Криење на емоциите - добра или лоша особина?

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Не е гладдта, сонот е најбитен.
Сонот е најбитен кај човекот, ако веќе праиме муабет шо е. Без сон можеш да полудиш - буквално.

.
Јас не се сеќавам ни на еден сон последни месец... месец ипол. А и тогаш сонвав некоја глупост како возам кола со џојстик место волан низ град.... али да немав јадено месец ипол, не да ќе полудев - ќе умрев!
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.030
Јас не се сеќавам ни на еден сон последни месец... месец ипол. А и тогаш сонвав некоја глупост како возам кола со џојстик место волан низ град.... али да немав јадено месец ипол, не да ќе полудев - ќе умрев!
Сонот у смисла спиењето, а не тоа што го сонуваш -.-
 
Член од
31 мај 2012
Мислења
228
Поени од реакции
145
Емоцијата е возбудена состојба на организмот која се манифестира на 3 различни начини:
емоционално доживување (на пр. чувствуваме бес), емоционално однесување (како последица на доживувањето го напаѓаме или навредуваме соговорникот) и физички промени на телото (бликање на крвта во лицето, брзо чукање на срцето, потење, тресење итн).
Сите овие аспекти на емоциите се видливи и можат да се забележат со голо око според мене, само некои луѓе со текот на животот учат да ги прикријат овие забележливи промени кои им се случуваат при доживувањето на емоцијата.
Некој посупешно ја прикрива емоцијата, на некој не му оди добро криењето.
Не е добро да се притискаш и да трпиш во тебе од една страна, ама има моменти кога не можеш потполната емоција да ја прикажеш т.е да ја покажеш на пример: шефот на работа ти каже нешто што ќе те заболи, ама тој ти е претпоставен и моменталниот бес што го чувствуваш кон него мораш да го надминеш или пренасочиш за да не те избрка од работа. Ова е само еден мој пример.
Инаку емоцијата има различно ниво на тензија, интензитет, степен на сложеност(многу е тенка линијата помеѓу некои емоции). Од благо задоволство може да се премине во потполна екстаза и од слаба вознемиреност може да се премине во огоромен бес.
Најдобро е кога можеш да ја контролираш емоцијата, но има некои емоции на пример кои не можеш да ги сокриеш.
Емоцијата изненадување може да биде пријатна или непријатна(зошто емоциите се разликуваат и по тоа некои се позитивни, а некои негативни).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom