Донев
★★
- Член од
- 9 мај 2008
- Мислења
- 35.852
- Поени од реакции
- 52.918

После дуелите помеѓу Јунајтед и Ливерпул и Арсенал и Сити, во наредното коло од Премиер Лигата не очекува уште едно дерби, овојпат помеѓу Челзи и Арсенал.
Челзи го дочекува Арсенал на Стемфорд Бриџ во рамките на 23тото коло. Челзи се наоѓа на третата позиција со освоени 42 поени, а Арсенал е на шестата позиција со 34 поени и натпревар помалку.
За Челзи ова е уште една сезона со многу променлива форма, без константност. Уште една промена на тренери која веќе стана секојдневие за играчите. Арсенал и понатаму со Арсен Венгер на чело, доста променлива фома и само шесто место на табелата кое никако не ги исполнува амбициите на овој клуб.
На првиот натпревар помеѓу Челзи и Арсенал сезонава кој се одигра на Емирати, Челзи славеше со 1-2.
Двата тима во последните пет натпревари во ПЛ имаат по три победи, една нерешена и еден пораз. Челзи сезонава е мизерен на домашен терен и тоа е голема предност за Арсенал.
- Последни пет натпревари во ПЛ помеѓу овие два тима:
Челзи 2-0 Арсенал
Арсенал 3-1 Челзи
Челзи 3-5 Арсенал
Арсенал 0-0 Челзи
Арсенал 1-2 Челзи
- Информации за тимовите:
Челзи
- Повреден е само Ориол Ромеу, а Микел и Мозес се во Африка.
- Можен состав:
Чех
Азпиликета - Иванович - Кејхил - Кол
Луиз - Лампард
Мата - Оскар - Хазард
Торес
- Можно е во одбрана да игра Тери доколку е доволно спремен. Во напад мислам дека ќе почне со Торес затоа што Ба беше стартер два пати по ред, што секако ќе биде голема грешка. Не е исклучена и можноста да проба да игра со Ба и Торес заедно.
Арсенал
- Повредени се Артета и Фабиански, Росицки е неизвесен додека Кошелни е суспендиран.
- Можен состав:
Шчежни
Сања-Мертесакер-Вермален-Гипс
Диаби-Вилшер
Чемберлјен-Казорла-Подолски
Волкот
Сања-Мертесакер-Вермален-Гипс
Диаби-Вилшер
Чемберлјен-Казорла-Подолски
Волкот
Епа како што секогаш викам, во дерби се може да се случи, без разлика на моменталната форма на тимовите. Нас ни останува да се молиме во Ане за да ни помогне да дојдеме до победа на СБ.

Очекувам отворен фудбал од двете страни со минимум четири гола во двете мрежи и секако се надевам дека нема да има судиски грешки.
