Изгоре планинарскиот дом „Копанки“ на Пелистер

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
28 јануари 2012
Мислења
4.502
Поени од реакции
8.715
Локација
Љутице Богдана 1а
3124364229653544487351513188087n.jpg


Ноќеска 30 минути по полноќ во планинарскиот дом „Копанки“ на планината Пелистер, од непознати причини настанал пожар, од кој целосно изгорел планинарскиот дом, соопшти МВР.
За укажување лекарска помош се пријавило едно лице поради вдишување на чад.
Увид на местото на настанот ќе се изврши во текот на денешниот ден.

5369214229653877820651447053478n.jpg


Пожарот на Копанки изби во 12 на полноќ по што борбата со огнената стихија траеше до раните утрински часови. Густи облаци од чад во моментов се извиваат над остатоците на објектот.

За среќа човечки жртви нема. Во Копанки ноќта имало околу 15 планинари и скијачи, а тие кои останале будни на време виделе дека планинарскиот дом гори и алармирале. Планинарите се евакуирани во хотелот Молика. Од МВР соопштија дека за укажување лекарска помош се пријавило едно лице поради вдишување на чад.

Веднаш по пријавата дошла екипата на битолската противпожарна единица и со големи напори спречила пожарот да ја зафати шумата со молика.

Во известувањето за пожарот од МВР велат дека тој избувнал од непознати причини а увид на местото на настанот ќе се изврши во текот на денешниот ден.

Инаку вчера на Копанки се одржа голема сноу борд забава на која присуствуваа над 100 луѓе од цела Македонија.

5372974229654511153922003015303n.jpg


5554044229654477820592064157327n.jpg


6030584229653677820671398591585n.jpg


ИЗВОР / ИЗВОР
 
Видов во некој од електронските медиуми... Страшно :(
Кај не се прави ништо ново по ова прашање, па и тоа што го има(в)ме го губиме...
 
Луѓето од ништо, ќе направат нешто,
А кај нас и тоа што го имаме да го немаме.
Навистина жалосно, преубаво место.:(
 
Што е со пожариве? ГТЦ, Македонска Пошта, Копанки...

Туку, цел месец се договаравме да отидеме во Копанки, ама поради испитната сесија решивме наредниот викенд да одиме. :pos:Tell me 'bout a bad luck.

cab.png
 
Што е чудно не ми е јасно кога во овие објекти-бараки не е уложен нити денар во последниве 60 години. Како нема да се запалат.
 
Очекувам слично на Поштата, 2-3 дена после гасењето на пожарот, домот да објават оглас за јавна набавка за осигурување на објектот... :pos:
 
Поздрав до тој шо го запали домот, сеа кај него дома ќе пиеме чај и во дворо ќе му скијаме
 
Што фино место беше... а минатиот викенд бевме со друштво, се надевам дека барем жичарата е функционална сега, оти ептем да се остане без стаза за скиење во близина е навистина заебано.
 
Како чоек кој е пораснат таму а и децата стигна да си ги `расти` на Копанки и чии предци имат учествувано во градењето на домот очекувам владата на РМ и локалната самоуправа да се покажи и да биди великодушна како што знае да биде понекогаш и за одредени моменти и да се поможи во изградбата на нов, поубав од претходниот планинарски дом.
Се да се пеплоса, спомените ќе останат.
Очекувам акција за помош и донации и стоп за глупи коментари.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom