Михајловски, Начевски, Шундовски, мафијо - оди си!

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Додека се пишува ова само на форум и не се испадне нешто да се направи тоа ќе си остане непроменето.
 
Ај машкава репрезентација и така и така.. ама после оваа генерација ќе биде потоп како со женската ракомерна репка. Инаку самоубиство е да ставиш таков тренер како Шундо кој незнае да сврзе два збора за дисциплина во тимот воопшто да не зборувам, ист беше и Тошак во фудбалот.. кога ќе видам тренер да се труди да рипа да скока да кажува цело време налик на Чедо сега во машката фудбалската репрезентација, е тогаш и да изгубиме не ми е криво ама со отепани тренери како Шундо ..
 
Некој споменува како зошто се буниме,изгубиме од Германија.Ало,не зборуваме за денес,работата е во мизеријата во играта на репрезентацијата на цело првенство.
Се намачивме со едни Чиле и Катар,имаме помалку технички грешки само од Австралија.:facepalm:
Им паѓаше топката од раце како да се почетници,да не зборувам за безидејноста во нападот,се е веќе кажано.Отидовме на СП без никаква тактика.И после првите 2 натпревари ништо не се промени на подобро.
Ова се истите тие момци кои само пред една година играа рамноправно и со најголемите екипи,а поразите што ги имаа беа несреќни и минимални.Малку им требаше за полуфинале и тоа повторно поради тоа што немавме тренер.
И после се случи и дебаклот на квалификациите за ОИ,па срамот со Португалија во квалификациите,драстичен пад во играта кој беше очигледен за секој обичен гледач.
Мора да има промени,да се проба да се спаси оваа генерација ракометари и да се извлече максимумот од нив.Затоа што сум убедена дека овие игри се далеку од нивниот максимум.
Нека се почне од врвот со промените,па после со авторитетен селектор да се почне и со чистките и дисциплината во самата репрезентација.Само да се почне со промени што е можно побрзо,ако е воопшто возможно.:notworthy:
Во спорт во кој имаме најголем потенцијал,тонеме како Титаник.:mad:


Може некој да покрене некоја петиција за промениве,па макар и онлајн?
 
сите некако сте контрадикторни - шундо та шундо бил крив за се, а ваму велите дека им паѓала топката од рацете. е па не му паѓа на шундо топката, на наум дебелиот му паѓа. не знам дали некој од вас ја прати клупата за време на играта, ама и шундо и петковки и оној дебелион како се вика нз цело време мавтаат со рацете, покажуваат кој каде да излезе и да вкрсти, овие трупци чекаат топката сама по своја волја да издрибла неколку шваби и да дојде до нив. е не бива така ни на маалски турнир а камоли на светско. факт е дека шундо е само просечен тренер, ама тој просечен тренер ја однесе македонија на сп во хрватска, па таму го тупнаа бркот за селектор, го истуркаа шундо за заменик, иако и таму тој ја правеше цела тактика (каква-таква). после откако свитка џам савевски, ај пак шундо ќе го викнеме за без пари вд селектор да глуми и ги однесе на еп во србија па и на ова сп. каков-таков, брка работа. проблемот е што му се наметнуваат тапа играчи од страна (и под „страна“ подразбирам лоби на металург и вардар во рфм), пола од нив се дебели, наумче ушлинче не може ни да трча а камоли одраз да направи, а ни останатите не се во форма. и за тоа да не се тренерите криви?
а за рфм, не знам што да кажам... ми текнува едно време прилепчани сегашниот „прецедник“ во кома го испратија заради местенки... ах, тоа беа времиња
 
Не ми е за ништо криво,само за тоа што во екипа имаме играч како Кире Лазаров,човекот ќе се пензионира за 4-5 години и ќе останеме без никаков поголем успех,само ради глупи тренер,глупо раководство и играчи на кои не им е место во репрезентација.
 
Насловот кажува се. Играчите играат и даваат се позади нив се уништи се во македонскиот ракомет.

ОДЕТЕ СИ МАФИЈО!!!

Коментари од фб

deckite se super, sundovski i tie okolu nego da odat vo istorijata! :)
Секако дека треба нешто да се смени околу начинот на функционирање кај РФМ , но немаат само тие удел во "слабите" игри, поголем дел завземаат и тренерот и играчи , треба да се стави до знаење дека тренер га диктира темпо на игра , а не играчи , секако дека туј има голем удел и играчи кои за свои лични интереси бараат да им се исполнат да играат за Репрезентација ... Требаше да се стави до знаење дека тренерот зборува - играчите молчат , и тоа од РФМ ( ако имаат доблест за такво нешто)
Исто така да не му "прогледам" прсти на Шундо , кој не знае да одбере играчи на СП , колку што читам ги повикал Ојлески и Кукоски , момциве никаде не ги видов , слаба игра на Миркуловски , се виде да Филип е далеку покорисен од него , го ставил Гоце во напад и одбрана ( кој сви видовме што направива немци во првите 15-тина мин. ) , Темелков требаше да игра во почеток , колку да фати ритам , да не го спомнувам и Манасков кој промаши неколку голови да ја ублажиме предност , тука е и Борко ( поголем куртон ) од него не сум видел , жими све , исто така , што ку* Шундо го остави цели 56 минути Борко да брани ( кој слабо му идеше ) барем да му дадеше на помладиот голман , не при крајот на игра ( кој одбра 2,3 голови ) ... катастрофа до катастрофа ... да го земам во предвид и натпреварот што не се промени , можеби ќе направеа нешто ... ( не верувам ) , треба да свртимо нов лист , подобар РФМ , подобар тренер , подобро разгледани и одберени играчи од страна на тренерот , мада и Шундо ништо туј неможеше , да не ги спомнувам и З.Мојсовски и Димовски.
 
дали ја ги преспав овие 5-6 утакмици колку шо изигравме, или не се разбирам од ракомет, па ако можи некој да ми кажи кое беше тактичкото изненадување на шундовски према противниците и новите тактики во репрезентацијата?
--- надополнето: 20 јануари 2013 во 20:17 ---
Насловот кажува се. Играчите играат и даваат се позади нив се уништи се во македонскиот ракомет.

ОДЕТЕ СИ МАФИЈО!!!

Коментари од фб

deckite se super, sundovski i tie okolu nego da odat vo istorijata! :)
пази сега ко че стигни коњаникот сабја со другарчињата од комити на темава и ко че речи дека михајловски не е крив :pos: туку дека тој нема врска со то шо се случува во рфм и оти начевци се главни...
 
Ако една селекција не ја бива до тренерот е. Ова е факт и правило број еден во секој групен спорт.

Незнам зошто ги обвинуваат ракометарите, Манаско бил крив оној бил крив, Шундо утепаниот е крив што не знае кој да го извади кој да го стави, Шундо е крив што не знае две реченици да сврзе не па стратегија за напад да им каже, Шундо е крив што една стратегија тера дури и да не дава резултати ја тера истата може НЕКОГАШ че даде, Шундо е крив што не го пушти Георгиевски според мене детето има талент и треба да му се пружи повеќе шанса.Шундо е крив за нивната мотивација да направат повеќе што е најбитниот елемент во еден спорт, Шундо е крив што играта е пасивна и безидејна.. Шундо односно селекторот е најкрив.

Да беше тренерот на металург на негово место приказната ќе беше многу подруга.
 
Ако една селекција не ја бива до тренерот е. Ова е факт и правило број еден во секој групен спорт.

Незнам зошто ги обвинуваат ракометарите, Манаско бил крив оној бил крив, Шундо утепаниот е крив што не знае кој да го извади кој да го стави, Шундо е крив што не знае две реченици да сврзе не па стратегија за напад да им каже, Шундо е крив што една стратегија тера дури и да не дава резултати ја тера истата може НЕКОГАШ че даде, Шундо е крив што не го пушти Георгиевски според мене детето има талент и треба да му се пружи повеќе шанса.Шундо е крив за нивната мотивација да направат повеќе што е најбитниот елемент во еден спорт, Шундо е крив што играта е пасивна и безидејна.. Шундо односно селекторот е најкрив.

Да беше тренерот на металург на негово место приказната ќе беше многу подруга.
А да го стават Ќиро Блажевиќ за тренер, па кога ќе му каже Ќире и бате да игра, да се јави кај Урко и да му го даде телефонот и да му рече, "Ти него реци то"
 
Не дека застанувам на нивна страна, далеку, само не ми е јасно како пред година дена не беа тие „виновниците“ за одличниот настап. Или тогаш тогаш било друго раководство, не сум упатен.:X3:
 
Не дека застанувам на нивна страна, далеку, само не ми е јасно како пред година дена не беа тие „виновниците“ за одличниот настап. Или тогаш тогаш било друго раководство, не сум упатен.:X3:
Па и покрај 5тото место и тогаш имаше негативни критики за РФМ, не се од вчера муабетиве... :)
 
Заедно со нив у пакет: едниот од браќата Лазарови, двајцата Мојсовци, Ванчо Димовски, Левов и слична нему боранија..

Инаку да не претеруваме. Никој не може да биде незадоволен од пласманот туку пред се од играта или немањето таква. Дури и пласманот во осминафиналето беше премногу за ваква анемична репрезентација како нашата во моментов.
 
Па и покрај 5тото место и тогаш имаше негативни критики за РФМ, не се од вчера муабетиве... :)

Знам дека не се од вчера, само не ми текнува на ваква тема на кајгана, уште помалку на толку „гласни“ и прилично сочни коментари по социјалниве мрежи.

Муабетот ми е дека и оваа година да стигневме до 4-5 мести или медал, немаше да биде ни 5% од ова сега што се случува.

Ќе се повторам дека не застанувам позади РФМ и одредени челници ама не оправдувам плукање само кога ни треба алиби за нешто, како во случајов, ајде ќе кажам агресивно плукање, зошто еве велиш ти а знам и јас дека имало и порано, само многу, мнооогу потивко :)
 
пази сега ко че стигни коњаникот сабја со другарчињата од комити на темава и ко че речи дека михајловски не е крив :pos: туку дека тој нема врска со то шо се случува во рфм и оти начевци се главни...
Филип Лазаров одиграл ОДЛИЧНО првенство. :ROFLMAO:

Ова дефинитивно само фан на Вардар може да го каже........Мојсовски и Миркуловски најлоши(беа катастрофа вистина),ама Филип Лазаров бил најдобар.........мислим шта речи.
:pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom