"Ако не посетат вонземјани, исходот ќе биде сличен со пристигнувањето на Колумбо во Америка, нешто што не излезе добро за Индијанците. Доволно е да се погледнеме себеси за да видиме како интелигентната форма на живот може да се развие во нешто што не сакаме да го запознаеме,"
"За мојот математички ум, самите бројки ме водат кон заклучок оти постоењето на вонземјани е комплетно разумна претпоставка. Вистинскиот предизвик е да сфатиме какви всушност би биле тие,"
Овие работи пред некое време ги изјави Стивен Хокинг и уште вели
Наместо да праќаме информации со дијаграми за точната местоположба на Земјата во вселената, луѓето треба да направат сè што е во нивна моќ за да го избегнат контактот со вонземјаните.
Јас мислам дека човеков е сосема во право
Имам почит за овој човек, ама ваквиот начин ан отсликување на вонземјаните е погрешен. Да наводно постојат такви цивилизации кои ја посетувале планетава во минатото а и сега, а и да не го земеме тоа во предвид, теоријата позади егзобилогијата го тврди истото, дека такви цивилизации е можно да се формираат.
Но сепак Хокинг ги става сите вонземски раси во една кошница, што е погрешен пристап.
И на крај, ова доаѓа од човек кој е астрофизичар. Не е антрополог, психолог, биолог/егзобиолог, семантичар, нити филозоф.
Се извинувам, но мислам дека нема баш многу кредибилитет да говори како вонземски цивилизации би се однесувале, макар и во теорија. Треба да се држи тоа тоа што го знае најмногу - теоретска физика.
Без навреда кон човекот, но така е.
Целта ми беше да кажам дека ако нас не ни припаѓа оваа планета, нема да му припаѓа на никој друг.
А што всушност ни кажува дека го поседуваме овој соларен систем? Или планетава?
Имаме право на власништво толку колку што имаат мравките кои си направиле своја "цивилизација" во ќошот од нечиј двор. Ако му сметаат на власникот на дворот, тој ќе си искористи RAID и завршена работа. Или ќе го уништи мравјалникот во процес на кастрење на тревата.
Премногу сме горди на тоа што сме го постигнале до сега. И не велам дека е малку или безначајно. Туку дека е малку или безначајно за некој друг кој не само што е поразвиен во секој аспект од нас, туку има и поинаков начин на размислување. И како што ние би ги уништиле мравките и нивниот мравјалник од гадење, од немарност, поради заштита, или поради некој рутински процес, како и да е, и ние така би можеле да бидеме уништени. Никој не застанал да размисли за мравките и нивното добро, нели? Зошто некој би се замарал со нашето добро и иднина?
Можеби сме супериорни на планетава, но сигурно сме инфериорни во поширокото интерстеларно соседство.