Гори македонска пошта

Статус
Затворена за нови мислења.
Тури и курот на поштата, влиделот ќе изгради поголема поубава и постара од оваа грдосија сега во БАРОК стил.
Туку некој ако си има проблем еве го лекот да не талкате, да не се чудите и пребарувате на сите страни.
530569_4866961684822_1905790928_n.jpg

Кога сме веќе тука : Продааам БМХ 20 години стар ама сочуван је како нов !! тркачки контраш му работи контрата гуми две внатрешни резерва гратис давам !!
 
дате прашам само тој мемикс е од тие споцките или стандарден и ме интересира уште нешто точакот дали е со 2 амортизера илисо еден на средината?

хахаха луда работа свашта ке прочиташ.. инаку онтопик

Зградата на Пошти не била осигурена. Во тек бил тендер на кој се пријавиле неколку осигурителни компании, но уште не била избрана најдобрата понуда, потврди генералниот директор на Пошти Рафис Алити.

Според него во тендерот било посочено дека избраната компанија ќе биде задолжена за осигурување од почетокот на годината и покрај тоа што не бил потпишан договорот. Но не е познато дали сега по пожарот ќе се повлечат компаниите понудувачи.

Пошта ќе формира комисија за проценка на штетите, дел од парите и пратките кај шалтерите изгореле, а дел биле ставени во сефови.

зградата не била осигурана ама ДЕЛ од парите сепак изгореле дел у сефови биле.... ај да видиме колкав е тој ДЕЛ - ако воопшто дознаеме...
 
Нема причина за сарказам и иронија на оваа тема, али ај нека ви биде. И не, ниту јас ниту блиску ниту подалечни роднини ни пријатели не ми работат во пошта.
Па сите се шчоњи..
 
Малку off topic, а можда и не..

Поштата била најдобро архитектонско дело во Македонија за 1975 година

Објекот во кој работеа „Македонски пошти“, кој се запали вчера, е најпознато дело на битолскиот ликовен уметник и архитект Јанко Константинов (1926 - 2010), за кого се смета дека ја внел современата светска архитектура на македонскиот простор. Авторот, за Телекомуникацискиот центар во Скопје, ја има добиено престижната Борбина плакета за архитектура во Македонија за 1975 година.

За овој објект е пишувано со пофалби и во угледните странски списанија, како во италијанското „Л аркитектура“.

За неговото дело карактеристични се формата што прераснува во скулптура и откривањето на експресивноста на натур бетонот.

Како етаблиран и афирмиран проектант од Калифорнија, Константинов по катастрофалниот земјотрес во 1964 година одлучил да се врати во Скопје и да придонесе во изградбата на разурнатиот град. Работел на планот на централното подрачје на Скопје, на сеизмолошката станица во Валандово. Од 1966 година ги изработил своите највредни конкурсни проекти: „Младински дом, седум секретари на СКОЈ“ во Загреб, Собрание на град Скопје, Трговски центар во Скопје, споменик на Илинден во Крушево, МАНУ во Скопје, административна зграда на ГП Пелагонија, Ормен банка во Техеран, повеќенаменска кула во Кувајт, вила во Грција и вила во Солун. Во овој период се проектирани и изведени неговите архитектонски ремек-дела: Педагошка гимназија „Никола Карев“ во Скопје 1965-1968; Медицински центар во Скопје 1968-1970; Телекомуникациски центар за ПТТ во Скопје - прва фаза 1972-1974 и шалтер салата, втора фаза 1979-1980,
хотелот „Александар Палас“, објектите на „Т-мобиле“ МК во комплексот на Македонски телекомуникации.

Студирал на Архитектонскиот факултет во Белград. Во 1954 година заминал на специјализација во Кралската данска академија за архитектура и уметност во Копенхаген. Оттогаш, па сè до крајот на 1964 година, работел во странство. Во тој период Константинов бил во центарот на актуелните светски збиднувања во архитектурата, имајќи можност да работи во најелитните проектантски бироа.
Во 1958 година го проектирал музејот во градот Олборг во Данска. Од 1958 до 1964 година, престојувал во Лос Анџелес, во САД.
Од проектите од овој период се издвојуваат: покриениот пливачки базен во Лос Анџелес 1960-1962 и Научниот центар за Јужна Калифорнија 1962-1965.

Покрај наградата за Телекомуникацискиот центар, Константинов е носител и на Борбина плакета за архитектура во Македонија во 1969 година за Педагошка гимназија „Никола Карев“ во Скопје, наградата „11 Октомври“ на СР Македонија за архитектура и уметност во 1975 година за Телекомуникацискиот центар во Скопје, наградата „Андреј Дамјанов“ во 1994 за севкупното архитектонско творештво и др.
Донирал 108 акварел слики во Битолското биро и музеј. Работел и на фрески и икони за битолската црква „Пресвета Мајка Божја“.
 
Off topic:
Што му е филмот на Рафиз Алити со тоа капчето што не го вади од глава? Дали капчето има некаква симболика или е едноставно моден детал? Или можда има тртка на главата...или па под капчето се крие некаков предавател преку кој дотичниот комуницира со Големото Џиновско Кече?
 
Под неговата капа се крие светиот грал.
 
Е ај иди не пукни од мака и љубомора кога еден директор на национална пошта има говор и речник како еден обичен лешпер кој продава цигари на Битпазар.Што држава сме мајко мила,се нека се запали,ние не заслужуваме подобро.
Рафиз мислам дека со капата заспива,се буди,се бања,сере,клецка,таа е дел од него,затоа без коментари за неговото црно кече.
 
Нема добар говор, тоа не е дилема, но сигурно има подобар говор и речник од спикерот Велја......
 
Нема добар говор, тоа не е дилема, но сигурно има подобар говор и речник од спикерот Велја......
Не алудирам на националноста,не ми беше тоа главната поента.За мене политичар или партиски директор е човек што не успеал во животот на никаков начин и решил да успее со крадење,измама,лажење,к.ропушење и слични активности карактеристични за тотални утки и дебили.
 
требаше една анкетичка ...дали мислите дека е подметнат или не...јас сум дека е пдметнат..ама малце нелогично ми е и чудно шо не ни бил осигуран...баш оваа година :unsure:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom