Неодамна дознав дека дечкото со кого сум во врска неколку месеци премногу го привлекува неговата колешка од работа. Се уште немам храброст да се соочам со него. Тие двајца веќе биле интимни, но тоа се случило пред јас и тој да започнеме врска . Е сега јас сум во страшни дилеми, знам ќе речете разговарај со него, но јас навистина не сум спремна за тој чекор. Имено прочитав како тој и признава дека го привлекува, дека сака секс со неа, помеѓу другите муабети имале и сајбер секс. Причината зашто не ме изневерил физички со неа е затоа што таа несака да го изневери дечкото иако и тој нејзе ја привлекува. Навистина незнам што да правам, доколку толку сака да биде со неа, зашто не ми раскине .. неможам да сфатам. Јас мислев дека сексот ни е одличен, дека ништо не му фали со мене. Навистина мислев дека ме сака. Што понатаму незнам, се прашувам дали е можно да ме сака, а толку очајно да го привлекува друга.. се прашувам дали има овде и подлабоки чувства, освен чиста привлечност. Од кога дознав за ова немам мир, секој ден е со неа .. ја гледа .. фантазира за неа ..Размислувам и во насока дека ова можеби е само фаза која ќе помине или се залажувам? Очајно ми требаат вашите размислувања.
Ти имаш момче, таа има момче, а тој и таа биле заедно. Веќе не се. Постои причина зошто веќе не се и зошто секој од нив тргнал по засебен пат.
Така настапи му. Ако биле заедно пред вие двајца да се спарите, прекинале пред вие двајца да се спарите. Сигурно тој имал причина да се спари со тебе и сигурно и таа имала причина да се спари со нејзиното момче, наместо да се обидат да ја одржат нивната врска. Ако не им успеало - не им успеало. Таа прекината врска веќе не е твоја работа. Твоја работа е само твојата врска со него.
Затоа, ако тој фантазира за неа, кажи му да имате секс, па нека фантазира за неа. Важно е кој што прави, не кој што мисли. После долго време имање секс со тебе, неговото тело ќе се навикне на твоето, па тој што сака нека мисли - физички ќе му бидеш потребна само ти и ќе те бара само тебе.
А муабетот дека тој не сака да те изневери тебе зашто таа не сака да го изневери нејзиното момче само значи дека твоево момче баш и нема некој најсилен карактер за да мисли за себе. Моја претпоставка е дека имале секс (пред да станете пар), па и сајбер секс (пред да станете пар или за време на тоа) на *нејзина* иницијатива. Ова дури и можеш да го прашаш директно, штом веќе ги знаеш другите работи за него (нели, отворената комуникација меѓу партнерите во врската е најважна). Ако е така, тој е под влијание на таа девојка и прашање е дали сакаш да живееш со тоа.
Цело време имај го ова на ум: ако тие двајца се привлекуваат меѓу себе, а биле заедно, тоа значи дека им е страв да продолжат по своите сопствени патишта (повторно: имало причина зошто прекинале, ама таа причина тебе воопшто не те интересира - ти си настапила после тоа). Со други зборови, не се доволно созреани. За твоето момче можеби тоа и би било разбирливо, бидејќи вообичаено жените побргу созреваат отколку мажите (и годините не играат улога тука; може да збориме за возрасти од 20 до 35 до 60 итн и пак би важело истото - битно е кој колку искуства имал, не колку години проживеал). Понатаму, тој е маж, што значи дека *секогаш* може да помисли на друга, т.е. како има секс со неа (нека помине покрај билборд кајшто се рекламира долна облека и веднаш може да помисли како има секс со моделите, дури и ако се кукли), па ти тоа може да го искористиш - нека мисли на која сака, ама нека влегува само во тебе. И решена работа.
Биди свесна за тоа што тој мисли на друга и пушти го нека мисли. Таа слобода тој ќе умее да ја цени и ќе сфати што има покрај себе, со текот на времето.
Ако не, кажи му пријатно и разделете се.
Поздрав и со лесно.