Битолските сметководители со унифициран ценовник за сметководствени услуги. Бараат примерот да биде проследен низ целата држава.
С О О П Ш Т Е Н И Е
Согласно чл.20.21 и 25 од Законот за сметководствени работи(Сл.весник 95 од 26,07,2012 год)и чл.3 од последните измени на Законот за трговски друштва(Сл.весник 166 од 26,12,2012 год), сметководствените извештаи, и Завршната Сметка за 2013 год мора да бидат изработени и потпишани од овластен сметководител, односно сметководител со соодветно Уверение ,како доказ дека ги исполнува условите за вршење на сметководствени работи.
Поради тоа,секоја компанија,која има обврска да поднесе Завршна Сметка за 2013 год,мора да склучи Договор за вршење сметководствени работи со сметководствено биро (трговско друштво односно трговец-поединец) или да вработи овластен сметководител,односно сметководител.
.Договорот мора да биде во траење од најмалку 12 месеци до периодот за поднесување Завршна Сметка за 2013 год,односно да се склучи најкасно до 31.01.2013,со важност од 01,01,2013 год.
Поради тоа,Комората на сметководствени бироа од Битола ги потсетува сите компании,да побараат од своите сметководители доказ дека ги исполнуваат условите за работа ,согласно горенаведените законски измени,па согласно тој доказ да потпишат Договор за вршење сметководствени работи со соодветното сметководствено биро,односно вработени сметководители.
Исто така Комората на сметководствени бироа-Битола,известува дека цените на сметководствени услуги значително ќе се зголемат,поради зголемените трошоци и одговорноста на сметководителите и овластените сметководители кон Институтот на сметководители и овластени сметководители на Р.Македонија ,по основ на одржување на важноста на нивните Уверенија.
Поради тоа,апелираме до сите компании,доколку Вашиот досегашен сметководител ги исполнува горенаведените услови за работа,а Вие сте задоволни од неговиот досегашен ангажман,нема потреба да го менувате истиот поради зголемената цена на услугите,бидејки сите овластени сметководствени бироа на територијата на Битола,ќе работат под еден унифициран Ценовник за сметководствени услуги,прифатен и потпишан од секое сметководствено Биро поединечно.
Битола,18,01,2013
Дали можеш да го прикачиш вашиот унифициран Ценовник и по што се водевте кога го составувавте ценовникот? Треба ептен да е опширен, т.е. детален за да се опфати се. Неможеш сите дооел да ги генерализираш нели, или тп. За некој ТП има повеќе работа на пример него ли за некој ДОО, или пак 2 вработени може ти дадат 100 фактури и да прават поголем обрт и да се ддв обврзници за разлика од фирма со на пр 20 вработени што произведува сезонски или продава сезонски. Значи ако е детализиран зашто да не се прифати од сите страни, ама искрено, мноогу тешко. Во ваква ситуација каква е сега Македонија и фирмите како живуркаат, а тоа се 50% од вкупниот број. Незнам дали знаете за предлогот ако се зголемат цените, т.е. по ваше, унифициран Ценовник да се плаќа 2% од вкупниот годишен приход на државата, тогаш дали би ви одговарала истата одлука за Ценовникот? Ние сме во услужна дејност, ама не сме нотари и адвокати кај кои си има ценовници, ама кај нив дали јас или ти ќе дојдеш сеедно им е, они ти наплаќаат по документ, ако е заверка на твој или мој потпис 150 ден беше мислам. А Ценовникот по број на фактури да не го определивте, па да се мисли обврзникот дали ти ја достави или да се погоди да си плати на црно? Ако е ддв обврзник во ред, ама доста им се давачките за ддв и ДД па уште и сметководителот кај кого оди спас да бара. Незнам, факт е дека законот е доста битен и си треба време да си се искажеме што мислиме и како работиме. Прво тетките што работат од по дома да си се средат со уверенија и да си одлучат дали да работат во државно или да си отворат фирма за сметков. услуги, па после ценовници и слично. Првин треба да се групираме, организираме во подружници, да видиме како ќе се полага, кога, на колку време ќе има обуки, кој ќе предава, да се докажуваме, да одиме напред, а парите ќе си дојдат и ќе можеме да донесуваме одлуки за цени откако ќе знаеме колку ќе е трајната лиценца на пр, котизациите за обуките,семинарите,полагањата и сл. Тоа ка и да е ќе го објават, се крчка. Ценовникот не е најбитното, но не велам дека не е ни битен. Секој си го цени својот труд, ама сега сите ќе сме исти со лиценците. Ако поставувате Ценовник, па земете предлог од другите градови што си прават по 20 фирми на биро, е тогаш па, ќе имаме недостаток на овластени сметководители а цените покачени, а 2% од приходите ако плаќаме, ако сакаш плус 20 фирми да вработиш плус уште сметководители со уверенија, а тие ќе си бараат и поголема плата многу јасно, ако е дефицит. Што ќе ни се случи сами ќе си го скроиме тоа, само да не биде оф леле малку алчни бевме па одма за џебот не требаше да удриме. Да не го прифативте ценовникот на одредена (не сакам да именувам) консалтинг куќа која за најобично сметководство предлага 6000 ден. Да не е многу за дуќанчето спроти а? Според нив не е, или за пријави одјави по 300 ден? За оглас 100ден? Да не се преценуваме малку? Па управителот додека да дојде до кај тебе у старт треба да има иљадарка. Затоа пополека, 10 години се чекаше за законот па добро и што се донесе, па кај толку брзање за ценовници во сред криза? Не напаѓам, само сакам да се размислува поопширно. Објавување ценовник на форум според мене е непрофесионално, јес да ќе бидеш прочитан од твоето копи пасте, ама предложи на некоја комора, барем нив ги има многу, нека те туркаат и од таму, па и другите колеги ќе те подржат, изменат, сугерираат и сл. Ништо лично дека се обраќам на ти, така доаѓа муабетот. А најубаво е сите овие работи да се остават од 1 март, ем сите ќе сме порасположени, наспиени, времето ќе е поубаво, сите позитивни за нови промени после завршните сметки
) Поздрав и со среќа нека ни е законот, само на добро нека оди и професијата сметководител да се почитува како останатите.
--- надополнето: 29 јануари 2013 во 02:50 ---
Me interesira sto e forava so 2.000 evra da se uplati vo institut za smetkovodstvo na godishno nivo...tie pari ostanuvaat kaj niv,gi vrakjaat? Aj objasnete mi ... ne sum dobro upaten
Кај го прочита тоа? Има официјално напишано или муабети?
--- надополнето: 29 јануари 2013 во 02:51 ---
Има ли некој сметководител што користи Е-даноци? Ми треба консултација.
Заврши работа или уште ти треба помош?