Грбовите на Македонија - Македонска Хералдика!

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Знам дека ќе ви ја прекршам расправијата, но сепак да ви го прикажам следново...

Првото знаме на Македонските партизани и за раната (по воена) Македонија, додека не се прошири интернетот, многу ретко кој го познаваше.
Зборувам за следното знаме:



Кое подоцна е заменето со нам веќе познатото знаме на СР Македонија, односно знамето со правоаголна (не заоблена) петокрака во горниот лев агол.

Како и да е, колку да сме биле неуки и да сме го заборавиле првото Македонско знаме на слободна Македонија, сепак некој се сеќавал и своето сеќавање го овековил во споменикот на паднатите борци во Гевгелија (се наоѓа веднаш до градската библиотека).

Еве дел од споменикот и веднаш се гледа какво знаме вее партизанот.



Знам дека е стилистичка интерпретација на авторот и може не претставува тоа што ние денес го гледаме, сепак убаво е да се знае дека некој се сеќавал и го запазил тоа знаме.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Сепак во двата случаи, сонцето е со осум краци од кои сите се гледаат.

На грбот имаме сонце со одреден број зраци од кои 8 се видливи. Битно е колку се видливи а уште побитно е колку зраци во целост има сонцето. Не е исто дали 8 се гледаат од 8, или од 16, или од 32 или од 38. Сепак целокупниот број на зраци го дефинира видот на сонцето, односно неговиот изглед.
Прекршувањето на грбот кое го претстави нема никаква врска со целосниот изглед на сонцето, бидејќи грбот не е еднодимензионален.

Прикажана е половината од сонцето, која има осум краци, затоа нема сомнеж колку краци има или би требало да има другата половина, за да биде складна со првата.
 

jonovski

Хералд
Член од
24 јуни 2009
Мислења
127
Поени од реакции
150
Би сакал да искоментирам неколку работи околу сонцето од хералдичка страна.

Сонцето може да се јави во четири основни форми, без краци (Јапонија), со дивергенти краци, најчесто одвоени од дискот (Тајван) со конвергентни краци (Аризона), и хералдичко, со прави и брановидни краци (Аргентина). Битен е, секако и бројот на краците.

Сонцето во Македонија е присутно на многу престави, почнувајќи со 8, 10, 12, 14, 16, но и во многу други непарни престави каде бројот на краците зависел од уметникот колку имал место да стави. Сепак овој вид на сонце почнува од 8 краци, додека тие со помалку веќе се од друг вид.

Тезата дека и на грбот имало сонце со 16 краци како симбол на Македонија е сосем неточно. Како прво, сонцето се јавува во позадината на најголемиот број социјалистички грбови, како симбол на новото опшество. Дури и во официјалниот блазон на грбот, сонцето е на најпоследното место.

Што се однесува до бројот на краците, сонцето на првиот грб на НР Македонија има 38 краци, а она второто (сегашното) има 17 краци! И двете се од типот на дивергентни сонце.
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Знам дека ќе ви ја прекршам расправијата, но сепак да ви го прикажам следново...

Првото знаме на Македонските партизани и за раната (по воена) Македонија, додека не се прошири интернетот, многу ретко кој го познаваше.
Зборувам за следното знаме:

Речиси идентично - знаме на баталјонот Гоце (формиран на 2 август 1944 година)
 

jonovski

Хералд
Член од
24 јуни 2009
Мислења
127
Поени од реакции
150
Доколку има некој на форумот што посериозно се занимава со оваа тематика може да се обиде и нешто да публикува. Ви го испраќам повикот на :

Македонско Хералдичко Здружение
Повик за поднесување статии за следниот број на Македонски Хералд, бр.6.
Во пресрет на Меѓународниот конгрес по Хералдика, Мастрихт, септември 2012. за кога е планиран и следниот број на Македонски Хералд, бр.6. МХЗ ги повикува сите заинтересирани, да поднесат статии од областа на хералдика, вексилологија, генеологија, фалеристика, семиотика и амблематика.

Ве молам вашата заинтересираност да ја најавите до 31 март. Доколку апстрактот е одобрен, текстовите треба да бидат готови до 15 мај. Текстовите треба да бидат доставени на македонски и англиски јазик (текстовите на англиски јазик ќе бидат доработени, така да е потребен основен превод).

За тексотвите не следува хонорар.

.....
Доколку администраторот смета дека овој пост не е соодветен, слободно може да го избрише.
 
Член од
7 март 2011
Мислења
93
Поени од реакции
125
Јас сакав да пратам апстракт на мејлот, но има некој проблем, ова ми стигна во инбокс:

This message was created automatically by mail delivery software.
A message that you sent could not be delivered to one or more of its
recipients. This is a permanent error. The following address(es) failed:
heraldry@mol.com.mk
(ultimately generated from info@heraldika.org.mk)
 
Член од
12 септември 2009
Мислења
71
Поени од реакции
5
Поздрав до сите!

Отворен е официјалниот форум на Македонското Хералдичко Здружение. Кој го интересира хералдика, вексилологија, амблематика, добредојден е да се зачлени.

http://www.heraldika.org.mk/forum

На форумот преферираме освен задолжителниот nickname, да го користиме и нашето вистинско име и презиме, бидејќи тоа е практика во FOTW (Flags of the World), и слични мејлинг листи и форуми. Како аватари би ги користеле нашите лични грбови (ако ги имаме). Тие што немаат регистрирано грб во регистарот на МХЗ нема да имаат право на аватар.

Целта е да привлечеме што повеќе членови во МХЗ, но можете и да бидете обичен повремен форумски член.
 
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
А да си почнеме ние со време еден спор со Татарите за грбот,па да ни лупнат уште едно вето,навикнати сме веќе :tv:
Они за уметничко дело се фатија (филм) бидејќи толку им сече.

Он топик: Дали се работи за Македонскиот грб подолу? Се работи а унгарскиот Крал Сигисмунд кон крајот на 14. век. Баш ќе биде добро ако некој стручно образложи...

 
Член од
9 март 2007
Мислења
1.263
Поени од реакции
220
Они за уметничко дело се фатија (филм) бидејќи толку им сече.
Он топик: Дали се работи за Македонскиот грб подолу? Се работи а унгарскиот Крал Сигисмунд кон крајот на 14. век. Баш ќе биде добро ако некој стручно образложи...
Бохемиjа
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Многу веројатно.


Еве следни прикази на македонскиот грб со Александар и Лавот:



Jérôme de Bara
http://books.google.rs/books?id=4AhJ...nail&q&f=false




VII. Faicts and conquests of Alexander John Wauquelin Arrival of Alexander to Jerusalem. Willem Vrelant before 1467, paint on parchment. Paris, Petit Palais, ms Dutuit 456, f. 140V.



Von Peter Kaltehoff in der Augsburger Weberstube 1457





Tomb of Robert Curthose, eldest son of William the Bastard, c. 1054 – 3 February 1134. The effigy, carved from bog oak, dates from around 100 years after his death, and the mortuary chest even later. The chest is decorated with the attributed arms of the Nine Worthies (with Joshua being replaced by those of Edward the Confessor). The use of France Modern dates the decoration to after 1376.




Guyart des Moulins, La Bible Historiale, part 4 (Bible Historiale of Edward IV)
Netherlands, S. (Bruges); 1470 and c. 1479


Description: Detail of a miniature of the capture of the family of king Darius by Alexander the Great.
Origin: Netherlands, S. (Bruges)
Attribution: Master of the Harley Froissart



Еден нов македонски грб претставува приказот на Јарецот, кој може да се поврзе со најраниот симбол кој го користел првиот македонски крал Каран:


Hugh Clark, Thomas Wormull H. Washbourne, 1854 Page 2


--- надополнето: 25 јануари 2013 во 11:32 ---

--- надополнето: 25 јануари 2013 во 13:16 ---
http://www.biblepicturegallery.com/p...85%20%20la.htm



Goat

Goat as the symbol of the Macedonians - cf Dan.8.5. This picture, from a pillar at Persepolis, shows a Persian leading a goat, sybolising Persia subjugating Macedonia. Macedonia finally conquered Persia under Alexander the Great.
--- надополнето: 25 јануари 2013 во 13:18 ---

Faicts et conquestes d’Alexandre de Jean Wauquelin Enfermement de Gog et Magog. c. 1448-1450, Paris, Bibliothèque nationale de France, ms Fr. 9342, f. 131v.


XIII. Faicts and conquests of Alexander John Wauquelin: Battle between Macedonians and Illirians, Don Forest Carbonnière to Liroppe (foreground, left). Master of the Alexander Wauquelin and employees to 1448-1450, painting on parchment. Paris, Bibliothèque nationale de France, ms Fr 9342, f. 127. CTHS.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587


Земскиот грб од 1620 година е идеално решение за македонски државен грб. Би можел само малку да се корегира или стилизира.
Потполно се сложувам.

А еве го грбот на Македонија во зборникот "Insignia Procerum Bosnae, Croatiae, Illyriae, &c - Quorum Alter Liber Unicus Asservatur Penes - Ragusii Rempublicam", 16-17 век.


 

jonovski

Хералд
Член од
24 јуни 2009
Мислења
127
Поени од реакции
150
Дали некој ја забележува разликата помеѓу двава грба?
1. Опашката на лавот
2. Позицијата на круната

Строго хералдички, станува збор за два различни грба!
--- надополнето: 10 март 2013 во 08:41 ---
Грбот со козата како грб на Македонија се јавува во неколку извори, како говорен грб поврзан со Ајга, столицата на Македонија.

Еве и еден пример од понов датум: грбот* на кнезот Алчибиад I (Диаманди) Кнезот на Кнежеството Пинд (1941-1942), Козата се наоѓа во второто поле.
(* реконструкција на Јоновски според нецелосниот блазон, имено недостасуваат боите на полињата.)
vlaski princ.gif
ова требаше да биде одговор на друг пост ама формунот ми ги спои во еден пост.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Незнаев каде да го искажам бесот после читањето на долниот текс. Ај што имаме ретардирани политички партии ама и до толку да е ретардирана новинарката (читај го болдот). И јас колку што знам во македонскта Лингвистика се употребува СОНЦЕТО ОД КУТЛЕШ а не вергина. Па до толку да се нема национална свест и образование.

Со закон ќе се гасне сонцето од Вергина при јавна употреба?


Маја Васева

Сподели со твоите пријатели!

Пратеникот и лидер на Либерална партија, Ивон Величковски, достави предлог закон до Собранието со кој се забранува употребата на симболот Сонце од Вергина за државни цели. Со законот треба да се ограничат државните институции да го употребуваат овој симбол и да се забрани негово користење од партиите, во манифестациите организирани под државна управа, како и од поединци. Секоја употреба според законот, соодветно ќе се санкционира од надлежините органи. Забраната за користење на сонцето од Вергина е регулирана и со Привремената спогодба потпишана меѓу Република Македонија и Република Грција во 1995 година, но до сега соодветно не се применуваше затоа што сонцето е присутно на институции, на натпревари, на спортските сали изградени изминативе години, а знамето со овој симбол се вее често на прославите на државните празници како и на митинзите на одредени политички партии, објасни тој.

Величковски вели дека со овој закон ќе се постигне унапредување во добрососедските односи меѓу двете земји и ќе се направи позитивен исчекор и отстапка од страна на Македонија.

- На овој начин Македонија ќе докаже дека не ги изигрува, туку дека ги почитува меѓународните договори. Бидејќи сме во фаза на решавање на спорот со Грција, овој импулс може да ја засили позицијата на Македонија и да помогне во постигнувањето на посакуваното решение – вели Величковски.

Тој додава дека актитите од Привремената спогодба на кои се обврзала Македонија треба да се почитуваат и од таа причина очекува поддршка од другите партии. Според него, за постигнување компромис со Грција, потребно е да се тргнат на страна идентитетските прашања и Македонија да се држи до потпишаните меѓународни решенија.

Употребата на симболот треба да се забрани во кабинетот на претседателот, во канцелариите на функционерите, на јавните манифестации организирани од државните институции или од политичките партии, во документите на централната или локалната власт, во трговските друштва, воспитно-образовните установи, верските и религиозните групи, невладините организации, здравствените установи и во медиумите.

Предлогот на Величковски доби поддршка од Националната демократска преродба. Пратеникот Наџи Џелили рече дека со гестот ќе се елиминира една од пречките на патот кон ЕУ.

- Крајно време беше некој во државава да ѝ предочи на оваа Влада што не смее да употребува. Со овој закон ќе се подобрат тешките пореметени односи со Грција, но и со другите соседи. Се надевам предлогот ќе наиде на поддршка кај другите политички субјект – рече Џелили.

Сонцето од Вергина, Вергинската ѕвезда или Македонска ѕвезда, е антички грчки симбол кој потекнува од шестиот и седмиот век пред нашата ера. Доаѓа во центарот на вниманието во седумдесетите кога е откриен на златна плоча во малиот град Вергина во северна Грција. Од тогаш е предмет на политички кофликт меѓу Грција, Кипар и Македонија. Македонија го користи на знамето од 1991 до 1995 година, кога по реакциите од Грција одлучува да го смени.
http://www.plusinfo.mk/vest/112795/So-zakon-kje-se-gasne-sonceto-od-Vergina-pri-javna-upotreba
 

Kajgana Shop

На врв Bottom