and you could bury me in a tomb
and i would rise on the 23rd hour just to prove that i could not live a day without her
i would go toe to toe with eternity for the rights to her next lifetime
cause i was the only one made for her
 
Kajgana Shop

На врв Bottom