Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Кајгано,

Денот ко ќе ти почне усрано, очекувај попладнето да ти донесе колку - толку подобро расположение а вечерта пак да ти се плаче од среќа.
Кога сме кај тоа, подобро нешто од новата адаптација на Македонска крвава свадба немам уште гледано во нашиве театри.
Совршено не ни почнува да опишува која атмосфера се прави во салата.
Еве делче пример
774183_10151243701701973_1738896375_o.jpg


Толку од мене за сега.
 
Драга
Еден и пол ден до мојон испит кај најкатилниот професор, а мене мува не ме лази....абе уживам и се спремам да си легнам ко боже се сум научила, а не сум стигнала ни до пола.......сега е ок али утре кога ќе проработи паниката....и ајде нека помине веќе многу мразам исчекувања....утре пак во читална...почна да ми прија мирот таму.....:rolleyes:

Песнава ми е во потсвест.......не емоции не овие два дена......​
 
Во чест на сите што имаат од 12 до 2икусур години, кои се трескаат од земја секогаш кога ќе почне “У љубав вјере немам“ (која иначе е песна која многу ми се свиѓа во глобала ) и кои гордо кажуваат дека стихот “Старим ја, а у љубав вјере немам“ е напишан баш како за нив, го направив ова:

536880_10151371857467229_681624735_n.jpg

(У облачето кај Бетмен може да стои било која возраст од 12 - 20(и кусур))

Мајку му стара, уште факултет не завршиле, еден ден работно искуство немаат, скоро и да не излегле надвор од државава без мама и тато и ќе ми се траскаат од земја и ќе пејат: СТАРИМ ЈА, А У ЉУБАВ ВЈЕРЕ НЕМАМ.... и ќе врискаат и пиштат кога и да почне песнава.. Ќе ми се одмили песната заради ваквите појави. Има 20 години - не постоело љубов, од долгодишно искуство. Кое искуство, леба ти? Од пелени? Освен ако под љубов не подразбираат да им падне некој од небо и да не се ни потрудат да поработат истото да потрае.

Истиот феномен се дешава и со “Кад сам био млад“ од Чорба. Гледаш 14 и пол накај 15 години и се треска од земја, се гушнал со другар му и пејат: ...јер тааад, тад сам био млад... каде бе другар со тие филмови?(n)

А бе седи не ме знаеш работава...:facepalm:

И уште нешто кога веќе се испукувам: Кога не постоеше Фејсбук, каде се жалеа луѓево дека имаат за учење, дека нивниот факултет е најтежок, дека истиот нервите и младоста им ги земал? Алооооо, па не сте само вие на факултет бе аман. Времето поминато во пишување на Фејсбук за тоа кој предмет колку е тежок да се вложи во учење, може и нема да има толку потреба за жалење. Ај од време на време разбирам, ама СЕКОЈ ден, на секои ТРИ саати? Па моја, моја, ама преку моја...

И така, си се испукав јас, ај чао.
 
Д.
Колоквиумска и официјално е завршена така да сега ке има повеќе опуштање. Тоа е тоа што се чекаше, 4/4, 100 постотен учинок. Милина :cool:
Инаку, од толку помфрит што имам јадено во последнава недела осеќам како во желудникот ми се претвора во водка :mad:
И уште нешто-ми се спие ама ке те подружам уште малце за утре подолго да спијам. :)
Ајт....
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Nex
Драга, во моментов очајно морам да го одлепам задников од столчево, да ги оттргнам прстите од тастатурата и да се губам на работа, а очајно многу не ми се оди и ме мрзи :place:
 
Диета, бета верзија ќе се слабее у пичку мајчину, вика 24 саати само на вода, чај не мрсен бил :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:. И сега до пет саатот вечер само на вода да сум видел дека немало да се умре за храна и се имало калории без проблем до 30 дена без јадење :icon_lol:.

И тоа покрај сите обврски јадење не, ќе го издржам јас тоа голем инаетчија сум, после вика секои пет шест дена ден на вода :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:.

Поздрав до безжичниот интернет мој со песната:

 
К,
Ми треба гушкање, многу гушкање... Такво, пријателско, кое ќе значи, колку повеќе те гушкам толку повеќе те ловкам и сакам да ти се погоди не само денот, туку месецот. :) <3
 
Драга, сабајле на онаа програмата E! ја гледав на Обама жена му, се запрепастив од тоа колку просто и недостојно се однесува. Да не речам, селски...
Туку, ми се собрала цела багра есдеесовци туку речи пред куќа на протестен марш :facepalm: Ги рокнав звучките до даска со песната без која во последно време неможам да заспијам и си уживам. Вечерва ќе си ја посветам на себе, максимално ќе се одморам и ќе си ги досредам мислите :)
Чувствувај се убаво и ти :X3:
 
К,
Ми треба гушкање, многу гушкање... Такво, пријателско, кое ќе значи, колку повеќе те гушкам толку повеќе те ловкам и сакам да ти се погоди не само денот, туку месецот. :) <3

еве од мене и ION :D
нека трае колку што си сакаш(y)
 
Д.
како што сум напукан денеска, оваа да ми излезе пред очи и би ја убил без око да ми трепне значи не си викам само онака, туку се чувствувам способен денеска да извршам убиство. вака на дете мое некој да му прави??? ха.....мала ќе му биде земајава, нема кај да бега и да се крие. мајка да и ебам, крава дебела.
инаку од друго се изнервирав ама од оваа се донервирав и сеа ми иде да појдам во русија само заради неа и да го истурам цел гнев :mad:
 
Сакам кога мали, ситни работи ќе ми го направат денот!
Денес купив неколку нови книги (попусти, ау мау) колку да ја подновам домашната библиотека, го потрошив џепарлакот и ќе заборавам на излегување овој викенд, а можеби и наредниот. Ама моменталната среќа ги засенува тие мисли :love:
Денес се' ми е розево и ништо не ме нервира, па дури ни слагалицата од илјада парчиња што трет ден веќе уште не е составена и ми зафаќа цела маса.
 
Ќе ја послушам Крејзи и ќе се жалам овде место на Фб.
Жими се иам многу за учење ама не ми се учит.
Иначе знајш дека на дожд најубо се спијат така? Ам уште да ми се спијаше и топ ќе беше.
И то.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom