СП Шпанија 1/8 финале: Германија - Македонија 20.01.2013 15:45ч

  • Креатор на темата Креатор на темата dragonsky
  • Време на започнување Време на започнување
Па добро бе ако си гледал ракомет во Лига на шампиони во СЕХА ќе знаеш што значи да ротираш и што значи да играш со едно крило... И денес колективно сите беа дрва не може ради една контра да се припише цела утакмица... Проблемот е многу подлабок почнувајќи од менталитетот во репрезентација со Шундо будалата
шо е то ракомет а ?? убо ме праша сега :tapp:

набави си снимка од нашиот Супермен кој лета в гол ама не го годи голот ами убива ракометни голмани......ама воопшто не изгледа ни за изморен ни за истоштен ами за супер силно и брзо дете кое се занесува дека може буквално СЕ па и е многу тврдоглав - пренапорен во она кратење на аголот.........а да го пуштиме на олимпијада во дициплина скок во далечина да ни донеси злато - кој е ЗА ??
 
ej brat... sudiite vrska nemaa... do nas bese
Не немаа,само кога се кршеше резулатот ни исклучуваа играчи(големиот дел се убив од смеење поради кои причини),ни судеа ‘‘бизарни‘‘ пробивање како она на Стоилов,кога германецов го крева и го треска од од паркет,а овој суди пробивање,еден куп одземени топки кој само тие знаат зошто и која била причината.. :)
 
шо е то ракомет а ?? убо ме праша сега :tapp:

набави си снимка од нашиот Супермен кој лета в гол ама не го годи голот ами убива ракометни голмани......ама воопшто не изгледа ни за изморен ни за истоштен ами за супер силно и брзо дете кое се занесува дека може буквално СЕ па и е многу тврдоглав - пренапорен во она кратење на аголот.........а да го пуштиме на олимпијада во дициплина скок во далечина да ни донеси злато - кој е ЗА ??

Си го гледал ти бе кај Лино или не па со куртонот Шундо кој што сака прави во репрзентацијата
 
Сега ќе излезе Лазаров политичарит ќе ја забошоти ситуацијата него никој не му замера ни новинари ни никој и тоа за тоа ќе биде имаме толку играчи во ротација..... толку можевме..... дрн дрн јариња. Додека Стоилов,Кузмановски,Мајнов еден разбијач како што е тој македонецот од Австрија или Стојанович седат дома....

Една Русија натурализирапизираше играчи ние си ги дискриминираме врвни ракометари кои можеа да го стаписаат светот на оваа првенство. Затоа камењата не треба само накај Шундо туку и Киро и Наумче заедно со Шундо во пакет со РФМ! Да не се праиме смотани повеќе!
 
Да имаше спорт Требење ориз на 100 метри со пречки , германциве пак ке беа меѓу појаките. Имаме огромен потенцијал ама од корен сме ебани, така да не се жалете. Червар е лекот за нас,.
Така е, Германија кога игра (било каде, а посебно KO фаза) притиска од сите страни.. имаа и свој (мал) удел судиите, но дефинитивно не играме доволно јако за наредна фаза и нема тука лутење. Штом волку „слаба“ Германија нѐ победи, мислам дека да игравме со Франција, ќе изгубевме над 10 разлика.

Околу Манасков.. не е јасно како луѓето го „бранат“ дека „бил изморен во контра“.. тоа се коси само со себе. Човек што е изморен, не трча така контра па и Бог да му нареди, така да.. нема бранење тука, момчето е со битно намалена пресметливост и прави почетни грешки (ако не направи престап, дефинитивно скока непресметливо)

Наумче е најслаб на првенството. Тука некаде и Миркуловски..

Исто и премногу се нервно ранливи. Грешките на Манасков делуваа во други сегменти, во кои немаше потреба да делуваат. На пример, штом промашува Манасков, обраната не се враќаше како што треба и веднаш примаме гол (неколку пати). А исто и кога ќе одбраниме, нашите играчи не се присутни и не ја фаќаат топката.. често оди надвор од терен или кај противниците. Денеска на Лазаров тоа му се случи (ја остави топката да ја земат откако одбрани Борко и ни дадоа гол).

Во принцип, грешките не се поправени од „претходниот пат“ (не се знае за кој пат станува збор) и не очекувам ни да се поправат. Само Австралија има повеќе технички грешки од нас. Австралија која изгуби 40+ од Шпанија. Тие статистики постојат за некоја причина.. не се бројат случајно.
Да сме живи и здрави.
 
Колку бевме очајни, дури болеше.
Денес ко да игравме без крила и без пикер. Бековите многу мирни, особено Наумче кој очигледно е во врвна форма за време на целото првенство.
Епа Германија ни беше противник, а не Чиле.
 
Лино нема да биде тренер затоа што Стојанче ќе ни го исфрли од репрезентација одма имаат конфликт и со Борко. Едино Лино е голем човек па д акаже дека погрешил во врска со квалитетите на Стојаче, може и тоа да се очекува од таков човек....па да застане на чело на репрезентација.
 
Внимание долг пост!!!

Најпрво, за мечов. Да се загуби од ракометна сила ко Германија не е страшно. Иако лани „ги имавме“, сепак таму играше голем фактор публиката и нашата „аутсајдерска“ улога.

Епа само така знаевме да играме, како аутсајдери. Откако постиганвме успех на ЕП (да 5. место беше успех) никој не гледа на нас како аматери. Сите противници не простудираа и не научија.

Не научија лесно затоа што имаме иста монотона игра, без план Б, без резервна тактика.

Бековите ни комбинираат на 15 метри од голот до истек на пасивен напад, потоа шутираат од неизградена позиција. Единствената „уиграна“ акција ни е пас до пикер. Тоа на ЕП фунцконираше тука не од проста причина што не научија. Тука не зависи квалитетот на нашите пикери. Столе е тенк, Никола е солиден, Ванчо има што да покаже но они не доаѓаат до топка.

Половина од многуте изгубени топки, беа пресечени од противниците при оваа акција. Знаат дека ќе додадеме на пикер и лесно ја крадат топката, топката не стига до пикерот.

Освен тоа прелесни сме за да не „здркаат“ у напад. Ни излагаат 4-2, со директен фластер на Кире и подвижен халф и толку од нас. Не знаеме што да правиме. Ирачите се плашат кога ќе им дојде играч до нив.

И ако поченме со тактички недостатоци ќе треба цела книга да напишеме. И тоа јас, како обичен љубител на ракометот. Прав стручњак ќе најде уште мал милион недостатоци.

Дисциплината. Ја нема во нашата репрезентација од СП 2009. Од тогаш чашата е поплна и спремна да прекипе. Но, ете таквата ситауција се маскираше со ЕП лани. Ќе се маскира и сега најверојатно.

На голем број од играчите егото им е до врв и не прифаќаат критика. Не прифаќаат дека грешат.
Нејсе, на ова СП потфрлија играчите кои требаше да бидат лидери, затоа што се очекуваше тоа од нив. Миркуловски и Мојсовки. Ако Филип корегираше колку толку во одбрана, Мојсо беше разочарување на првенството.

Мизерна игра, премногу технички грешки. Плус, не игра во одбрана, беше убедливо најнекорисниот играч во тимот. И најлошото, нема авторитет кој ќе го седне на клупа за да му дојде паметот. Нема кој да го „скроти“.

Она што ни беше играчки најјаката особина во Србија, одбраната потрфли тука. Блесоци од 20 минути на натпревар и толку. Епа со толку само Катар и Чиле може да се добијат. А убеден сум дека имаме играчи (и надвор од овие повиканите секако) со кои би имале многу јака одбрана.

Тоа што Диви и Алушевски беа „отпуштени“ од составов не е никаква грешка. Треба подмладување бидејќи и за двете позиции имаме по уште два играча кои се солидни наследници. Но проблемот беше што тука од тие двајца употребувавме само еден.

За голман, и неможе двајца океј. Митревски ја доби шансата пред Даскаловски. Дали оправдано или не, не влагам во тоа, но требаше „реновирање“ на таа позиција и го поддржувам тоа.

Е главниот проблем беше кај левото крило. Не смееше Манасков да се остави сам, од неколку причини. Доби преголем замор од игарње цела утакмица, замор кој со искуство не може да го скроти оти го нема. Мораше да имаме свежа опција на крило барем за одбрана. Мора на дете од 20 години да му ставиш некој за конкуренција, за да игра уште подобро.

Десните крила потрфлија. Темелков слаб во она каде што очекував да биде добар, одбраната. Гоце и така игра катастрофа таму. Во напад, топло-ладно и двајцата.

Пикерите ни се топ, но пикерите сами ништо не можат да направат. Мора да игра тимот за нив.

Исто како што тимот треба да игра и за бековите шутери. Мора да изиграат акција, да им постават блок за овие да можат да шутнат како што треба.

Се надевам дека Филип конечно порасна муда, последниве 2 натпревари му беа одлични, голови, асистенции растураше дечкото. Ако продолжи така ќе биде голема помош за брат му.

Али доста е, што бидна бидна, треба промени уште.

Но, нема да има такво, барем не верувам. Затоа што ова ќе се смета за успех, осминафиналето ќе го сметаат за успех, нема да има никакви промени никаде. Ни во играчкоит кадар, ни во стручниот штаб ни во федерација. Нешто што може сериозно да ни го ризикува учеството на ЕП догодина.

Мислам дека и после ова, за жал, состојбата ќе остане статус кво.
 
Кога е пречекот на плоштад а?

Додека не летаа у облаци со сите екипи беа рамо до рамо на Европско,ја мислам да идеме да ги чекаме и сеа ?:facepalm:
 
Така ни треба, им ебам.Никогаш не сум таков после пораз да пцујам и вреѓам но така, уште кгоа се правевме паметни со Данска знаев дека од глава ќе ни се одбие.Па добро бе везе немаме, ќе избираме против Германија или Франција, еве ви сега Германија се да ви ебам.Несакав да ширам негативна енергија но знаев дека така ќе биде, везе немаат па ќе избираат со кого да играат цццц идиоти.Нека се најде играч што ќе игра одбрана ко Рогиш, каков е таков е Германците ради него добиваат.Не глупиот Ацо Јоновски, ебате заспаниот човек.

Ајт изнервиран сум, а Шундо ако уште утре не си поднесе оставка никад више нема да гледам утакмица на глупаците
 
Внимание долг пост!!!

Најпрво, за мечов. Да се загуби од ракометна сила ко Германија не е страшно. Иако лани „ги имавме“, сепак таму играше голем фактор публиката и нашата „аутсајдерска“ улога.

Епа само така знаевме да играме, како аутсајдери. Откако постиганвме успех на ЕП (да 5. место беше успех) никој не гледа на нас како аматери. Сите противници не простудираа и не научија.

Не научија лесно затоа што имаме иста монотона игра, без план Б, без резервна тактика.

Бековите ни комбинираат на 15 метри од голот до истек на пасивен напад, потоа шутираат од неизградена позиција. Единствената „уиграна“ акција ни е пас до пикер. Тоа на ЕП фунцконираше тука не од проста причина што не научија. Тука не зависи квалитетот на нашите пикери. Столе е тенк, Никола е солиден, Ванчо има што да покаже но они не доаѓаат до топка.

Половина од многуте изгубени топки, беа пресечени од противниците при оваа акција. Знаат дека ќе додадеме на пикер и лесно ја крадат топката, топката не стига до пикерот.

Освен тоа прелесни сме за да не „здркаат“ у напад. Ни излагаат 4-2, со директен фластер на Кире и подвижен халф и толку од нас. Не знаеме што да правиме. Ирачите се плашат кога ќе им дојде играч до нив.

И ако поченме со тактички недостатоци ќе треба цела книга да напишеме. И тоа јас, како обичен љубител на ракометот. Прав стручњак ќе најде уште мал милион недостатоци.

Дисциплината. Ја нема во нашата репрезентација од СП 2009. Од тогаш чашата е поплна и спремна да прекипе. Но, ете таквата ситауција се маскираше со ЕП лани. Ќе се маскира и сега најверојатно.

На голем број од играчите егото им е до врв и не прифаќаат критика. Не прифаќаат дека грешат.
Нејсе, на ова СП потфрлија играчите кои требаше да бидат лидери, затоа што се очекуваше тоа од нив. Миркуловски и Мојсовки. Ако Филип корегираше колку толку во одбрана, Мојсо беше разочарување на првенството.

Мизерна игра, премногу технички грешки. Плус, не игра во одбрана, беше убедливо најнекорисниот играч во тимот. И најлошото, нема авторитет кој ќе го седне на клупа за да му дојде паметот. Нема кој да го „скроти“.

Она што ни беше играчки најјаката особина во Србија, одбраната потрфли тука. Блесоци од 20 минути на натпревар и толку. Епа со толку само Катар и Чиле може да се добијат. А убеден сум дека имаме играчи (и надвор од овие повиканите секако) со кои би имале многу јака одбрана.

Тоа што Диви и Алушевски беа „отпуштени“ од составов не е никаква грешка. Треба подмладување бидејќи и за двете позиции имаме по уште два играча кои се солидни наследници. Но проблемот беше што тука од тие двајца употребувавме само еден.

За голман, и неможе двајца океј. Митревски ја доби шансата пред Даскаловски. Дали оправдано или не, не влагам во тоа, но требаше „реновирање“ на таа позиција и го поддржувам тоа.

Е главниот проблем беше кај левото крило. Не смееше Манасков да се остави сам, од неколку причини. Доби преголем замор од игарње цела утакмица, замор кој со искуство не може да го скроти оти го нема. Мораше да имаме свежа опција на крило барем за одбрана. Мора на дете од 20 години да му ставиш некој за конкуренција, за да игра уште подобро.

Десните крила потрфлија. Темелков слаб во она каде што очекував да биде добар, одбраната. Гоце и така игра катастрофа таму. Во напад, топло-ладно и двајцата.

Пикерите ни се топ, но пикерите сами ништо не можат да направат. Мора да игра тимот за нив.

Исто како што тимот треба да игра и за бековите шутери. Мора да изиграат акција, да им постават блок за овие да можат да шутнат како што треба.

Се надевам дека Филип конечно порасна муда, последниве 2 натпревари му беа одлични, голови, асистенции растураше дечкото. Ако продолжи така ќе биде голема помош за брат му.

Али доста е, што бидна бидна, треба промени уште.

Но, нема да има такво, барем не верувам. Затоа што ова ќе се смета за успех, осминафиналето ќе го сметаат за успех, нема да има никакви промени никаде. Ни во играчкоит кадар, ни во стручниот штаб ни во федерација. Нешто што може сериозно да ни го ризикува учеството на ЕП догодина.

Мислам дека и после ова, за жал, состојбата ќе остане статус кво.
:cuc:Ај затворај темава,мислим дека све е кажано:).
 
Манасков 2 пати им дава победи на Германците има нешто :pos: Да бидеме реални многу ни беше и тоа што дојдовме до 1/8 туку ајде некако на сила дојдовме, ама со катастрофална игра...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom