Го прочитав и јас другото, но ме бунеше ова IV бидејќи прв пат во живот читам за вакви работи. Незнам ни самиот на што да верувам и како да верувам, се разочарав од нашиве лекари максимално, кај и да одам ми се дерат и ми закажуваат по месец и пол да чекам за снимања пак за совет да ми дадат што понатаму. Вчера излегоа резултатите од компјутерска томографија и според тоа што го гледам јас (како нестручно лице) и според краткиот извештај е многу страшно. Пишува дека туморот (ПАНКОАСТ е) веќе лизира на неколку ребра, другото не можам да го разберам во извештајот, а лекарите не ми кажуваат ништо. Па мајка му стара што е толку тешко да ми каже каква е состојбата кога гледам дека ги разбира снимките оној кој го снима, дали е толку тешко да ми кажи како е и што е. Според тоа што го читам на интернет и на снимките ми се гледа дека е во подоцнежна фаза или крај на 3та или 4та фаза што ме плаши премногу. Вчера му купив и масло од канабис и после првата лажица му ги снема целосно болките и се чувствуваше многу подобро (незнам дали ги смирува нервите или што прави), во светов се фалат луѓе дека се излечиле и со тоа, но веќе не знам ни во што да верувам ни како. Денес да видам што ќе ми кажат во Систина дали има шанси да се лечи тука или не, ако нема веднаш ќе му платам во Канада за лечење со DCA во оваа болница
http://www.medicorcancer.com/#. Се нафаќаат да ги испратат лековите тука, а да му испратам целосни анализи за да ја постават дијагнозата. Тоа си кошта стварно многу пари, но додека имам да плаќам ќе се борам против ова. Скоро 5000 канадски долари за 6 недели со се нивните совети што ги даваат преку тел.