Предлог-измени во Законот за високо образование

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Во прилог малку подоле, следува статија за точките кои се наоѓаат во предлог-измените во Законот за високо образование.
Според некои, со овие дополнувања директно се задира во автономијата на факултетите, но според други, време е за коренити промени во високиот образовен систем.
Со оглед дека голем дел од членовите се или тазе дипломирани, во процес на студирање или допрва ќе се запишуваат, сметам дека би можело да се развие интересна дискусија по однос на ова, со оглед на тоа дека сепак се работи за студентските интереси.

СТРОГА КОНТРОЛА НА ДРЖАВАТА ВРЗ УНИВЕРЗИТЕТТЕ СО НОВИОТ ЗАКОН ЗА ОБРАЗОВАНИЕ

Сите трошоци за студентите - од универзитетскиот буџет

Универзитетот односно факултетот има обврска да склучи најмалку два договора за соработка со универзитет од првите 500 високорангирани универзитети во согласност со Шангајската листа. Секој факултет ќе има обврска да реализира визитинг за три отсто од своите професори годишно на некој од првите 500 рангирани на Шангајската листа. Истовремено, секој универзитет пред почетокот на академската година, ќе мора да ангажира визитинг-професори од првите 500 најдобри универзитети во светот.

Освен тоа, секој универзитет, мора да испрати на студиски престој во странство најмалку 30 студенти годишно. Тие таму ќе треба да поминат најмалку еден, а најмногу три месеци, а трошоците за престој, школарина, осигурување, патни трошоци ќе треба да ги плати универзитетот, односно факултетот.

Во еден од членовите од предлог-законот е предвидено право на бесплатно школување да имаат сите студенти што претходната година ќе ја завршат со просек 9,00. Исто така, новина е што се овозможува еден студент да студира на две или повеќе студиски програми истовремено, на еден или повеќе универзитети.

Првпат државата им нуди помош за вработување на лицата што ќе магистрираат или докторираат на еден од првите 200 рангирани универзитети во светот. Тие лица може да побараат помош од Министерството за образование и наука и деканатот на соодветниот факултет, кои ќе помогнат да го вработат.

Не може секој да е ментор на магистер

Со предложените измени се заоструваат критериумите за професорите што сакаат да им бидат ментори на магистранди и на докторанди. За еден професор да биде ментор мора да има објавено најмалку шест труда во меѓународни списанија со фактор на влијание. Се ограничува и бројот на магистрандите на кои еден професор може да им биде ментор. Така, наместо како сега, кога има случаи на одредени факултети, еден професор да им е ментор на 30 магистранди, отсега оваа бројка се ограничува на максимум 10 за една година.

Се воведува и ново звање, асистент-докторанд. Трошоците за докторските студии треба да му ги плаќа факултетот, а ако за пет години не докторира, му престанува работниот однос.

Национален совет и одбор за доверба

Секој универзитет се обврзува да формира одбор за соработка и за доверба. Во него ќе членуваат лица од бизнис-заедницата, ќе даваат мислења и сугестии за секоја студиска програма. А пак, за политиките на науката, развојот на истражувачката дејност, како стручно советодавно тело на Владата, ќе се формира национален совет за високо образование, наука, иновации и технологија. Овој совет ќе дава насоки за тоа кои се приоритетни области и програми за научно истражување и технолошки развој.

Министерот ќе ја запира работата на факултетите

Ако министерот за образование и наука утврди дека некој универзитет или факултет работи спротивно на Законот за високо образование, ѝ дава рок на институцијата еден месец за да ги исправи незаконитостите. Во тој рок, ако факултетот не ги исправи грешките, министерот носи решение за привремено запирање со работата на институцијата. Пред да го стори тоа, министерот ќе побара мислење од одборот за акредитација и евалуација на високото образование.

Кралев: Ова носи поголеми можности за студентите

Со предложените законски измени се отвораат можности за нашите студенти да студираат на врвните 500 универзитети во светот, вели министерот за образование и наука Панче Кралев.
- Со овозможувањето, наши студенти да одат на студии во странство, ќе се зголеми мобилноста и соработката со светските универзитети. Препораките од ЕУ во делот на образование се во голем дел фокусирани на поголема мобилност. Со ова, на долг рок ќе се овозможи Македонија да ја зголеми својата конкурентност, не само во делот на кадрите што се продуцираат, туку и преку создавање можности за зголемена научноистражувачка работа - вели Кралев.

Казни и до 100.000 евра
Во законските предлог-измени има многу парични казни со кои може да се соочат факултетите и универзитетите, во случај да не ги почитуваат од предложените законски новини. Најголема е казната од 100.000 евра со која може да се соочи еден универзитет, а може да се изрече во случај ако раководството на факултетот или универзитетот одбие да ги даде сите податоци што се потребни кога некоја странска институција врши рангирање на универзитети.
Со парична казна до 7.000 евра се соочува факултетот ако запише поголем број студенти од предвиденото, ако има студиски програми без акредитација, ако не води матична книга на запишани студенти.
ИЗВОР.

И откако ги разгледавте точките, што мислите?
Се согласувате ли со предлозите или не ви се допаѓаат?
Што би поддржале, што не?
Дали сепак би додале уште нешто на овие точки?
Кои се клучни измени кои би требало да се воведат во високото образование во Република Македонија?
 
Бесплатен превоз во ЈСП доволно е.Кога веќе можат средношколците и пензионерите.
И враќање на маркиците,наместо ебавање во банка,каде пак си пред стампедо од пензионери.
 
За да го остварат сето ова ќе треба да ја качат школарината.Сигурно такво нешто се крчка.
 
Бесплатен превоз во ЈСП доволно е.Кога веќе можат средношколците и пензионерите.
И враќање на маркиците,наместо ебавање во банка,каде пак си пред стампедо од пензионери.
Ау ова за маркиците, да!
Значи се дешаваше лани да отидам на факултет оцена да си земам, ама да се погоди у период кога сите уплаќаа рати за година и сега чекам у банкава до факултет 45 минути за една глупава уплатница од 50 денари, а сите пред мене нормално си дошле рата да уплатат и тоа секако многу поспоро оди...
Невидена компликација се деси со тие уплатници, наместо маркици.
 
Тоа најлесно се решава со онлајн систем со плаќање со картици.Плаќаш со картица и на маил ти стигнува бар код кој го лепиш после на пријава.Ама зошто едноставно, кога може комплицирано.
 
Тоа најлесно се решава со онлајн систем со плаќање со картици.Плаќаш со картица и на маил ти стигнува бар код кој го лепиш после на пријава.Ама зошто едноставно, кога може комплицирано.
Ете и тоа е одлична идеја. Ама ете, не мора ни тоа, си ги имаа маркиците, идеш во книжара купуваш колку ти треба и дим да те њама, си вршиш работа...
 
Во еден од членовите од предлог-законот е предвидено право на бесплатно школување да имаат сите студенти што претходната година ќе ја завршат со просек 9,00.

Ова би било голем плус.
 
Измените не се лоши, се гледа дека се оди на пренамена на буџетите на факултетите т.е повеќе пари да се трошат за студентите и увоз/извоз на професори/студенти од странство. Е сега тука ќе дојде до намалување на средствата на факултетите за плати на факултетските функции (декан, продекан итн).
Инаку марките може да се плаќаат преку мобилен со смс порака.
 
За да го остварат сето ова ќе треба да ја качат школарината.Сигурно такво нешто се крчка.
Пред некоја година ги намалија, нема смисла сега да ги качуваат. Мислиш дека немаат пари универзитетиве? :D
Инаку ми се допаѓаат измениве, едино како што рекоа, бесплатен превоз да има супер ќе е :)
 
Ова би било голем плус.

Јас би го направил да биде над просек 8,00 ама само за студентите на дефицитарни професии (читај технички/медицински факултети).
 
Тоа најлесно се решава со онлајн систем со плаќање со картици.Плаќаш со картица и на маил ти стигнува бар код кој го лепиш после на пријава.Ама зошто едноставно, кога може комплицирано.

Постои систем за плаќање на таксени марки преку СМС пораки кој функционира беспрекорно. Штета што повеќето факултети го немаат имплементирано.
 
Некои од предлозите ја загрозуваат автономијата на универзитетите. Тоа создава широки можности во иднина истите уште повеќе да станат орудие или заложник на било која власт, сегашна или идна, независно кој ќе всели во владината зграда и ќе седне на златната шолја.
Други од предлозите, пак, не се воопшто лоши. Како и дали навистина ќе се применуваат, и како сето тоа ќе изгледа во пракса, кои ќе бидат резултатите и последиците, останува да се види.
--- надополнето: 23 јануари 2013 во 19:11 ---
Јас би го направил да биде над просек 8,00 ама само за студентите на дефицитарни професии (читај технички/медицински факултети).

Добра идеја. Сепак, сега критериумите за оценување, поради ЕКТС и неговата примена, се нешто паднати. Може да се изненади човек кој се добива 8,9 и 10. Ете, 8.5 би било уште поприфатливо, па и за дефицитарните . Како што ми кажале, порано за запишување постдипломски се барал овој просек. Па не е лошо пак да биде прифатен.
 
Леле ќе си направам харикири на трн ќе стапнам, напишав пост ми се стисна нешто изгубив се :tapp:

Не ги имам видено сите измени и простудирано но мислам дека две работи мора да се вметнат.

1. Отказ за секој оној професор кој бара од студенти да му купат книга или во спортивно нема да го има на список за полагање или нема да положи.
2. Комбинација на литература од домашен и странски автор онаму каде има можност. Под странски мислам на еминентни и докажани стручни лица во својата област. Со ова студентот добива ем домашна основа но и проширени и актуелни информации во конкретниот материјал.

За повеќе ќе пишам кога ќе разгледам поубаво.
 
Домашната литература АКО ја има. Ние на ветерина дали 5 книги имаме од наши професори...

Он топик, има доста добри предлози,само прашање е пак дали нешто воопшто од напишаново ке излезе и во пракса.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom