СП Шпанија 2013: Македонија - Данска 18.01.2013 20:15 часот

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.277
Поени од реакции
85.020


Последно коло во групата Б.

Нашите ракометари се веќе во 1/8 финалето но со пораз од Данската репрезентација завршуваме на 4тото место а тоа значи дека наш противник во нокаут фазата ќе биде првопласираната екипа од групата А а најголем фаворит за тоа е Олимпискиот шампион Франција.
За да се избегне Олимпискиот ќе треба да се победи Европскиот, а тоа е нашиот должник од истот ЕП кога во последните секунди од напад за победа стигнавме до несреќен пораз.

Шанса за одмазда имаме веќе во петок кога Данска можеби и помалку релаксирано ќе излезе на мегдан со репрезентацијата што во 4 натпревари има 2 победи,пораз и нерешено.

Дали Шундо ќе научи ново ракометарско правило? Дали противниците ќе играат фластер на Лазаров? Дали Наумче ќе направи сељачки потег? Дали пак ќе ни требаат 5-6 дијазепама за време на мечот?

Одговорите на овие и повеќе прашања дознајте ги на Сител овој петок во 20:15ч.



Со среќа нека ни е, и запомнете планот за мечот е едноставен.




Само смирено и ќе стигнеме до нашата цел. Само смирено.
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
За Данска ќе се прашаме (тоа малце тешко )
 

acermk

лавот во сенка
Член од
18 јуни 2009
Мислења
1.924
Поени од реакции
833
Зависи од вечерашниот натпревар се надевам Данска ќе си победи како што е редот и после да игра со помалку сили против нас зада имаме некои шанси за победа..се надевам денешното тешко извоено реми ќе им даде дополнителна мотивација на нашиве за да играат како што знаат и умеат...
 

Пратеник

Ала Мадрид
Член од
28 ноември 2011
Мислења
995
Поени од реакции
617
Хансен е повреден ,со коленото мака имал .Можи утре да го замаваме по колено да не му текне да влезе поќе (y).
И така на победа да одиме :)
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.494
Поени од реакции
11.244
Навивајте сега Данска да тепа па Петок со нас сигурно ќе си го ладат така да............
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.660
Е сега ќе ги смачкаме...:icon_lol: Иначе да се подобри малце егото на играчиве, едноставно се плашат да нападнат, а во одбрана правиме многу малку фаули, доста сме смирени а другите репрезентации се доста агресивни и одат до работ на исклучување. Доста грешки, промашувања, да се надеваме дека тука ќе се искористат сите грешки во групнава фаза, а во осмина финалето да бидеме како што се покажавме претходно.
Можно е данците да ни ја пуштат секако они се прво место, и ќе гледаат да ги исфрлат Исланд и Русија така што една од нив ќе оди на 4тото место што значи да игра со Франција, и така која и да игра од вие 2 репрезентации е послаба од Франција, искрено може нас данците да не пуштат да одиме понатаму бидејќи сеќавам ќе сакаат да се паднат во некое четврт финале или понатаму со нас.

Ја сеуште ја гледам Македонија во финале за вас не знам. :cool:
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.494
Поени од реакции
11.244
А

Атомската мравка

Гостин
Повеќе оптимист сум дека ќе ја тепаме Данска него ли што верував дека ќе успееме Русија и Исланд да ги победиме, нема да форсираат сигурно премногу Данците + Хансен не верувам повеќе од 10-15 минути да игра така да тепаме па што сака нека биде.. само прво нека ја завршат работата Данците вечер против Исланд да си осигураат прво место во групата.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
За да нема малери :coffee: И со Русија немаше анкета
Не виде со Чиле,Катар и Исланд имаше многу против шо гласаа :coffee:
Тоа гласавме малерите што сме секад. Еее одма кодоши, бугарофили не направивте.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom