Читав Морати рекол дека со Галатасарај биле договорени и се чекало уште одлуката на Снајдер?
Од толку играчи се фатија за неговата плата?
У неколку наврати го иам читано Син и се согласувам дека Интер би можел сезонава до скудетото ако не се натегаа вака со Снајдер.
Добро е некогаш да се покаже кој е шеф и да се кратат плати и триста чуда ако на тимот не му оди најдобро ама грешка е што се фатија за погрешен човек.
Доста глупо е што многу екипи плачат за плејмејкер а Интер решава да го продаде единствениот.
Штетата веќе е направена, од 27 бодови по Јуве, значи зборам за мечеви во кои можеше да игра Снајдер дека до тогаш беше повреден, они освоија само 11, сега види ја табелата, со него во тим повеќе од 11 сигурно освојуваа, знам дека ова е што би било кад би било муабет али доволно добро го познаваме тимов за да извлечеме ваков заклучок.
Сега со Рома не игра Касано, единствениот способен да го разигрува цел тим со неговите пасови, плус и Милито, но не, Снајдер пак нема да го викнат, па сеа барај им логика, со таа одлука да го замрзнат, раководството на Интер му нанесе ЕНОРМНА штета на самиот клуб, фала им.
И Волкот до денес немаше потпишано нов договор со Арсенал со тоа што он можеше месецов да преговара со било кого бидејќи летоска му истекува договорот, не наредно лето ко на Снајдер, па беше достапен за Венгер а во меѓувреме се преговараше.
На нетов имам начекано неколку фанови на Интер, малку се, што продаваат беден муабет дека Снајдер заебавал работа а никако не можат да одговорат на прашањето, која будала во услови во кои моментално егзистира Снајдер, би потпишал договор со тимот ...
Само човек што не му посакува добро на Интер го оправдува ова што го прави моменталното раководство, ко сите фанови на Јуве, Милан, Наполи и 5% од навивачите на Интер кои очигледно живеат у некој умоболен фантазерски свет каде ова што сега се случува во Интер е Ок.