Неологизми

Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.546
Нови зборчиња и изрази.

Еве еден тазе термин за стар концепт. Hate watching: Watching TV shows you actually hate. Као на пример, некое шоу на Драган Вучиќ, или рандом реално шоу.

Бихејвиорална матрица на хејт вочинг: ред фејспалмови, ред превртуење со очи, ред facial cringes кога те јаде туѓ срам. Одеднаш те мава хејтвочинг епифанија, мењаш канал, и викаш: „Добро бе, шо глеам ја со цел памет?!“

А штом има хејт вочинг, може и хејт ридинг: reading texts you actually hate. Кој вика дека не хејтридал на „Кајгана“, л'же - суши!
 
Џенерал Хејтинг -- претпоставениот на Мејџор Пејн.
 
Кај мене потребата за сеирење е толку голема, што имам лајкнато работи како Семе Синапово, Сител итн...... тоа што таму може да се прочита (пропратено со ,,лајковите,, на ,,граѓаните,,) е нешто што не смее да се пропушти.
 
Ова не се неологизими ниту еден нема неологизам ова се само позајмени зборови од странски јазици. Неологизам е комплетно нов збор например овде сретнав збор јајцување (мавање некого со јајца од каменување). Значи имаш праскување патлиџанување компирување итн. Нека даде некој друг пример за неологизам овој горе е сосема погрешен.
 
Остај го ти Тапетарот,лоша пратка на печурки му имат донесено.
 
Ова не се неологизими ниту еден нема неологизам ова се само позајмени зборови од странски јазици. Неологизам е комплетно нов збор например овде сретнав збор јајцување (мавање некого со јајца од каменување). Значи имаш праскување патлиџанување компирување итн. Нека даде некој друг пример за неологизам овој горе е сосема погрешен.
Малу да објаснам з'ш овој збор го кладов како неологизам. Ова е неологизам во англискиот -- и то еден од најтазето. American Dialect Society го имат клаено на листата на нови зборој. Ушче еден таков е „fiscal cliff“. Во македонскиот „хејтвочинг“ не е неологизам, ами заемка. Би можел да бидит неологизам ако се преведит како „омразогледање“ или пак „пизмогледање“.

Оригиналните неологизми се ретки. Можит да се спорит дали „јајцување“ е чист неологизам или калка, т.е. буквален превод од „еgging“ кој одамна постојт во англискиот, пред Груевски да јајт јајца во Албанија.

п.с. Sase_Ohrid ево дан речиш не пишам кo шчо требит.
 
Не постоет неологизми. Сите зборој потекнувет од старомакедонскиот говор и како такви се позајмени од таму. Се е настанато од старомакедонскиот јазик дека тој јазик е најстар. Не случајно ние го описменивме светот.
 
Малу да објаснам з'ш овој збор го кладов како неологизам. Ова е неологизам во англискиот -- и то еден од најтазето. American Dialect Society го имат клаено на листата на нови зборој. Ушче еден таков е „fiscal cliff“. Во македонскиот „хејтвочинг“ не е неологизам, ами заемка. Би можел да бидит неологизам ако се преведит како „омразогледање“ или пак „пизмогледање“.

Оригиналните неологизми се ретки. Можит да се спорит дали „јајцување“ е чист неологизам или калка, т.е. буквален превод од „еgging“ кој одамна постојт во англискиот, пред Груевски да јајт јајца во Албанија.

п.с. Sase_Ohrid ево дан речиш не пишам кo шчо требит.
Тро по тро се поправаш, ај за убо да е :)
 
Кај мене потребата за сеирење е толку голема, што имам лајкнато работи како Семе Синапово, Сител итн...... тоа што таму може да се прочита (пропратено со ,,лајковите,, на ,,граѓаните,,) е нешто што не смее да се пропушти.
Семе синапово ... ауууу дрва :tapp::facepalm:
 
А постојат ли неологизми во македонскиот јазик, или ништо не остана од креативноста на „македонскиот народен гениј“?
Кога последен пат сме исковале наш збор за некој нов поим, наместо да позајмиме?
Веројатно негде во шеесеттите.
 
Мал офтопик:

Гледам дека на темава, а и општо на форумов има ликови кои се трескаат од земја за употребата на сленгови и жаргони и сметаат дека истите наводно го уништувале македонскиот јазик. Имам една новост за нив : говорот се прилагодува во зависност од приликата и соговорниците. Не можеш да разговараш на ист начин кога си на кафе со пријатели и кога си факултет или на работно место.

За мене, а и верувам за повеќето форумџии, форумот е место за неформални муабети, па аналогно на тоа ќе користам таков говор, што ни најмалку не значи дека не го владеам стандардниот јазик. Ќе си дозволам да бидам нескромна и ќе кажам дека го владеам многу подобро од оние кои глумат дека се загрижени за јазикот наш насушен, а упорно пишуваат негација и глагол слеано (незнам, неможам) или па ги пишуваат придавките изведени од имиња на држави и народи со голема буква (Англиски, Германска, Шпанско) и слични примери на непознавање на елементарните правописни правила.

Едноставно, не гледам потреба да не се користи скопски (или било каков) дијалект, сленг и англицизми на форумов (па форум е ова да му се сневиди, не сме на седница на МАНУ) и ни оддалеку не мислам дека тоа ќе го уништи македонскиот јазик. Напротив, мислам дека тие изрази му даваат шмек на јазикот, секако под услов да се користат во соодветни прилики и со соодветни соговорници. А ако нешто го уништи јазикот, тоа ќе биде неписменоста, а не дијалектите, интернационализмите или сленгот. Ќе го уништат луѓето кои одат во ресторант или на базент во Ајродром, на гениколог или флизер во Џорче, маникенките кои купуваат оргинал чижми од Швецка и кои мислат дека другарка им ги емитира ако купила исти халахопки, оние кои искраено мислат дека е страмота праф маш да не пие алхохол и кои јадат сенвичи подгреани во релна и се нервираат ако некој даде гол од опсајд.
 
Шо се занасаш мори? Прво, ти дома сигурно немаш ни пархет, 100% спиеш на земња. Второ, ако и имаш пархет, немаш тепик, а ако имаш тепици, дома немаш термокулациона печка. Трето, камо стреќа сите да се доволно здрели и да се трудат малце поише околу јазикот, оваа неписменос е страмота. Инфрак да те удри. А ако те маваат инфраци онда мораш на здрачење. У оваа држава, требе чоек со кучиња булдуци и пендраци да го чува јазикот. Еден булдук не е доволен. И на крај: ебати културата у пичку материн!
 
Мал офтопик:
...

Ај да пробам овој офтопик да го вратам на темата и да го преформулирам прашањето...
А постојат ли македонски неологизми во разговорниот јазик? Или сленг по дефиниција значи употреба само на заемки?

Некој го спомна „јајцува“ погоре. Го сретнав и јас тука на форумот, се смееја сите пет-шест дена за него и сврши панаѓурот. Не знам зошто, но мислам дека некоја друга варијанта, „егува“ на пример, би влегла на нешто поширока врата.

Но, ајде да не хејтам многу, доста постирам шитови. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom