Докажано е е дека жените можат да истрпат поголем степен на болка, иако се физички послаби.
Мажите од една депилација ќе приумрат, камоли да треба да раѓаат. Во прилог следи сцената од филмот What women want, кога Мел Гибсон се депилира, од 01:20.
Реакција


Батали го Мел Гибсон, тој е стара школа, исто како и методот на депилација кој го користи.
Јас еднаш се учукав со велосипедот ама ептен асално и имав 3 бајаги големи рани на нозете, кои откако зараснаа, беа разголени, на летните горештини изгледав како да сум почнал да се депилирам и сум прекинал на пола пат, поради што ги издепилирав во целост нозете со истиот метод на Гибсон и воопшто не реагирав како него, најверојатно бидејќи веќе поминав низ полоша болка кога менував гази и ги мачкав раните со кантарионово масло додека да зараснат, депилацијата беше гола вода во споредба со болката низ која поминував кога ги менував газите и ги мачкав раните.
А лани уште еднаш го направив тоа со крема за депилирање, чисто за профит, заработив 1000 денари од мајка ми која не можеше да ги поднесе повеќе моите влакнести ноџишта, па со Veet крема за депилирање ги издепилирав, а тоа боли колку што има траги од ланскиот снег низ Скопјево, па уште и заработив 1000 денари од мама за депилацијата.
Не знам за болки при раѓање, но лично мислам дека причините зошто мажите не можат да ги замислат болките при раѓање кај жените, а истовремено ниту жените можат да ги вршат физичките работи на мажите, е едноставно бидејќи мажите претежно ги експлоатираат мускулите, а жените секој месец плаќаат данок во крв, сето тоа зависи од начинот на кој се навикнува организмот кај човекот, жените полесно се справуваат со нервозата и со стресот, додека мажите полесно се справуваат со физичката работа.