Предлог-измени во Законот за високо образование

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Да бе и после ќе дојде ќе ти рече некој имам 9.00 просек, а еден испит преполагал 232392349349 пати за да добие 9ка, па кој не може така да има 9.00 просек. Бог да чува и да брани. Се надевам дека не е вистина.

Toчен е статусот имаше и по веснициве.
Ќе може да се преполагаат до 5 испити, ама само по еднаш.

Не дека не е глупост невидена, ама си оставиле простор да претераат во иднина :)
 
Мора да те корегирам тука.
Прво погрешен цитат имаш, шест труда во меѓународни списанија или еден труд во импакт фактор.
Полесно ќе објават во 10 меѓународните списанија на шемата која што ја кажуваш. Но имапкт фактор списанијата се прилично строги и регулирани. На Запад само нив ги признаваат.

Затоа пак нашиот закон е вака срочен. Бидејќи ако се бараше 1 импакт фактор труд, немаше да има доволно професори за магистерски, а не пак за докторски студии :)
Не е прецизирано колкав импакт фактор, затоа може да објават во Журнал на финска селска медицина кој што има импакт од 0.02 и ете ти публикација.
 
Не е прецизирано колкав импакт фактор, затоа може да објават во Журнал на финска селска медицина кој што има импакт од 0.02 и ете ти публикација.

Епа тоа пробувам да ти кажам. И 0.02 импакт фактор е комплициран. Прво треба минимум 5 години солидна работа на списанието за да добие импакт фактор, после треба секоја година да продолжи со добра работа за да импакт факторот се одржи.

За еден труд да се објави во импакт фактор списание треба да помине 1 до 2 години. Толку е процедурата. Освен во IT и медицина во другите области има многу малку списанија со импакт фактор, посебно во социјалните науки (економија, право, филологија, филозофија, итн.).

Многу професори кај нас во цела своја кариера не стигнале до импакт фактор.

Но суштински џабе е критериумот со импакт фактор. Бидејќи критериумот 6 меѓународни списанија можеш да го реализираш и како студент за 1 година без никаков проблем. Ќе си платиш, ќе те објават во 6 журнали на селска медицина и тоа е тоа.
 
Toчен е статусот имаше и по веснициве.
Ќе може да се преполагаат до 5 испити, ама само по еднаш.

Не дека не е глупост невидена, ама си оставиле простор да претераат во иднина :)

Тогаш за жал ова остава простор за манипулации, нормално за местата каде што е потребно просек, а како редовен студент некој едноставно не бил доволно јак да го постигне истиот, па после од прва замисли 5 испити ќе преполага и сите со 10-ка. Не за џабе поговорката кога се сака се се може.
 
Епа тоа пробувам да ти кажам. И 0.02 импакт фактор е комплициран. Прво треба минимум 5 години солидна работа на списанието за да добие импакт фактор, после треба секоја година да продолжи со добра работа за да импакт факторот се одржи.

За еден труд да се објави во импакт фактор списание треба да помине 1 до 2 години. Толку е процедурата. Освен во IT и медицина во другите области има многу малку списанија со импакт фактор, посебно во социјалните науки (економија, право, филологија, филозофија, итн.).

Многу професори кај нас во цела своја кариера не стигнале до импакт фактор.

Но суштински џабе е критериумот со импакт фактор. Бидејќи критериумот 6 меѓународни списанија можеш да го реализираш и како студент за 1 година без никаков проблем. Ќе си платиш, ќе те објават во 6 журнали на селска медицина и тоа е тоа.
Ни еден саглам журнал нема да ти даде повеќе од 6 месеци од датумот на поднесување, до одлуката дали ќе го објават или ќе го одбијат трудот, најмногу после 2 ревизии. Понекогаш се случува одма да ти го објават, за неколку недели, ако материјалот е ексклузивен.
 
А как се рачунат нештата шо са на Conference Proceedings? Имат ли некаков импакт фактор?
 
А как се рачунат нештата шо са на Conference Proceedings? Имат ли некаков импакт фактор?
Немаат. Ако имаш голем проект што можеш да собереш соработници и го презентираш, евентуално може да собереш доволно материјал за публикација. Ако имаш нешто ептен интересно, не треба да го изнесеш во јавност пред да го објавиш, зошто можат да ти го украдат проектот.
 
Јасно..... Академијата са еден куп педери значи...
 
Баш го листав законов вчера, многу ме интересираше што е во него, зошто еден мој пријател што директно го тангира е видно возбуден и стално гњави за него кога ќе го слушнам. :)
А богами и со право. Мене не ми е јасно како вакви битни работи поминуваат во Македнија со толку мало внимание. Како на никој да не му е гајле, лол. Што е чудно, со оглед на тоа што поминуваме низ некоја наша културна револуција, каде 100% од 18 годишњаците ги селиме на факс и ги правиме интелектуалци секоја година. Ај, Македонија е.

Законов, иначе, по мое скромно неекспертско мислење е ужас. Очигледно е дека е инструмент за политичка борба, меѓу сегашниве и минатите. Целта е контролата на високото образование и тоа како прв таргет изглеа да ги подберат професориве од другата партија кои традиционално се позастапени по факултетиве, барем така беше колку што ја памтам.
А и плус убава работичка си е тоа по факултетите. Ем убави приходи, ем експерт со тапија си на сите страни, па по проекти разни, па статус. Супер.:icon_lol:

Тоа со визитинг професори, договори за соработка, праќање на студенти во странство е ептен нереално и искрено глупаво, посебно кога државата им определува колкави ќе им бидат приходите на факултетите според квотите за упис и износот за партиципација. Професори од топ 500 и плаќање на партиципација и престој во некој од тие факултети кошта пари, кои половина од факултетите сигурен сум дека ги немаат. Тие што ги имаат се неколку, а во голем дел од нив се професори од другиве. Кои се и причината за овие одредби претпоставувам, зошто ако имаш фиксни приходи на ниво на факултет, а имаш сега зголемени трошоци исто на ниво на факултет, тогаш тоа зголемување нормално ќе се покрие со намалување на платите на професорите. А на нив им остануваат две опции или ќе си ги намалат примањата и стандардот или ќе им играат по играта на тие што се на власт. Две муви со еден удар. :)

Стапот нормално пак ќе го јадат студентите, за жал. И тоа најмногу оние што баш треба да бидат фокус на високото образование. Луѓе кои се таму заради кфалификации и луѓе од кои утре општеството потенцијално ќе има бенефит. Мада и на најголем дел од судентите ми личи како да не им чуе. Они се таму за хартијата, надвор од тоа, што е битно што се случува.
Тоа со над 9 просек дека се ослободени, е решение кои сега им дава incentive на професорите да им стават пониски оценки на студентите, зошто колку повеќе со просек над 9 толку помалку пари од партиципација и следствено толку помалку пари за плати. Од друга страна incentive, на тие нивните да им ставаат што повисоки оценки за да не плаќаат уопште ништо од прва година натаму и плус да се прошетаат до странство, се тоа на грб на другите студенти кои плаќаат партиципација. :pos:
Ова и таа одредбата да може да се преполагаат предмети и по дипломирање апосолутно ја девалвираат улогата на оценувањето во целиот високо образовен систем. Уништување на целата поента на градирање некакво на студентите, врз основа на нивниот успех. Што е лошо прво за нив самите, второ за стопанството и трето за цело општество. Ја да сум сега студент уопште не би се ни замарал да трошам време на вистинско обрзазување, зошто далеку порационална инвестиција е трошење време на политичка и социјална активност. Им ја убиваат иницијативата на младите да се кфалификуваат.

Се надевам дека се свесни што предизивикуваат со овој континуиран процес во образованието, зошто полиција, судство, администрација, здравство утре можеш да ги исправиш и да ги вратиш во колосек, ама образованието е насочено кон иднината, последиците во општеството од тоа што го правиш денес се гледаат за 15-20 години. А и ако тогаш го согледаш проблемот ќе ти требаат уште толку за да го исправиш. Ќе си ги избркаат способните деца надвор и ќе можат после сите газот да си го бришат со парчето хартија во рака. Свесно да си го поткопуваш квалитетот на човечкиот фактор во општеството е зачудувачки. Самоубиство

Мене како посматрач ми е и малку интересно. Ако има некој засегнат тука тогаш, мое сочуство. Зш ви дојде редот.:)
 
Може ли некој да каже каде е одредбата да може после дипломирање да се преполагаат испити во текстот погоре не забележав?
 
Бесплатен превоз во ЈСП доволно е.Кога веќе можат средношколците и пензионерите.
Kaко во секоја НОРМАЛНА земја.

И враќање на маркиците,наместо ебавање во банка,каде пак си пред стампедо од пензионери.

Немој вака, па греота се банките.22 денари провизија на 50 денари административна такса (или по старо маркица) никој не би им дал.Студентите како најбогата категорија сепак се фер.

На мојот факултет редовно ни протнуваа некакви уплатници за студентски сојуз и за осигурување.Па неколку генерации пред нас и тековно со нашата генерација е иста личност (~ 30 години старост) која секоја година не информираа дека ја реизбрале, а никогаш не научивме кога се изборите.И ништо подобрување не виделе студентите.А на прашање какво е осигирувањето?Неживотно.
Не фала, не планирам да умрам на факултет.Не сме обврзани за такви уплати, ама пак ни ги протнуваа покрај задолжителните, освен ако не прашаме или се побуниме :нинџ:

И ова магистранД и докторанД...правилно е вака или со Т на крајот?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom