Јас имам соковник од Горење, ама нема блендер. Секој дел се вади посебно, премногу лесен е за чистење и склопување, а телото му е инокс. Сега е 5300 денари и вреди за парите. Јачината на моторот е 800 w. Јас сум презадоволна! Секојдневно го користиме година и нешто, моторот спие. Навистина сум презадоволна.
Земја на производство на сите ти е Кина, зависи како ќе ти се погоди. Порано имаше разлика помеѓу германска, турска и кинеска бела техника, сега се` е произведено во Кина поради ефтина работна рака. Замисли поефтино им е да го направат во Кина и да го дистрибуираат во Европа, отколку да го произведат во Германија, Турција или Словенија, па да го дистрибуираат во Европа...