Crazy in Love
Here's looking at you kid.
Во прилог малку подоле, следува статија за точките кои се наоѓаат во предлог-измените во Законот за високо образование.
Според некои, со овие дополнувања директно се задира во автономијата на факултетите, но според други, време е за коренити промени во високиот образовен систем.
Со оглед дека голем дел од членовите се или тазе дипломирани, во процес на студирање или допрва ќе се запишуваат, сметам дека би можело да се развие интересна дискусија по однос на ова, со оглед на тоа дека сепак се работи за студентските интереси.
СТРОГА КОНТРОЛА НА ДРЖАВАТА ВРЗ УНИВЕРЗИТЕТТЕ СО НОВИОТ ЗАКОН ЗА ОБРАЗОВАНИЕ
Сите трошоци за студентите - од универзитетскиот буџет
Универзитетот односно факултетот има обврска да склучи најмалку два договора за соработка со универзитет од првите 500 високорангирани универзитети во согласност со Шангајската листа. Секој факултет ќе има обврска да реализира визитинг за три отсто од своите професори годишно на некој од првите 500 рангирани на Шангајската листа. Истовремено, секој универзитет пред почетокот на академската година, ќе мора да ангажира визитинг-професори од првите 500 најдобри универзитети во светот.
Освен тоа, секој универзитет, мора да испрати на студиски престој во странство најмалку 30 студенти годишно. Тие таму ќе треба да поминат најмалку еден, а најмногу три месеци, а трошоците за престој, школарина, осигурување, патни трошоци ќе треба да ги плати универзитетот, односно факултетот.
Во еден од членовите од предлог-законот е предвидено право на бесплатно школување да имаат сите студенти што претходната година ќе ја завршат со просек 9,00. Исто така, новина е што се овозможува еден студент да студира на две или повеќе студиски програми истовремено, на еден или повеќе универзитети.
Првпат државата им нуди помош за вработување на лицата што ќе магистрираат или докторираат на еден од првите 200 рангирани универзитети во светот. Тие лица може да побараат помош од Министерството за образование и наука и деканатот на соодветниот факултет, кои ќе помогнат да го вработат.
Не може секој да е ментор на магистер
Со предложените измени се заоструваат критериумите за професорите што сакаат да им бидат ментори на магистранди и на докторанди. За еден професор да биде ментор мора да има објавено најмалку шест труда во меѓународни списанија со фактор на влијание. Се ограничува и бројот на магистрандите на кои еден професор може да им биде ментор. Така, наместо како сега, кога има случаи на одредени факултети, еден професор да им е ментор на 30 магистранди, отсега оваа бројка се ограничува на максимум 10 за една година.
Се воведува и ново звање, асистент-докторанд. Трошоците за докторските студии треба да му ги плаќа факултетот, а ако за пет години не докторира, му престанува работниот однос.
Национален совет и одбор за доверба
Секој универзитет се обврзува да формира одбор за соработка и за доверба. Во него ќе членуваат лица од бизнис-заедницата, ќе даваат мислења и сугестии за секоја студиска програма. А пак, за политиките на науката, развојот на истражувачката дејност, како стручно советодавно тело на Владата, ќе се формира национален совет за високо образование, наука, иновации и технологија. Овој совет ќе дава насоки за тоа кои се приоритетни области и програми за научно истражување и технолошки развој.
Министерот ќе ја запира работата на факултетите
Ако министерот за образование и наука утврди дека некој универзитет или факултет работи спротивно на Законот за високо образование, ѝ дава рок на институцијата еден месец за да ги исправи незаконитостите. Во тој рок, ако факултетот не ги исправи грешките, министерот носи решение за привремено запирање со работата на институцијата. Пред да го стори тоа, министерот ќе побара мислење од одборот за акредитација и евалуација на високото образование.
Кралев: Ова носи поголеми можности за студентите
Со предложените законски измени се отвораат можности за нашите студенти да студираат на врвните 500 универзитети во светот, вели министерот за образование и наука Панче Кралев.
- Со овозможувањето, наши студенти да одат на студии во странство, ќе се зголеми мобилноста и соработката со светските универзитети. Препораките од ЕУ во делот на образование се во голем дел фокусирани на поголема мобилност. Со ова, на долг рок ќе се овозможи Македонија да ја зголеми својата конкурентност, не само во делот на кадрите што се продуцираат, туку и преку создавање можности за зголемена научноистражувачка работа - вели Кралев.
Казни и до 100.000 евра
Во законските предлог-измени има многу парични казни со кои може да се соочат факултетите и универзитетите, во случај да не ги почитуваат од предложените законски новини. Најголема е казната од 100.000 евра со која може да се соочи еден универзитет, а може да се изрече во случај ако раководството на факултетот или универзитетот одбие да ги даде сите податоци што се потребни кога некоја странска институција врши рангирање на универзитети.
Со парична казна до 7.000 евра се соочува факултетот ако запише поголем број студенти од предвиденото, ако има студиски програми без акредитација, ако не води матична книга на запишани студенти.
ИЗВОР.
И откако ги разгледавте точките, што мислите?
Се согласувате ли со предлозите или не ви се допаѓаат?
Што би поддржале, што не?
Дали сепак би додале уште нешто на овие точки?
Кои се клучни измени кои би требало да се воведат во високото образование во Република Македонија?