Челзи - Арсенал | Стемфорд Бриџ | 20.01.2013 | 14:30

  • Креатор на темата Креатор на темата Донев
  • Време на започнување Време на започнување

Ваш тип за натпреварот?


  • Вкупно гласачи
    139
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.852
Поени од реакции
52.918
afc_v_cfc.gif
После дуелите помеѓу Јунајтед и Ливерпул и Арсенал и Сити, во наредното коло од Премиер Лигата не очекува уште едно дерби, овојпат помеѓу Челзи и Арсенал.​
Челзи го дочекува Арсенал на Стемфорд Бриџ во рамките на 23тото коло. Челзи се наоѓа на третата позиција со освоени 42 поени, а Арсенал е на шестата позиција со 34 поени и натпревар помалку.​
За Челзи ова е уште една сезона со многу променлива форма, без константност. Уште една промена на тренери која веќе стана секојдневие за играчите. Арсенал и понатаму со Арсен Венгер на чело, доста променлива фома и само шесто место на табелата кое никако не ги исполнува амбициите на овој клуб.​
На првиот натпревар помеѓу Челзи и Арсенал сезонава кој се одигра на Емирати, Челзи славеше со 1-2.​
Двата тима во последните пет натпревари во ПЛ имаат по три победи, една нерешена и еден пораз. Челзи сезонава е мизерен на домашен терен и тоа е голема предност за Арсенал.​
- Последни пет натпревари во ПЛ помеѓу овие два тима:​
Челзи 2-0 Арсенал​
Арсенал 3-1 Челзи​
Челзи 3-5 Арсенал
Арсенал 0-0 Челзи​
Арсенал 1-2 Челзи
- Информации за тимовите:​
Челзи
- Повреден е само Ориол Ромеу, а Микел и Мозес се во Африка.​
- Можен состав:​
Чех​
Азпиликета - Иванович - Кејхил - Кол​
Луиз - Лампард​
Мата - Оскар - Хазард​
Торес​
- Можно е во одбрана да игра Тери доколку е доволно спремен. Во напад мислам дека ќе почне со Торес затоа што Ба беше стартер два пати по ред, што секако ќе биде голема грешка. Не е исклучена и можноста да проба да игра со Ба и Торес заедно.​
Арсенал
- Повредени се Артета и Фабиански, Росицки е неизвесен додека Кошелни е суспендиран.​
- Можен состав:​
Шчежни
Сања-Мертесакер-Вермален-Гипс
Диаби-Вилшер
Чемберлјен-Казорла-Подолски
Волкот​
Епа како што секогаш викам, во дерби се може да се случи, без разлика на моменталната форма на тимовите. Нас ни останува да се молиме во Ане за да ни помогне да дојдеме до победа на СБ. :D
Очекувам отворен фудбал од двете страни со минимум четири гола во двете мрежи и секако се надевам дека нема да има судиски грешки. :)
 
Ба дава 2 гола, арно ама нерешено ќе заврши.
 
Нека не ве лажат комуњариве дека играме лошо дома, се е тоа тактика.
 
Нека има добар фудбал,без судиски грешки.Нека победи подобриот!
 
Не верувам дека Жути ќе стартува.
 
Демба Ба стрелец, за конечен незнам ама мислам ќе тепа Челзи.
 
Со оглед на формата (на домашен терен) во која се наоѓа Челзи ке бидам задоволен и со Х.
Навивачки гласав за победа,нормално..
 
Навивачки си гласав за Челзи, нормално. Ама објективно гледано, сезонава сме ист фејл и срам ко Арсенал, не знам кој е помизерен. Посебно Челзи на домашен терен со Рафејл Бенифлоп. Одвратно ми е да го гледам човеков на страна на клупа на Челзи, и жал ми е за играчи како Хазард и Мата кои ќе гнијат во овој клуб со некадарен газда и стручен штаб да ги направи играчишта..иако веќе се станати големи играчи.
Сакам да победи Арсенал, и сакам Челзи да изгуби секој ебан меч на Стемфорд се дур еден ден не се симне некој од трибина и да го искоља она прасе на клупа од Бенитез и да го мезиме за Велигден.
 
Откако дојде дебелиов да ги води, кутрите бел ден не видоа.

Венгер ќе го обработи како мало дете.

Ќе добие Арсенал само заради тоа што Венгер ќе го надмудри мрсниот, иако играчки се далеку послаби.

1:2 за Арсенал според мене.
 
Навивачки си гласав за Челзи, нормално. Ама објективно гледано, сезонава сме ист фејл и срам ко Арсенал, не знам кој е помизерен. Посебно Челзи на домашен терен со Рафејл Бенифлоп. Одвратно ми е да го гледам човеков на страна на клупа на Челзи, и жал ми е за играчи како Хазард и Мата кои ќе гнијат во овој клуб со некадарен газда и стручен штаб да ги направи играчишта..иако веќе се станати големи играчи.
Сакам да победи Арсенал, и сакам Челзи да изгуби секој ебан меч на Стемфорд се дур еден ден не се симне некој од трибина и да го искоља она прасе на клупа од Бенитез и да го мезиме за Велигден.

Ба нема да може да јаде :(:(
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom