Moe razmisluvanje e deka nie sme vestacki sozdadena rasa (za koja ne i se znae celta).
Мислам дека првобитно сме создадени како робовска раса, а кога тие што не создале си заминале (од што немале веќе потреба од нас, или зошто имале друга потреба на друго место), сме останале сами да се развиваме. Во текот на времето и други цивилизации имаат манипулирано со нашите гени исто така.
Има некои тврдења дека ние сме симбол на единство и мир меѓу две завојувани фракции на вонземјани. Како олицетворение на мирот помеѓу нив, направиле животна форма според нивната генетска структура која ги содржи гените и на двете страни. Но со врзувањето на ДНКата очигледно сме ги наследиле и нивните агресивни и воинствени тенденции со што нашата историја е сведок.
Нашата цел? Треба сами да ја дефинираме, а не да ни ја постават други, макар биле и наши создавачи.
Vo denesen den sovremeniot covek se trudi da go napravi istiot proces (nanotehnologija i robotika). No dokolku nie sme sozdadeni od materija, od sto e sozdaden toj sto ne napravil, dali od nekoja nadmaterija ili nesto slicno.
Најверојатно од истото што и ние.
"И Бог го создаде Човекот според сопствениот лик"
Не е ни чудно што доста луѓе од најмали до најстари, кои имале некаков контакт со вонземјани, тврдат дека истите личат на луѓе баш како нас, и дека ако сакаат, можат да се претопат во глобалната човечка маса поради нивниот готово ист изглед.
Има разни нивиа на свесност. Прашање е до кое ќе стигнеме. Додека да дојдеме на исто ниво на Свесност како нашите креатори, тие веќе ќе имаат можност да одат во друг Универзум.
Ми ја сфаќаш поентата? Никој не се родил или е создаден со целосна Свесност за своето постоење или неговата цел. Во тоа веројатно е и убавината.
Навистина и теоријата на алхемијата и херметизмот го кажуваат истото.Дека ние сме дојдени од планета која е многу поголема од нашата.Затоа и нашата свест е многу поголема од животните
Не би те советувал многу да читаш Херметизам. Хермес е еден од предавниците наречени Гиза Авангарда и се претставувал како амбасадор на "Боговите" пред луѓето. Малку треба да ги истражиш изворите на знаење од каде доаѓаат.
Е ајде да речеме и дека постојат такви некои,можеби има не велам не.Ама зошто сите снимки за НЛО се заматени и необични?ама ајде,луѓето си прават бизнис а ние се замараме.
И зошто секогаш во Америка?Што сме ние помалку?хаха
Зошто просечниот човек нема HD камера и квалитетна опрема со себе 24 часа на ден, 7 дена во неделата за да биде сигурен дека кога и да се случи да има таква појава дека ќе ја фати со најдобар квалитет. Е затоа.
И не е секогаш во Америка. Најмногу НЛОа се снимени во Велика Британија, што е дел од Европа, а не Америка. Ние, верувале или не, според MUFON (Мutual UFO Network), Македонија е на 4то место на ранг листа на UFO појави. Се уште не можам да сфатам како е тоа, кога сум граѓанин на државава, а не сум забележал толку НЛО активност. Можеби гледам на погрешна страна
whoknows?
Правење на подземна база во Македонија и преговори во тек ??? Ај објасни повеќе кој тоа правел подземна база и кој преговарал???
Така слушнав. Наводно кај Галичица. Можно е да е дезинформација. Држам отворен ум и кон тоа.
Впрочем, ако имаше доволно (не премногу!) докази, самите влади би признале...
Ако Грујо и компанија го продадат името на Македонија, мислиш дека ќе мѕ кажат на народот? Дека направиле некаков договор со Грција е ЕУ? Со кој ја забетонирале целата работа?
Стави го тоа во контекст на вонземјаните сега. Ако владите од светот (кои и да се, нема да го набријувам), направиле некаков договор со одредени раси на вонземјани, и гадно ја заебале целата работа, мислиш дека ќе излезат јавно со тоа?
"Еј знаеш, ве заебавме, потпишавме договор со кој дозволивме одредена количина на луѓе да бидат киднапирани и дисецирани од страна на вонземјани, но длабоко ви се извинуваме".
Вака ми прикажуваат некои клипчина со лош квалитет, без звук. прават интервјуа со луѓе кои наводно виделе НЛОа... наводно убиваат луѓе кои божем издале некои тајни за тоа...
Ако е наводно сето тоа зошто не провериш? Страв ти е дека можеби не си во право?
Но еве да речеме дека е така како што ти велиш дека е. Затоа имам прашања: Зошто вонземјаните пак се кријаат од нас? Зошто тоа не оди во јавност? Зошто вонземјаните би ги слушале владите?
Едни немаат интерес за се појават јавно, или тоа оди против нвната агенда, други пак од ограничувања, не можат да се појават јавно и да сакаат, туку само кратки контакти со одредени индивидуи.
Го гледав овој, документарец ајде да го наречам баш ти што го имаше постирано на оваа тема и најуверливо изгледа до сега дефинитивно. Само пак, може ли да им веруваш на луѓе што првпат ги гледаш дека стварно работеле на високи функции?
1. - Тоа може мнпгу лесно да се провери - Thank God for the internet
2. - Ако не се тоа што се претставуваат дека се, тогаш местата каде е наведено дека работат, ќе се јават да кажат ако е тоа лага.
3. - Ако си го гледал целосниот извештај кај сите луѓе, ќе видиш дека секој ја потврдува ситуацијата од своето поле на експертиза, кое и да е. Рандом луѓе тоа не можат да го изведат.
Светото писмо има објаснување за тоа, исто така и куранот има ако во тоа не веруваш, зашто тогаш не го погледнеш филмот паранормал активити? и во тоа ли не веруваш кое е документирано?
Гледај го Fourth Kind. Имаш снимки од реални летала, како и вистински видео и аудио материјали, а се обработува и темата за обседнување. Која нема врска со демони туку вонземјани. Гледај го филмот ќе сфатиш.
Само две прашања до тебе:
1- Од кога на демоните им се потребни летала да летаат?
2- И, ако воопшто се работи за демони, зошто се физички ранливи, а и бајаги смртни? Како нас?
Еве ви едно интервју што може да се смета како сериозен доказ.
А овде да прочитате кој е човекот:
http://en.wikipedia.org/wiki/Gary_McKinnon
А каде бевте сите кога ви зборев за овој човек, уште од кога се зачленив на кајгана? Мислам дека го постирав истово видео.
Фала богу еве еден знае кој е човеков и неговата приказна.
Гледам друже и тебе те игнорираат, како и повечето кога ќе им плеснеш во лице нешто за кое немаат одговор.
За овие вонземјани збориш?
(внимание! не е за сечии очи!)
http://www.crowdedskies.com/human_mutilations.htm
Тие наводно доаѓаат од Зета Ретикули II. И да, не гледаат нас како што ние ги гледаме кравите. Кратко и јасно. Мислам дека е разбирливо што сакам да кажам.