Правна помош и совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Епа не знам за друг „трик“ за одблокирање на сметката. Инаку радо би ти помогнал, ама и јас не сум при пара :)
Пријател и јас го знам сето тоа дека ако платам ќе ми биде се чисто ама финтата е што на рати јас треба да плаќам ... :) една третина од плата ... е сега зошто ми ја блокирале бог ги знае :mad:
 
Teшко дека ке се одблокира.
Фирмата на мојот сопруг не работи,нема пари....но за беља осигурителна компанија му префрли некој пари....кој му беа ќарени....од државата!
 
Ми треба помош значи вака денеска ми ја блокираа сметката од извршители највероватно е ... и сега што треба да направам за сметката да се одблокира и дали на сметката веќе нема пари? дали тоа значи дека сите пари се повлечени од нејзе? ми треба итно кој знае нешто помош некој трик и сл. нека ми каже и дали би можело утре да се деблокира сметката и да се извадат парите ако не се повлечени сите? бидејќи зафркнатите извршители ме оставија скоро и без ништо :mad:
Најпрво тркни до банката и види од кој извршител ти е блокирана сметката (бидејќи по твоето кажување ми изгледа дека сеуште не ти е примен налогот од извршителот). Исто така прашај во која банка е пуштен налогот (ако налогот е пуштен во банката во која на сметка имаш пари истите најверојатно веке се префрлени кај извршителот а доколку налогот е пуштен во друга банка односно на сметка на која немаш пари тогаш најверојатно парите сеуште ти се на сметката на која си ги имал ама нема да можеш да ги извадиш бидејќи со блокада на било која сметка веке неможеш да извадиш пари од никоја банка во мк и имаш ситуациоја да неможеш да ги извадиш ниту пак извршителот може да ги повлечи. Ако парите сеуште ти се на сметка односно ако извршителот не ја погодил сметката на која се парите тогаш извади си потврда од фирмата каде што работиш + М1 и правец кај извршителот. Ке му кажеш дека си вработен и дека законски може да ти се спроведе извршување само врз 1/3 од личниот доход а тоа со налог за блокада на сметка неможе да се изведе па затоа ке бараш да ти се одблокира сметката а да ти се пушти налог за извршување на 1/3 од плата (односно на 1/2 ако се работи за издршка...). Извршителот ке состави службена белешка во која ке го внесе ова твое барање и прилозите кои си му ги однел и 100% ке ти ја одблокира сметката. Ако не ти ја одблокира пишувај пак па ке ти кажам што да направиш но во тој случај гледај да не го испуштиме рокот за приговор кој изнесува 3 дена од приемот на налогот (кој уште го немаш примено). Поздрав
 
Ми треба помош значи вака денеска ми ја блокираа сметката од извршители највероватно е ... и сега што треба да направам за сметката да се одблокира и дали на сметката веќе нема пари? дали тоа значи дека сите пари се повлечени од нејзе? ми треба итно кој знае нешто помош некој трик и сл. нека ми каже и дали би можело утре да се деблокира сметката и да се извадат парите ако не се повлечени сите? бидејќи зафркнатите извршители ме оставија скоро и без ништо :mad:
Прво, прашај во банката КОЈ ти ја блокира сметката.
Може да биде извршител, но може да биде и УЈП за некоја неплатена казна на пр.
Откако тоа ќе го дознаеш, ќе одиш таму, и ќе постапиш како што ти кажа lazar31.
 
Дали некој знае како оди стечајна постапка за фирма ,не ми е активна фирмата ,ја отворив и така стои ,колку пари ќе ме кошта да ја поведам стечајната постапка и дали ќе треба да плаќам за придонеси и пензиско ?
И некој ако знае како оди оставинската постапка ?
 
Aко фирмата нема долгови, тогаш ја ликвидираш преку централен регистар и тоа е поефтино. Долг се подразбира и неисплатени плати и придонеси.
Во спротивно, фирмата оди во стечај, тоа е веќе поскапо.
Оставинската постапка ја водат нотарите. Обрати се кај нотар, ќе ти заврши работа.
 
Едно прашајне до адвокатите:
Шо е субсидијарна тужба/постапка?
 
Едно прашајне до адвокатите:
Шо е субсидијарна тужба/постапка?

Јавниот тужител доколку се откаже од некоја постапка може да продолжи приватен или супсидијарен тужител. И ти можеш да бидеш супсидијарен тужител т.е секој може да биде супсидијарен тужител што има интерес од исходот на постапката.
 
Фала.
Само не ми е јасно зашо откоа истражнио судија/јавното обвинителство вика оти нема случај, зашо се продужува целата работа. И кој ги плаќа трошоците ако судијата одлуче дека тужените са невини? Или тава одлучува судијата?
 
Како да се справам со јеховини сведоци - комшии што во последно време имаат ритуали в двор, т.е. им доаѓаат 6-7 души и пеат цело време? Има ли некој закон за религиски обичаи, за нарушување ред и мир?
 
Јавен ред и Мир е сега потребно е да се исполнат неколку елементи. Во колку часот се собираат?
 
Pomos molam!!! Kaj solidarni dolznici, (od koi edniot e korisnik na kredit, a drugite dvajca se ziranti) ima izvrsna isprava. Korisnikot na kredit e vo raboten odnos, edniot zirant e penzioner, vtoriot zirant e nevraboten a ima oroceni pari na smetka... Kako ke ide prisilnata naplatata? Dali celiot dolguvan iznos vednas ke bide naplaten od vtoriot zirant koj ima oroceni pari na smetka?
 
Кога се работи за солидарни должници, доверителот може да бара долгот да го наплати од сите должници заедно, или пак од само еден (или двајца) од нив (бидејќи се работи за солидарни должници целокупниот долг може да се наплати и само од еден од нив). Доколку долгот треба да се наплати од вториот жирант, односно од неговите орочени средтсва, тогаш тие средтсва ќе бидат блокиранни на сметката, но ќе може да се запленат (и наплатат) откако ќе истече периодот за кој се орочени (значи нема веднаш).
 
Znaci naplatata ke se vrsi po dispozicija na doveritelot iako site troica imaa sredstva... Fala mnogu!
 
Ако може некој правник или некој кој имал слично искуство да ми одговори на прашањево
Значи случајов е ваков:
Имам купено куќа пред 11 години со земјиште,куќата е купена со склучен меѓусебен купопродажен договор адвокатски(не на нотар) од човек кој пред 40 години го купил земјиштето(за кое исто така има меѓусебен договор) од сопственикот и на него ја изградил сегашната куќа,е сега после 40 години уште нерешени имотно правни односи а и плус како капак дојде законов за легализација на дивоградби,наследникот кој во меѓувреме со т.н. оставинска извадил имотен лист на негово име и сега имам проблеми со него бидејќи нејќе да се согласи да ми го пренесе правото на сопственост,иако се е навреме исплатено порано,плаќан е данок на мое име и името на човекот од кој ја купив куќата и се тоа.Покрај тоа што јас сум со овој проблем истиот го има и уште еден комшија со истиот човек и ќе заборавев да кажам дека и двајцата имаме поднесено барање за легализација на куќите со имотните листови на име на претходниот сопственик на земјиштето т.е. тој од кого го "наследникот" го пренесува на свое име.Ве молам ако сте имале искуство или ако има некое правно лице да ми одговори.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom