Здраво, јас денес се чувствувам одлично, исто како вчера и завчера и во саботата...
Исто како да сум во некоја група за одвикнување од пороци... Само јас можам да залутам во некои смешни „групи“, уште да почнеа песни да пеат, ќе беше исто `ко на филм, ама какво домашно вино имаа...!!! Ич не жалам што требаше да слушам секакви будалаштини, за вакво вино пак нека ме викнат, па ако треба и некое предавање ќе им одржам, за што било, по нивни избор, секако ако има од виното, ако нема од тоа вино - и мене ќе ме нема! Чудно, колку повеќе ги реметиш толку повеќе те сакат.
Не знам дали сум ти кажала колку си ја сакам Аделкава. Свцка ми е, свцка. Ич не си личиме, ама со килажата кај и да е ќе ја стигнам, на вистинскиот пат сум. Е, сега тоа и не е толку лошо, нели жената треба да го наполни креветот, за да покаже дека дека е вистинска жена, а мене ќе ми требаат два.

Уште некоја слава и преродбата буквално ќе продолжи, ама за да бидам у топ форма ќе си ставам портокалЕво лакчуле...
Чудна е оваа зима со 10 целзиусови степени...
