Видео: Кинеските власти признаа дека е НЛО
Кинеските власти, по цели 14 години одлучија да ја споделат со јавноста видео снимката на еден непознат летечки објект над Пекинг.
Многумина се сомневаат дека кинеската влада, како и многу други, кријат информации за вонземјански посети на своја територија, а во последно време се почесто се појавуваат снимки и информации за НЛО видени над кинеската територија.
Видеото кое крена доста прашина е снимено во 1995 година, а во Кина за него почна да се дискутира дури на почетокот на годинава, иако на интернет се врти веќе неколку години.
Наводниот НЛО бил забележан над Пекинг во 1995 година и речиси 14 години ја носеше на етикетата строго чуваната тајна на кинеската влада.
Неидентификуваниот летечки објект во видео снимката наводно е прогласен за навистина неидентификуван, бидејќи не можело да се пронајде логично објаснување за овој феномен. Владините научници по подлабока анализа и набљудување заклучија дека се работи за природен или вонземјански феномен кој не го разбираме.
2.11.2009