Фан клуб: Новак Ѓоковиќ

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.334
Поени од реакции
46.989
Во моменти на радост и среќа за 6-тата титула, и во моменти кога треба да се прославува, јас забележав еден податок, неповрзан со титулата :D

Зошто цела екипа на Ноле носи Серџо Тачини, а не Уникло? :D :D
Така е цело време, уште кога прв пат го смени Ноле спонзорот овие останаа со СТ. Нејсе, слем му е ова со Уникло, го разби малерот, зашто по Австралија лани прејде кај нив и изгуби 2 финалиња и едно полуфинале.
 

Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
Така е цело време, уште кога прв пат го смени Ноле спонзорот овие останаа со СТ. Нејсе, слем му е ова со Уникло, го разби малерот, зашто по Австралија лани прејде кај нив и изгуби 2 финалиња и едно полуфинале.
Оти Ноле прво беше со Адидас, потоа Тачини, па сега Уникло... Патиките никако не ги менува, му останаа Адидас... Рекетот му беше Јонекс, сега му е Хед... :)

И секогаш неговиот тим е менувал опрема зависно од Ноле, сега гледам останале со Тачини, па ми падна чудно :)
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
1.544
Поени од реакции
770
Оти Ноле прво беше со Адидас, потоа Тачини, па сега Уникло... Патиките никако не ги менува, му останаа Адидас... Рекетот му беше Јонекс, сега му е Хед... :)
Вилсон
 
Член од
28 јануари 2012
Мислења
4.502
Поени од реакции
8.715
ЃОКОВИЌ: ЌЕ ДОЈДАМ ВО МАКЕДОНИЈА ДА ЈА ЗАПЕЕМЕ “ЗАЈДИ, ЗАЈДИ”

На прес-конференцијата по убедливите 3:0 во сетови на популарниот Ноле над Оливие Рохус, светскиот рекет број еден одговараше и на прашања на дописникот на МИА од Брисел.

Сакам да ја посетам Македонија и да се сретнам со моите поддржувачи во оваа земја. За жал, згуснатиот распоред на светските турнири ме оневозможува во тоа. Но, сигурно ќе дојдам наскоро, а можно е тоа да го сториме со репрезентацијата на Србија, зошто да не?

Ова е пораката што синоќа од Шарлроа, Белгија, ја испрати најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ. Во рамки на 16. финалето од Дејвис купот, селекцијата на Србија гостува во Кралството, каде веќе по првиот ден води со 2:0, по брилијантната победа на Ѓоковиќ, но и триумфот на неговиот колега Троицки.

- Следам на социјалните мрежи дека имам голем број на поддржувачи од Македонија, за што неизмерно им благодарам, гласи одговорот на српската ѕвезда на прашањето дали знае дека е ултрапопуларен и во нашата земја.

А, запрашан дали познава некого од активните македонски тенисери, Ноле крева раменици:

- За жал, во моментов не знам кои се македонски тенисери – искрен е Ѓоковиќ. „Ги знаеме Шевченко и Китинов! Тоа беа извонредни тенисери со кои јас имам играно”, дофрла селекторот на српската репрезентација Богдан Обрадовиќ, кој присуствуваше заедно со својата ѕвезда на синоќешната прес-конференција.

Тогаш за момент се натажи ликот на најдобриот тенисер на денешницата, иако атмосферата беше весела во собата за новинарите во спортскиот центар “Спиридом” во Шарлроа.

- Затоа го знам и најповеќе го ценам Тоше Проески!, отсече Ѓоковиќ, со што стана јасно зошто ведриот и насмеан лик одеднаш го загуби сјајот.

- Тоа што Тоше го направи е историско. Тој е легенда, која за жал не е повеќе меѓу нас, но неговите песни траат, неговата музика масовно се слуша. Тоше е фантастичен, отвори душа светскиот рекет број еден со што измами воздишки кај присутните новинари од Словенија, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија.

Пред крајот на прес-конференцијата, популарниот Ноле посака да испрати порака до Македонија.

- На македонскиот народ му посакувам се најдобро и се надевам дека ќе се видиме, да се дружиме и да ја запееме „Зајди, зајди”!, се обврза Ѓоковиќ на средба со македонските фанови, а и дека ќе ги удостои со македонска песна, што неретко го прави при прославите на своите победи.

Како што е познато, Новак Ѓоковиќ три години доминира во светот на тенисот, запоседнувајќи го првото место на светската АТП листа. Во својата кариера, тој има освоено шест гренд-слем титули и триумфирал на 28. АТП-турнири.

За свој најголем успех, тој сепак го посочува триумфот во Дејвис купот во 2010 година, кога репрезентацијата на Србија стана светски шампион. Овој успех, Ноле најавува дека ќе го повтори со националниот тим и годинава, а по популарната “салатара” тргна со триумфот во Белгија, која се очекува да биде заокружен денеска и утре.

Ѓоковиќ е и тенисер со најголема заработка од турнири и досега во својата кариера има заработено нешто помалку од 50 милиони долари (48.246.016 долари), додека од спонзорства се претпоставува дека инкасирал двојно повеќе “зелени банкноти”.

п.с: доколку можеме да најдеме видео запис од оваа пресконференција секако дека ќе го објавиме.
ИЗВОР
 
Член од
28 јануари 2012
Мислења
4.502
Поени од реакции
8.715
Момци ај ако не ви претставува терет !

Ве замолуваме да гласате за еден наш фан за Ноле да му одговори на прашањето во врска со Македонија :)
Прашањето гласи: "Cao Novace. Veliki pozdrav od tvojih fanova iz Makedonije. Nadamo da ces uskoro doci da nas posetis. Da li si probao neku Makedonsku hranu?"

Линк: https://www.facebook.com/djokovic.official/app_144072085720985

Најпрво одете на Vote, па лево ја одбирате категоријата "Other" (каде прашањето е моментално на 5-то место) и гласате за прашањето поставено од Богдан Дичевски.

Да потсетиме, само оние прашања кои ќе добијат најмногу гласови Ноле ќе ги одговори. Па да помогнеме сите заедно :)
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.994
Поени од реакции
16.438
Ауу кој пад на играта на Новак во вториот сет, наместо да си го завршеше мечот за брзо, тој мораше да се вади во тај брејк.
Немаше потреба од овакво опуштање.
Утре против Сепи, нема да биде баш така лесно како денеска во првиот сет, но се очекува победа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom