Далеку дека знам се, но како што кажав погоре, тоа и ќе повторам и овде. Има разлика во треминологијата Професионален бодибилдинг натреварувач кај мене и кај тебе. INBA и натпреварите кои таа ги организира можат слободно да се стават во категорија фитнес. Со формата која типов успеал да земе Про картичка неможе ни на државно во МК да победи.
Така да, не велам дека типов не учел, полагал, положил, работи и дека нема познавање, од областа на фитнес инструктор. И сега, кога веќе малку повеќе знам за него, знам и зашто тој тврди дека 2 гр на белковини на кг телесна тежина е оптимална бројка.
Морам да се надополнам, пошто подоцна го видов "природново " што си го постирал на 20 годишна возраст. Далеку е од природа.
И овде убаво си пишал, фитнес професионлаци, а јас реагирав на препорака на професионален бодибилдер.
И уште нешто ќе напишам околу природните натпреварувачи во INBA здружението каде тој се натпреварува и каде ги пласира своите природни натпреварувачи. Врска нема со природа. Познавам лични примери за тоа, така да со сигурност тврдам дека еден грк неможе да продава памет по светот, а да биде и чесен.