Ц, во случајов она што нема да те убие - нервно ќе те осакати. И така осакатени во нов почеток ... додека има што да се осакатува.Како беше тоа, она што нема да не убие, не прави посилни! Да верувам во нов почеток!
Ц, во случајов она што нема да те убие - нервно ќе те осакати. И така осакатени во нов почеток ... додека има што да се осакатува.
Добро Аце, не ме карај, знам јас да сфатам и без извичници.Зависи во кој случај, ако жртвата е со помала вредност од добивката, се исплати! Вистинската љубов никогаш неможе да стане мржња безразлика колку ти глумиш лудило!
Не те карам шо си се исплашил, еден извичник е обичен правопис, лутина се изразува со повеќе извичнициДобро Аце, не ме карај, знам јас да сфатам и без извичници.
Тоа жртва, добивка и слични калкулации не идат баш кај љубовта, што знам за да калкулираш нешто треба да е рационално изводливо. Мене љубовта не ми е рационален концепт, баш онаа вистинската за која ти зборуваш и не знам како да пресметам што е повеќе, дали добивката или жртвата. И да, не постои жртва зошто се додека постои врската постои потребата од Другиот, па таа потреба не може да се доживее како жртва.
ИсплашилА.Не те карам шо си се исплашил, еден извичник е обичен правопис, лутина се изразува со повеќе извичници
Под жртва подразбирам да изгубиш дел од своето его или да простиш за да добиеш она што повеќе го сакаш. Е сега во случај на конфликт на интереси, не делуваат сите исто, има луѓе егоисти па решени се цел живот после да се јадувкаат ама да биде по нивно. Јас не сум од тие!
Верувам дека постои по некој сведок да ти потврди, ама генерално, нови почетоци на веќе заебана работа - не успеале.Никад не ми иделе темите за љубов, тоа е специјалност на мојата колешка Crazy in Love; па да се дообјаснам
Нов почеток мислам за врски кои се раскинале па подоцна продолжиле, врски кои преживеале бура и го допреле дното и на најновите варијанти врски после пауза. Е сега ме интересира дали има некој жив сведок да ме убеди дека е среќен во тој нов почеток или такво нешто непостои и луѓето глумат одлично или барем мислат дека глумат. И како вие го разбирате тој поим кога некој ќе ви каже почнавме одново.
Моќно пријателе, секоја чест.Ако и после дното двајцата сакаат да пробаат со нов почеток тогаш јасно е дека помеѓу тие двајца постои љубов. Инаку не верувам да некој кој едвај киднал од врската пак да сака да почнува одново. Но не верувам дека со новиот почеток ке се добие некој нов квалитет односно дека работите ке бидат подобри одколку порано. Во прво време можно е да биде поубаво и поинтересно одколку порано но одкако ке си легнат работите се ке си биде како и порано, односно проблемите од порано ке бидат и сегашни проблеми. Дури можеби проблемите ке бидат и уште поголеми ако некој од партнерите во периодот додека траел прекинот си мрднал ваму таму па при првата караница тоа ке биде искористено од другиот како силен аргумент и алатка за удар под појасот. Во принцип треба да се избегнува ,,нов почеток,, но бидејќи љубовта е ирационална категорија тешко дека човек кога е заљубен ке прифати и ке размисли за било каков аргумент кој оди во прилог на тоа дека треба да избегне нов почеток.