Едно најрационално прашање да поставам. Го гледаме сите Шундовски на тајм-аут, па и сликовито преку поставеноста на нашите играчи до каде му се можностите. Но како сето тоа проаѓа кај една Констанца? Или таму други се приликите, таму шундо и навистина кажува нешто а овде преголемо е влијанието на одредени поединци? Еве некој битолчанец нека каже што одблиску го познава човеков како тренер на Пелистер, или било кој друг. Стварно не ми се јасни работите... Сепак стратег со долгогодишно натпреварувачко искуство во сосема солидни екипи и натпреварувања не ми соодветствува со ова што ние го гледаме.
Вака друже...долго време имав прилика да го следам Пелистер под негово водтсво,а сум следел и многу тренинзи....

па некако да ти објаснам...како некоја биографија....
Звонко како играч не беше лош,иако никогаш не беше во преден план во Пелистер,секогаш во Пелистер имало многу звезди,па Звонко беше во втор план..
Имаше долга кариера,играше и во некои други екипи низ Македонија какоЖито Битола(на времето филијала на Пелистер).... Јафа Промет,Струга....
На крај на кариера,на некои 30 и кусур години се врати во Пелистер и ја заврши кариерата....
Пелистер падна во криза,па искористи шанса шо клубот немаше пари за тренер од страна и седна на тренерската фотеља во Пелистер....
Да не го тупам,лапна двојна круна,ама и јас да бев тогаш со таа екипа(Манасков,Мојсо,Диви,Димовски,Јовиќ,Аљуш,Зарков,Ангеловски,Маљцев итн).....ќе успеев да освојам нешто....
Се растури таа екипа,клубот немаше услови за некои поголеми успеси и Звонко си остана да работи во просечна средина..и нормално не успеа да го извлече клубот од сивилото....
Далеку од то дека е слаб тренер,добро работеше со некои млади таленти од Пелистер....немаше услови за нешто повеќе...во такви екипи во кои не се знае шо ќе биди наредниот месец(дали ќе постои екипата или не)џабе е и тренер да е Клод Онеста....
Во Металург дојде,голем чекор во неговата кариера,сепак во таква екипа со таков буџет немаше место за тренер без реноме и рејтинг..
Да не го тупам...
Звонко не е лош тренер,ја разбира играта,без разлика шо многумина го критикуваат,не е некој индијанец...но сепак според мене ја нема таа
ДРСКОСТ да не речам
ХРАБРОСТ за да води една екипа со повеќе звезди и усвитени глави,и многу,многу
НАДУЕНИ ЕГА...
Во Пелистер,немаше храброст да вика кога ќе грешеа по некои постари играчи со голем рејтинг во клубот како Златко Димитровски,Зарков,Поповски,...па и кога беа звездите во екипата како Диви,Манасков и компанија....
Во репката ист случај,без разлика шо многу
НЕРАКОМЕТНИ ФАКТОРИ имаат преголемо влијание врз изборот,играта на репрезентацијата,сепак и покрај се,едноставно мора да покажи
АВТОРИТЕТ.... без авторитет врз комплетната екипа да ти се плукнам во тренерот...во било кој спорт...
Овде дечкото се најде во небрано,нема можност и да сака да стави ред,а од друга страна мила му е фотељата и привилегиите кои ги носи(така си обезбеди и транфер во странство,ако не беше селектор на репка која направи голем успех,немаше шанса да замини во клуб од ЛШ)
Знаеше да работи сериозно со младите играчи,кои рака на срце ги слушаа неговите совети,критики.....знае да објасни..
По мое би бил феноменален тренер во екипа која има млади играчи,која работи на долги патеки и која нема да брза да направи успех по секоја цена....
Овде е жртва на многу луѓе,на хоштаплерите од РФМ,на звездите од типот на Мојсо,Кире,Борко....а од друга страна дечкото по природа не е некој
КУРАЈБЕР и УСВИТЕНА ГЛАВА (како Савевски)па да ги отера у пичку матер(како шо и заслужуваат)..
Мирен е по природа,иначе да беше некој друг на негово место досега ќе ги отераше у курац сите....како шо напрај Савевски...цар...

Искрено јас едвај чекам да дојди во репката тренер со цврста рака,тренер шо ќе има авторитет...па да почни да ги средува работите,кои забегаа у курац.....
Колку поскоро го напрајме ова како репрезентација,толку побрзо ќе личиме на сериозна ракометна сила,вака сме премногу аматерски организирани.....работи шо се споредни,но имаат клучна улога во резултатите на македонскиот ракомет...
Се надевам дека разјаснив некои работи.....