„Слично“то е клучот. Дали *само* би те излапала или и би те посексала?
Ти *веќе* имаш мисли за неа, т.е. ја посакуваш. Тоа значи - веќе не ти е другарка, туку потенцијална партнерка (макар само и за во кревет). Од друга страна, таа ти *кажала* дека сака да те излапа - дали заедно со „слично“, треба ти да кажеш.
Ако има намера за „слично“ со тебе, тоа е супер: гледајте се, лапајте се, драпајте се, сексајте се, чисто другарски. Дури можеш тоа да му го кажеш и на дечко ѝ, зашто сигурно, на пример, не би ти било проблем да му кажеш „Еј вчера вечер излеговме со девојка ти, бевме таму-и-таму и супер си поминавме. Треба некогаш да одиш и ти“ (во смисла дека сте излегле заедно во град). Во случај на „другарско“ сексање, ќе може да му кажеш „Еј се секснавме вака-и-вака и беше одлично. Треба да пробате и вие, другаркава ќе ужива, а верувам и ти“ (сексот, нели, денес се смета за најнормална работа и е дел од основното дружење, па нема зошто да се крие). Плус тоа, бидејќи таа ионака си има некој за на страна, со тебе не би требало да ѝ биде проблем, бидејќи ионака е заинтересирана.
******НО****** - ова е многу битно: дали таа
навистина си има некој за на страна? Сè што знаеш во врска со тоа е дека *таа ти кажала*. Го знаеш ли „страничниот“? Знаеш ли кога се „страничеле“? Дали си помислил дека можеби таа тоа го збори само за да те заинтересира, т.е. ти да се попалиш по неа и да ја залапаш, можеби и да ја посексаш и таа да си добие „страничење“ од тебе, а потоа да му каже на дечко ѝ „Абе не бев јас, тој ми се нафрли, не можев да се одбранам“ и слично? На тој начин, таа би била усреќена, а би немала никаква грижа на совест.
Бидејќи си ѝ другар, декларативно од нејзина страна до толкава мерка за да ти кажува за нејзините сексуални искуства, тоа може да го искористиш во твоја полза. Прво, побарај ѝ да се сретнете со „страничниот“. Ако не постои, прашај ја зошто те лаже во очи дека го има, кога ти е веќе толку добра другарка и развијте разговор со неа на таа тема (доколку таа ти се фрли да се лапате, само за да те замолкне, *ти* ќе може на другар ти да му кажеш дека ти се нафрлила, а ти, како убаво воспитан млад господин, си ја услужил младата дама кога имала потреба).
Доколку навистина го има, излезете сите тројца и внимавај како ќе се однесуваат тие. Доколку тој ја гушка, ја бакнува и на кој било начин физички ѝ се доближува, гледај ги твоите чувства - ако ти дојде да му ја мавнеш една и/или да станеш и да си одиш, направи го второто, т.е. едноставно оди си. Тоа ќе значи дека ти си „љубоморен“, т.е. девојкава ти предизвикува чувства, што значи дека веќе навистина не ти е *само* другарка туку ја перцепираш и сексуално.
Во тој случај, се сведува на
ситуациите што @turvior ги претстави и на твојот избор како ќе постапуваш. Ако
мислиш дека ќе ја загубиш како другарка, имај на ум дека *веќе* си ја загубил, со самото тоа што имаш мисли и намери кон неа. Во тој случај, треба да ја гледаш само како некоја си таму девојка, што ти го дига крвниот притисок и апаратчето за мерење, а е во врска со некого што го познаваш, а има некој трет на страна, што веќе *ќе* го познаваш (откако ќе излезете сите тројца).
Еве еден совет, од мене лично: бидејќи си
решил да „пикнеш-заминеш ко ништо да не било“, измери се дали ти е поважно да бидеш во нејзино друштво, макар да ти е само „другарка“ којашто ќе има дечко, со кого не е задоволна и се секса со други на страна, но не со тебе, или пак ти е поважно да ѝ влезеш, потенцијално поради тоа да имаш проблеми со дечко ѝ и пак веројатно да ја изгубиш, ако таа си реши да му се врати (дали ќе успее веќе нема да биде во твоја надлежност).
Постои и трета можност: му кажуваш на дечко ѝ за твоите намери и му кажуваш и за третиов на страна *пред* да направиш што и да е со девојката. Тоа значи дека излегуваш со чиста совест пред сите засегнати странки („третиот“ се секса со девојката, што значи дека не е *твое* да му зборуваш дека таа има дечко - *таа* би требало да му има кажано) и го задржуваш својот интегритет, што и да се случи понатаму. Најверојатно ќе ги изгубиш контактите и со девојката, и со дечко ѝ, а да не зборуваме и со третиот, но размисли: третиот не ти е битен, дечко ѝ е значаен само бидејќи ѝ е дечко и го познаваш, а девојката е една од билијардите и има добри шанси да најдеш некоја друга, којашто нема да има толку комплицирана ситуација и којашто исто така ќе ти го дига крвниот притисок и апаратчето за мерење (бидејќи, повторувам, ти веќе си ја изгубил *само* како другарка, а споредбата со билијардите е соодветна ако ја перцепираш како потенцијална сексуална партнерка, што и веќе е).
Јас секогаш ја бирам третата можност, бидејќи интегритетот ти останува кога сите други ќе си отидат (а си одат - на крајот на краиштата, сите умираат). Јасно, третава можност носи огромен ризик дека нема да дојде до секс со девојката, но сметам дека на тој начин *ќе дојде* до секс подоцна, со *друга* девојка што многу повеќе би ти одговарала во секој поглед. Но тоа е само мое мислење. Ти види си за тебе.
Како и да е, поздрав и со лесно.