Хм, непокажувањето на емоциите за мене Е добра техника. Не знам дали се учи или не, повеќе е и до карактерот на личноста. На пр. не може некоја темпераментна личност што не може да седи мирна две минути да сокрие емоција.
Тргнувајќи прво од себе, па после од другите, мислам дека непокажувањето на емоциите е резултат на некој страв, разочарување во потсвеста на една личност.
Мене многу ме погодува кога на пример некој ќе ми рече дека сум рамнодушна, дека светот да почне да пропаѓа јас нема да мрднам со малиот прст, кога се заинатам можам цело време додека некој ми зборува изразот на лицето да ми биде :-|
Ми имаат кажано и дека многу им е тешко да ми се доближат баш заради тоа непокажување на емоциите.
Затоа и ми е тешко да ги изразам, а и кога ќе се обидам не знам како да го направам тоа па луѓето ме сфатат погрешно.
Сакав да кажам цело време дека треба да имаш трпение, јака психа и цврст карактер за да успееш да ги контролираш емоциите, а најбитно - да знаеш кога, како и пред кој да ги покажеш.