Албанија: три братчиња никогаш не излегле од дома зашто се фатени во вителот на крвната одмазда

K

King_Stone

Гостин
Христијаните немаат крвна одмазда, барем јас не сум видела ниту еден податок..
Да те потсетам,го има и кај нас тоа ама не е толку изразено.Пред две години го убија еден старец од село Ореше,заради одмазда после многу години.Тие двајцата убијци беа дојдени од Америка,сега ги судат во Велешкиот затвор
 
H

HITCH

Гостин
Ти немаш поим за што што зборувам, ама обожаваш да ми реплицираш. Извини што немам да ти залепам две чрвени за трудот.

Сакаш да ми кажеш дека и кај Македонците има крвна одмазда?! :pos:
 
K

King_Stone

Гостин
Ти немаш поим за што што зборувам, ама обожаваш да ми реплицираш. Извини што немам да ти залепам две чрвени за трудот.

Сакаш да ми кажеш дека и кај Македонците има крвна одмазда?! :pos:
Па ете,ти дадов пример со случајов,тоа го пишува и во полицискиот извештај
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Znam , no toa nema vrska so religijata ima so albanskiot kod http://en.wikipedia.org/wiki/Lekë_Dukagjini
точно
--- надополнето: 27 јануари 2013 во 23:43 ---
Да те потсетам,го има и кај нас тоа ама не е толку изразено.Пред две години го убија еден старец од село Ореше,заради одмазда после многу години.Тие двајцата убијци беа дојдени од Америка,сега ги судат во Велешкиот затвор
абе тоа е 1 забеган случај
кај овие има 5700 за 20 години
во просек годишно иде по 285
1:5700 и викаш има кај нас
остави тој 1 психопати некои
овие им е чест да го прават тоа
 
K

King_Stone

Гостин
точно
--- надополнето: 27 јануари 2013 во 23:43 ---

абе тоа е 1 забеган случај
кај овие има 5700 за 20 години
во просек годишно иде по 285
1:5700 и викаш има кај нас
остави тој 1 психопати некои
овие им е чест да го прават тоа
Кај нив тоа е закон,ама тоа важи за сите Албанци,и католици,православни и муслимани
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Кај нив тоа е закон,ама тоа важи за сите Албанци,и католици,православни и муслимани
да де
ти одговори генти дека нема врска со религијата
во право е човекот
има со кодот или генот како и да е
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
.....чисто за информација...крвната одмазда е сеуште актуелна во Франција (Корзика), Италија (Сардинија, Сицилија и јужниот дел на Италија), Ирска (Даблин).....итн итн итн....

така да племиња и племенски менталитет има сегде...само треба да расчистите со предрасудите за да видите....но за жал се научивме по се што е балканско да плукаме, а се што доаѓа од ЕУ или ББК да го возвишуваме

кога се убиваат во Албанија...тоа е племе, заостанати, затупени и слично....а кога се убиваат на Сицилија или Корзика тоа е префинет чин на елоквентни господа

се додека стегаме сеир кога мечката игра кај комшијата и подготвени сме да ги жртвуваме сопствените кози само комшијата да остане без кози....ќе остамеме чмарот на светот....наместо да бидеме папокот...како што милуваме да кажеме
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Христијаните немаат крвна одмазда, барем јас не сум видела ниту еден податок..
Католиците не се христијани?
Иначе да - религијата нема врска со крвната одмазда.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.881
Албанија: три братчиња никогаш не излегле од дома зашто се фатени во вителот на крвната одмазда
Ова нема врска со Канунот , Канунот забранува убиство на деца и жени , они можат слободно да излезат надвор.

Денешните албанци само мислат дека се придржуваат на Канунот.

Канунот постоел меѓу албанците стотина година , највише за Канунот се знае од времето на Лек Дукаѓини (пред 550 години). - (иако постоел и порано).

Канунот за тоа време бил тоа што сега е Уставот и законите , паралелни закони од Отоманските или останатите странски.

Се пренесувал усно од генерации на генерации , а во 1910-1925 од отецот Штјефан Ѓечови бил собран и печатен.

Се прави една грешка на форум , некои мислат дека Канунот е измислен од албанците муслимани , тоа е грешка , имам објаснето и во друга прилика , и Лек Дукаѓини и Штјефан Ѓечови биле христијани.

Во Канунот на Лек Дукаѓини на пример се објаснува и за правењето на свадба , колку месо и ракија треба да има , број на гости , што треба да се однесе за поклон , кој каде треба да седне , многу детаљи.

Канунот на Дукаѓини има 12 книги со 1200 члена.

Првата книга е наречена ЦРКВАТА

Во неа се кажува за имотот на црквата , свештениците , верниците.
Се покажува голема почит према црквата/парохијата и свештениците, и големи казни за пректшителите кон црквата.
Оној кој го убива свештеникот , ќе му се запали куќата , земјата ќе му остане пуста , дрвјата и лозјата му се сечат и рушат. Земјата му останува на црквата , но неговите браќа можат да ги вратат со пари.

Втората книга се вика: СЕМЕЈСТВОТО:

Овде се овјаснува што се разбира под семејство , кој се членовите на семејството.
Се објаснува дека со куќата ’’управува’’ најстариот член на семејството.
Се кажуваат и обврските кои ги има тој. (да наредува со помладите , да ги натера да работат , но тој да пријде прв на работата , да има ист однос кон сите деца , да им купува оружје на синовите кога ќе види дека е дојдено време , а кога ќе грешат да ги казни со одзимање на оружјето за одреден период , да ги остави без јадење , да ги затвори дома.
Неговата жена има обврски за сите домашни работи , да бара и дава на заем брашно , леб , сирење .... Да ги прати невестите за донесување вода , дрвја , однесување на лебот за работниците и во земјоделски работи.
Треба да пази за децата додека невестите се на работа , да пази за добитокот , но не смее да носи дрвја , вода , леб за работниците...

Членовите на семејството: не смеат да бидат нечии работници без дозвола од главата на ќуќата , треба да слушаат и да одат секаде каде им наредува главата на куќата.

Итн.

Куќата , работите/стварите/добитокот и имотот

’’Кршењето’’ на куќа има казна од 500 гроша , и 2:1 за главата на куќата (надомест на штетата дупло).

Не му се влегува никому во дом без да викнеш од дворот.
Викај , ако не ти одговори никој , седи и чекај , или тргни по својата работа (одалечи се).
Ако ја турнеш и отвориш вратата , се рачуна дека куќата е ’’скршена’’ , за тоа има казна од 500 гроша.
Кој ќе му ја ’’скрши’’ куќата некому , има казна од 500 гроша , а за украдени работи 2:1 (надоместок).
Ако ја кршиш оградата на дворот , нивата ... 500 гроша казна , и да се среди штетата.

Ако животните прават некоја штета , не одговара овчарот , туку сопственикот на овците.
Има и обврски за овчарот доколку изгуби некое грло животно , му загине , напад од волци

И уште едно 100 и кусур члена од оваа книга.

РАБОТАТА

Овде се мисли земјоделството , ловот , занаетите итн , како и за работниците.
Има над 200 члена.

ДАВАЧКИТЕ

Канунот на планитите не познава Камата.
Канунот познава прост заем : Колку ти дадов , толку ми враќаш.
Може да се земе залог , доколку имаме сомневање за ’’неверство’’ за дадениот заем.
Доколку не се врати заемот на предвидениот рок , заемодавачот може да го продаде залогот. Се што му излегува вишок треба да го врати назад.

ЗБОРОТ

Тој што шири лоши зборови еднаш за едниот потоа за другиот, Канунот го нарекува Лош Слуга. Нити го вика некој да работи , нити му дава некој плата.
Зборовите на прелошите , Канунот не ги зема предвид.

Заклетвата е особина на верникот , со допирање на еден верски симбол , и со спомнување на името на Господ за сведочење на вистината.

Има заклетва над : камен* , крст и евангелие.

За лажна заклетва предвидени се строги казни.


ЧЕСТА

Одземената чест казна нема (парична) , одземената чест никогаш не се простува.

Одземената чест не се надоместува со ништо , туку со крвопролевање или со благородно простување.

Одземање на чест е:
-да му речеш некому дека лаже , во присутство на мажите во собрание (собрани мажи)
-да го плукнеш , турнеш или удриш
-да му ја ’’кршиш’’ Бесата
-да му ја силуваш жената
-да му го одземаш оружјето
-да почнеш да јадеш пред да почне да јаде гостинот.

1.Куќата на албанецот е на Господ и на пријателот/гостинот.
2. Пријателот/гостинот не смее да влезе во домот без да викне од двор.
3.Кога ќе викне гостинот , домаќинот излегува и го пречекува.
4.Се поздравува , му го зема оружјето и го носи дома.
5.Оружето му го остава на глава од собата.
6. Се пали оганот, и се бараат дрвја : Пријателот бара дрвја.
7.На гостинот му се прави пречек со : Леб , сол и срце.
8. На гостинот му се мијат нозете.
9.За добар пријател треба цигаре(тутун) , благо кафе , ракија , леб и месо.

Уште стотина други правила за пречек на гости , за честа и губењето на честа.

ШТЕТИТЕ

Штетата има цена , но не пушка.

Ако се фати жена како краде дрвја на планина , не се допира со рака , туку и се одземаат дрваја и алатките.

Секоја штета се надоместува , дали е тоа нива , бавча или лозје.
Ако добитокот/животното (освен свињата) направи некоја штета , тие не се убиваат , туку се пресметува направената штета.
Ако најдеш добиток на твоја нива , го носиш кај сопственикот и му кажуваш дека има штета и да дојде да ја види. Или пак животното се носи во својот дом се додека не се надомести штетата.
Свињата ако ја најдеш како прави штета , убиј ја. Штетата е на сопственикот на свињата , убиецот не одговара.

Канунот против наопакоста :)) , не знам да преведам)

Овде се зборува за крадењето , плачката , лажното ветување , заседата , сторителот на убиство

Сторителот на убиство , треба да ги извести семејството на убиениот дека тој го сторил делото , ако може , телото на убиениот он треба да го однесе до куќата или да прати некој друг.
Убиецот не смее да го земе оружјето на убиениот , доколку го стори овој срам , тој должи два ’’крва’’.
Убиецот на сопствениот родител се одалечува од селото и роднините.

Беса: е давање на слобода и гаранција од страна на семејството на убиениот кон семејството на убиецот дека нема да ги следат.
Да пратиш луѓе за добивање на Беса е Канун , да даваш Беса е обврска и машкост.

Крвта: цената на човечкиот живот е една , како за добриот така и за лошиот.

Според стариот Канун на Планините на Албанија , само сторителот паѓаше во крв. Подоцнежниот Канун ги вклучува и другите машки роднини во крв.

Крвта со крв , казната со казна.

Кога ќе се помират две семејства за крв , се става крст на врата на убиецот , крстот ќе го извади домаќинот на убиениот и ќе се фрли над кровот од куќата.

Откако ќе се смират куќата на убиецот и на убиениот , се собираат , земаат две чаши , ги полнат со ракија или вода , и на нив се додава по една капка крв од различните фамилии , потоа крстејќи ги рацете двајца ги пијат чашите со крвта на другата фамилија , се пука со пушка , и тоа значи дека се збратимени како од една мајка и татко.

Канунот на староста ( старост значи во овој случај судење , тие се луѓе кои одлучуваат за спорови)

Овде се објаснува кој може да биде старец (во наш случај судија) , како се прави сето тоа итн

Ослободувања и исклучоци

Црквата според Канунот е исклучена од казнување.
Свештениците се исклучени од војската.
Ако убие свештеникот некого, он не се гони за Крв , ниту пак гони некого за Крвта на родителите.

Сиромашните , син единец , исклучен е од војска.

Жената нема право да учествува на собрание , нема право на наследство ни кај таткото ни кај мажот , не се гони за Крв.
Овде се објаснува и за тоа како се врши погребувањето и сите процедури после смрта на некој човек.


На ова не знам ниеден албанец кој се придржува.
 

baksterski

Националист тип 500
Член од
22 февруари 2010
Мислења
431
Поени од реакции
277
Ма тоа се е српско масло :)
 

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
Болна работа.
Добро бе, што сме грешеле толку многу, та сите ,,соседи,, такви психопати да ни се паднат?
Кешки сите болесници од околу нека се расчистат меѓу себе :D
 
H

HITCH

Гостин
Католиците не се христијани?
Иначе да - религијата нема врска со крвната одмазда.
Кој спомна православни или католици? Реков Христијани! И не реков дека е верски поврзана, туку дека крвната одмазда ја има само кај Албанците муслимани.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.620
Поени од реакции
5.259
колку сте изопачени ни јас не можам да замислам.......
И во ова гледате мотив за навреди, се убедив, ви нема спас, омразата веќе е дел од вашиот менталитет.......
Едноставно се радувате ако нешто лошо се случува кај западниот сосед, и веднаш се изживувате меѓу себе.........
Алал да ви е.....
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Кој спомна православни или католици? Реков Христијани! И не реков дека е верски поврзана, туку дека крвната одмазда ја има само кај Албанците муслимани.
Епа грешиш. Ја има и кај Албанците католици. Рече дека ја нема кај христијаните. Католиците се христијани.
Крвната одмазда не е поврзана со религијата, ни ислам, ни христијанство.
--- надополнето: 28 јануари 2013 во 16:08 ---
Кешки сите болесници од околу нека се расчистат меѓу себе :D
Ние сме им тампон зона :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom