Вонземјани, НЛО...

Верувате ли дека постојат вонземјани?

  • Да

    Гласови: 1.734 79,1%
  • Не

    Гласови: 458 20,9%

  • Вкупно гласачи
    2.192

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Human, сега засега методите на детекциија на егзопланети даваат позитивни резултати само за планети поголеми едно дузина пати од Јупитер или поретко, планети поголеми едно 8-10 пати од Уран. Тоа е зошто овие планети се масивни и се полесни за детекција.

Ништо не вели дека помали планети не може да постојат околу системите кои денес се сметаат дека се само ѕвезди, без планети.

Инаку, околу 90% од наводните вонземски цивилизации доаѓаат од бинарни системи. Weird huh? :D

Дури се смета дека можено е и нашиот систем да е бинарен.

Ако е вистина, тогаш постои некаква "формула за живот" која е ефективна во бинарни или повеќечленски системи.
Види, голем дел од ѕвездите во нашава галаксија се двојни системи, ама досега немам слушнато да е откриена планета која постои во таков систем. :)
А би требало да постојат, иако орбитите им би биле малку издолжени...
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606

Alpha Centauri

Sirius

Altair

мислам дека и Cygnus Alpha беше бинарен.

O! O! O! Antares! Ќе заборавев! ;)

Ќе побарам уште ако овие не се доволно.

Најмногу инфо има за Sirius и Alpha Centauri на нет. Ако сакаш провери :P.
 
Член од
18 мај 2010
Мислења
149
Поени од реакции
54
"Ако не посетат вонземјани, исходот ќе биде сличен со пристигнувањето на Колумбо во Америка, нешто што не излезе добро за Индијанците. Доволно е да се погледнеме себеси за да видиме како интелигентната форма на живот може да се развие во нешто што не сакаме да го запознаеме,"
"За мојот математички ум, самите бројки ме водат кон заклучок оти постоењето на вонземјани е комплетно разумна претпоставка. Вистинскиот предизвик е да сфатиме какви всушност би биле тие,"
Овие работи пред некое време ги изјави Стивен Хокинг и уште вели
Наместо да праќаме информации со дијаграми за точната местоположба на Земјата во вселената, луѓето треба да направат сè што е во нивна моќ за да го избегнат контактот со вонземјаните.

Јас мислам дека човеков е сосема во право
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
"Ако не посетат вонземјани, исходот ќе биде сличен со пристигнувањето на Колумбо во Америка, нешто што не излезе добро за Индијанците. Доволно е да се погледнеме себеси за да видиме како интелигентната форма на живот може да се развие во нешто што не сакаме да го запознаеме,"
Ќе поставиме нуклеарки насекаде, и ако почнат да војуваат со нас, ако ни завземат територија само ќе ги активираме нуклеарките и решен проблем.
Другпат нема да му текни да дојдат тука со освојувачки намери. :)
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585

Идеава ти е генијална како и во нивата да си ставиш мини т.е да ја направиш минско поле за да не ти ја газат комшиите
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Идеава ти е генијална како и во нивата да си ставиш мини т.е да ја направиш минско поле за да не ти ја газат комшиите
Не бе. Тоа ти е како да поставиш експлозив со далечинско активирање, и кога ќе ти влези комшијата, притискаш копчето и БУМ! Па после ќе размислат другите комшии дали да влезат... :)
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Не бе. Тоа ти е како да поставиш експлозив со далечинско активирање, и кога ќе ти влези комшијата, притискаш копчето и БУМ! Па после ќе размислат другите комшии дали да влезат... :)
Само лудак би останал во празен бришан простор :) и впрочем што ти падна на ум ваква идеа за одбрана од вонземјани? (ја затеравме накај ЧДА со коментариве)
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Само лудак би останал во празен бришан простор :) и впрочем што ти падна на ум ваква идеа за одбрана од вонземјани? (ја затеравме накај ЧДА со коментариве)
Целта ми беше да кажам дека ако нас не ни припаѓа оваа планета, нема да му припаѓа на никој друг. :)
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
"Ако не посетат вонземјани, исходот ќе биде сличен со пристигнувањето на Колумбо во Америка, нешто што не излезе добро за Индијанците. Доволно е да се погледнеме себеси за да видиме како интелигентната форма на живот може да се развие во нешто што не сакаме да го запознаеме,"
"За мојот математички ум, самите бројки ме водат кон заклучок оти постоењето на вонземјани е комплетно разумна претпоставка. Вистинскиот предизвик е да сфатиме какви всушност би биле тие,"
Овие работи пред некое време ги изјави Стивен Хокинг и уште вели
Наместо да праќаме информации со дијаграми за точната местоположба на Земјата во вселената, луѓето треба да направат сè што е во нивна моќ за да го избегнат контактот со вонземјаните.

Јас мислам дека човеков е сосема во право
Имам почит за овој човек, ама ваквиот начин ан отсликување на вонземјаните е погрешен. Да наводно постојат такви цивилизации кои ја посетувале планетава во минатото а и сега, а и да не го земеме тоа во предвид, теоријата позади егзобилогијата го тврди истото, дека такви цивилизации е можно да се формираат.

Но сепак Хокинг ги става сите вонземски раси во една кошница, што е погрешен пристап.

И на крај, ова доаѓа од човек кој е астрофизичар. Не е антрополог, психолог, биолог/егзобиолог, семантичар, нити филозоф.

Се извинувам, но мислам дека нема баш многу кредибилитет да говори како вонземски цивилизации би се однесувале, макар и во теорија. Треба да се држи тоа тоа што го знае најмногу - теоретска физика.

Без навреда кон човекот, но така е.

Целта ми беше да кажам дека ако нас не ни припаѓа оваа планета, нема да му припаѓа на никој друг. :)
А што всушност ни кажува дека го поседуваме овој соларен систем? Или планетава?

Имаме право на власништво толку колку што имаат мравките кои си направиле своја "цивилизација" во ќошот од нечиј двор. Ако му сметаат на власникот на дворот, тој ќе си искористи RAID и завршена работа. Или ќе го уништи мравјалникот во процес на кастрење на тревата.

Премногу сме горди на тоа што сме го постигнале до сега. И не велам дека е малку или безначајно. Туку дека е малку или безначајно за некој друг кој не само што е поразвиен во секој аспект од нас, туку има и поинаков начин на размислување. И како што ние би ги уништиле мравките и нивниот мравјалник од гадење, од немарност, поради заштита, или поради некој рутински процес, како и да е, и ние така би можеле да бидеме уништени. Никој не застанал да размисли за мравките и нивното добро, нели? Зошто некој би се замарал со нашето добро и иднина?

Можеби сме супериорни на планетава, но сигурно сме инфериорни во поширокото интерстеларно соседство.
 
Уште нешто во аналогијава:
Што ако мравките имаат оружје со кое би можеле барем малку да се бранат и да нанесат штета на непријателот?!

За ова последното се согласувам, можеби не сме супериорни (далеку од тоа) спрема некои вонземски раси. :)
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Уште нешто во аналогијава:
Што ако мравките имаат оружје со кое би можеле барем малку да се бранат и да нанесат штета на непријателот?!

За ова последното се согласувам, можеби не сме супериорни (далеку од тоа) спрема некои вонземски раси. :)
Имаат... касаат и пуштаат киселина, ама ќе ги осетиме само ако ги голтнеме :)
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Уште нешто во аналогијава:
Што ако мравките имаат оружје со кое би можеле барем малку да се бранат и да нанесат штета на непријателот?!

За ова последното се согласувам, можеби не сме супериорни (далеку од тоа) спрема некои вонземски раси. :)
сакаш да кажеш .. дека на Цивилизација која би можела да дојде до нас, која би имала незамислива технологија .. у моментов сме способни на некој начин да им нанесеме штета?
 
Член од
18 мај 2010
Мислења
149
Поени од реакции
54
Имам почит за овој човек, ама ваквиот начин ан отсликување на вонземјаните е погрешен. Да наводно постојат такви цивилизации кои ја посетувале планетава во минатото а и сега, а и да не го земеме тоа во предвид, теоријата позади егзобилогијата го тврди истото, дека такви цивилизации е можно да се формираат.

Но сепак Хокинг ги става сите вонземски раси во една кошница, што е погрешен пристап.

И на крај, ова доаѓа од човек кој е астрофизичар. Не е антрополог, психолог, биолог/егзобиолог, семантичар, нити филозоф.

Се извинувам, но мислам дека нема баш многу кредибилитет да говори како вонземски цивилизации би се однесувале, макар и во теорија. Треба да се држи тоа тоа што го знае најмногу - теоретска физика.

Без навреда кон човекот, но така.
Јас се сложувам со ова, но мислам дека е во право кога вели дека луѓето треба да направат се што е во нивна моќ за да го избегнат контактот со вонземјани или според мене да го одложат се до моментот кога ние(луѓето) не дознаеме нешто повеќе за нив од каде доаѓаат, како функционираат и.т.н. Зошто не би можеле да претпоставиме како би се однесувале кога би стапиле во контакт со нас, тие би немале зошто да разговараат,преговараат бидејќи би биле многу поразвиени,помоќни и би можеле да не контролираат, да владеат со нас или можеби да не уништат и да ги користат нашите ресурси, да се населат на земјата......... едноставно би можеле да прават што сакаат, а ние би биле номоќни ништо да направиме.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
сакаш да кажеш .. дека на Цивилизација која би можела да дојде до нас, која би имала незамислива технологија .. у моментов сме способни на некој начин да им нанесеме штета?
Да...
Доколку сакаат да ни ја завземат Земјата, или делови од неа, способни сме да им наштетиме. Па и ние сме интелегентни. :)
Едноставно може, постојат доста тактики...
Уништување на ресуристе однапред, заседи.... мислам сето тоа со нуклеарно оружје.
 
Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Абе зошто мислите дека вонземјаните ако не посетат би биле непријателски настроени кон нас?Јас пак мислам дека е обратно:toe:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom