Михајловски, Начевски, Шундовски, мафијо - оди си!

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Имаше вчера на вести изјава од Шундо како ова било само почеток на успесите,цел било да се создаде континуитет во учеството на големите натпреварувања,и е задоволен од успешното подмладување..
 
Има право кога вика дека треба да се постави континуитет, не само инстант успех.
 
Имаше вчера на вести изјава од Шундо како ова било само почеток на успесите,цел било да се создаде континуитет во учеството на големите натпреварувања,и е задоволен од успешното подмладување..
ама дали кажа шо успех постигнавме? дали она шо се избламиравме за него е успех? и кое факинг подмалдување го направил? :tapp:
 
Единствено подмладување кое го видов беше Манасков и донекаде Ѓорѓиевски и Марковски.
 
Јас сум ЗА Лино Червар во репрезентација, значи тоа нема врска со Металург. Макар и доаѓањето на Червар да значи крај на репрезентативните кариери на Лазаров, Мојсовски, Миркуловски, Ристовски. Неможе со 14то место на светско првенство да се задоволни бе. Па ракометот ни е национален спорт. Мора сериозно да се работи, иднина има. Ама не моментално, не во наредниве 3-4 години не очекувам ни пласман на првенство. РФМ ништо не работат, имаме два јаки клубови кои барем колку толку работат со младинци за било акков ракометен континуитет. РФМ не ги праќаат младинците на првенства.
 
Имаше вчера на вести изјава од Шундо како ова било само почеток на успесите,цел било да се создаде континуитет во учеството на големите натпреварувања,и е задоволен од успешното подмладување..
Реално гледано се подмладиве со Никола Марковски, Манасков и Ојлески кој не доби шанса да игра, Митревски и Ѓоргиевски се веќе делмуно во зрели години 27 и 25 години.
 
Јас сум ЗА Лино Червар во репрезентација, значи тоа нема врска со Металург. Макар и доаѓањето на Червар да значи крај на репрезентативните кариери на Лазаров, Мојсовски, Миркуловски, Ристовски. Неможе со 14то место на светско првенство да се задоволни бе. Па ракометот ни е национален спорт. Мора сериозно да се работи, иднина има. Ама не моментално, не во наредниве 3-4 години не очекувам ни пласман на првенство. РФМ ништо не работат, имаме два јаки клубови кои барем колку толку работат со младинци за било акков ракометен континуитет. РФМ не ги праќаат младинците на првенства.
И со кој ќе играме бе друже ? :)
Ти сега наброја 4 од 5те наши најдобри играчи. Што ќе прави Червар без нив ? Со кој ќе игра ?
Реалноста е сурова, а таа е дека немаме млади играчи што можат да ги заменат овие: Не може да се надеваме на младинци што губат по 20 разлика од Финска. Реалноста е дека во догледно време нема да имаме играч од калиброт на Кире. Го шлепал или не со него брат му тоа е, Кире е еден од најдобрите светски десни бекови и убедливо наш најдобар играч без конкуренција.
Камо среќа да имаше млади, квалитетни деца, ја со 2 раце ќе потпишев 70-80% од играчите што беа на светско шут карта да добијат. Али тоа ни е.
Со само 2 јаки ракометни клуба иднина нема Мак ракометот. Децата што играат у нашата лига немаат воопшто силни натпревари, немаат како да напреднат. Ќе стигнат до 18-19 години и стагнираат. Во последниве неколку години колку појаки стануваат Вардар и Металург, толку послабо е првенството. Чим стигна еден Пелистер, со толку играчи извадени од школата, со такво име историја, дома да губи по 15 разлика што да кажеме понатаму.......
 
^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^
За производството на нови лица, млади играчи...на браќата Мојсоски, Ацо Јоноски, браќата Никола и Велко Маркоски, Ојлески (мислам и Кукоски) матичен клуб им е РК Струга.
Каква е состојбата во РК Струга сега е жална приказна.Истото и за РК Пелистер.
Па и другите некогашни ракометни центри посебно еден (сега веќе бивши) Тутунски, Младост, Борец, Преспа, Повардарие ... па и Струмица,Тиквеш, Охрид, Радовиш (Римако ќе да беше некогаш), Куманово уште побетер.
 
сите некако сте контрадикторни - шундо та шундо бил крив за се, а ваму велите дека им паѓала топката од рацете. е па не му паѓа на шундо топката, на наум дебелиот му паѓа.

им паѓа топката бидејќи немаат идеа за напад, не знаат што да прават со неа ... а ако не знаат, тогаш треба тренерот да реагира со некоја тактика или други играчи ...
--- надополнето: 22 јануари 2013 во 22:48 ---
треба тренер авторитет, па и по цена Лазаров да не игра ... објави јавно дека не сака да игра и нека се срамоти ...
 
^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^
За производството на нови лица, млади играчи...на браќата Мојсоски, Ацо Јоноски, браќата Никола и Велко Маркоски, Ојлески (мислам и Кукоски) матичен клуб им е РК Струга.
Каква е состојбата во РК Струга сега е жална приказна.Истото и за РК Пелистер.
Па и другите некогашни ракометни центри посебно еден (сега веќе бивши) Тутунски, Младост, Борец, Преспа, Повардарие ... па и Струмица,Тиквеш, Охрид, Радовиш (Римако ќе да беше некогаш), Куманово уште побетер.
Тоа е муабетот,јас незнам како не успеваат нашите пошто очигледно си имаат влијание и на Балканот,како не успеваат да убацат уште еден тим(моја желба Пелистер)во СЕХА лига со оглед на тоа какви се боси екипи играат во лигава,а плус Металург и Вардар се два од трите носечки тимови во лигава и се најзаслужни за да може воопшто ова да се нарече лига.
Еве и оваа година ако се одбегнат во ждрепката во 4ф ќе играат пак финале,оваа година успеавме да го донесеме ф4-от во Скопје,следната мора да се обидат да внесат уште еден Македонски тим.
 
Треба од корен да се смени РФМ.

Новите кои ќе дојдат потребно е да имаат програма како планираат и како замислуваат да го развиваат ракометот во земјата, со конкретни чекори и прецизни цели, за да може покасно нивната работа да ја оцениме како успешна (го оствариле тоа што го замислиле) или неуспешна (не го оствариле тоа што го замислиле).

Без програма луѓе несмеат таму да се постават! Дошле само како нови без идеја како и што треба да се направи, тие се исто така лоши ко овие сегашните. И јас знам дека треба подобро......но како, со кои средства, каде ќе се насочат, колку ќе се потребни, тоа е работа на сериозна анализа и програма на луѓе кои живеат со ракометот.

Мислам дека Цревото имаше разработено на колку нивоа треба да е поддршката и каде. Нека пробаат да се спроведе таа програма, мислам дека би била продуктивна

А на овие сегашните подхитно, да им се каже ауфидерзен!
 
Звонко Шундовски си поднесе оставка!
Звонко Шундовски поднесе оставка од селекторската функција во македонската ракометна репрезентација. Преку соопштение до нашата редакција, Шундовски денеска се одлучи на македонската јавност да и ја соопшти својата конечна одлука за напуштање на кормилото на националниот тим, како што вели, во интерес исклучиво на репрезентацијата и нашите ракометари.

Поднесувамнеотповиклива оставка на селекторската функција на ракометнатарепрезентацијана Македонија.Одлуката ја носам исклучиво во интерес нарепрезентацијата – вели Шундовски во дописот до ЕКИПА, во кој понатаму пренесува:

„Селекторската функција јаприфатив во периодот откако им бешепонудена на стратези со поголемо портфолио од моето. Јас верував во оваагенерација. Со селекцијата која ја направив исклучиво со македонски играчи и македонски стручен штаб, со најмакедонската селекција во сите спортови и насите времиња, изборив пласман на Европско првенство 2012, освоив 5. место на ЕУРО 2012, изборив квалификации за Олимпијада, изборив учество наСветско првенство, обезбедив континуитет на големи натпреварувања.Создадов стабилна основа за нови успеси, кои оваа генерацијаиграчи ги заслужуваат. Поискусна за две големи натпреварувања во континуитет, воовие моменти,репрезентацијата го достигнува својотмаксимум и е зрела за играње во завршниците на големите европски и светскинатпреварувања и освојување на медали, што го препуштам на мојот наследник.

Селекторската функција ја извршував за симболичен надомест, соголема љубов за мојата земја, а меводеше желбата за нејзина промоција воЕвропа и светот. Кога се работи засвојата земја, не постојат бариери и кочници и ние како репрезентацијакомплетно вложувајќи семногупати сенадминувавме себеси.

Им се заблагодарувам на претседателот на РФМ, РФМ, на репрезентативците и на стручниот штаб за соработката.Горд сум на успесите кои заедно ги направивме, а Македонија ја направивмерелевантен фактор во европскиот исветскиот ракомет.На македонската репрезентација во иднина и посакувам многу повеќе успеси и спортскирадости.

Оставката како што вели Шундовски е веќе доставена и до претседателот на РФМ, Михајло Михајловски и до раководните органи на ракометната федерација. Македонија на последното Светско првенство во Шпанија под негово водство стигна до 14. место меѓу 24 земји учеснички на истото.
:vozbud:
--- надополнето: 23 јануари 2013 во 15:19 ---
ооо ДА. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom