Па зошто не чепнете по нет бе аман. Се да ви се сервира. Ептен мрзливи.
Дерик Бурден шетал на 16 кат од зградата во Конвент Гарден кога ја снимил фотографијата на која наводно се гледаат 4 НЛО – а. Летачките објекти тој не ги забележал кога сликал, но кога после неколку дена ја погледнал фотографијата заедно со сопругата Сара, тој забележал необични форми на облачното небо. Оваа глетка е снимена со мобилен телефон рано наутро, а е фотографиран пејзаж на Лондон како и четири светла кои се гледаат над парламентот, пишува Daily Mai. Дали може навистина да станува збор за НЛО?
“Чекав да ми стигнат некои материјали. Па помислив да излезам на терасата и да испијам еден чај. Бев на 16 – ти кат и снимив една фотографија за мојата сопруга која не доаѓа често во Лондон.“- раскажувал 40 – годишниот Бурден.
“Тогаш не забележав ништо, затоа што се концетрирав на прекрасната глетка, но кога на сопругата Сара и ги покажав сликите, таа ме праша какви се тие светла на ќошот? Бурден тврдел дека не станува збор за рефлексија на светлината бидејќи снимал на отворено а не преку стакло.
“Јасно се гледаат четири летачки чинии сите со иста големина. Кога им ја покажав снимката на колегите на градилиштето, беа запрепастени“, изјавил Бурден за “Daily Mail.
Дали ова се навистина облици на вонземјански летала или за нив постои логично објаснување?
“Не знам што се овие кругови, никогаш не сум верувал во НЛО. Но ова е големо пространство а фотографијата говори сама за себе.“- изјавил Бурден