Ако може некој правник или некој кој имал слично искуство да ми одговори на прашањево
Значи случајов е ваков:
Имам купено куќа пред 11 години со земјиште,куќата е купена со склучен меѓусебен купопродажен договор адвокатски(не на нотар) од човек кој пред 40 години го купил земјиштето(за кое исто така има меѓусебен договор) од сопственикот и на него ја изградил сегашната куќа,е сега после 40 години уште нерешени имотно правни односи а и плус како капак дојде законов за легализација на дивоградби,наследникот кој во меѓувреме со т.н. оставинска извадил имотен лист на негово име и сега имам проблеми со него бидејќи нејќе да се согласи да ми го пренесе правото на сопственост,иако се е навреме исплатено порано,плаќан е данок на мое име и името на човекот од кој ја купив куќата и се тоа.Покрај тоа што јас сум со овој проблем истиот го има и уште еден комшија со истиот човек и ќе заборавев да кажам дека и двајцата имаме поднесено барање за легализација на куќите со имотните листови на име на претходниот сопственик на земјиштето т.е. тој од кого го "наследникот" го пренесува на свое име.Ве молам ако сте имале искуство или ако има некое правно лице да ми одговори.