Зашто НАТО да без услови- гаранциja за териториалната целост и стабилност на РМ,а и регионот.
Зашто во ЕУ со услови - Бугариja не верува во истиот третман на бугарите во РМ со сите останати заедници, Бугариja не верува во намера на РМ за соработка мегу двете држави,БГ не е доволна от уништуването на бугарското културно наследство на днешната териториja на РМ, неразграничуване на РМ от валканите кампании во дел от медиумите со цел БГ. Може би изпуштам нешто, не са малце како почеток...
Ако сметат дека не е за овде дискусиjaва... да ja преместат,jaс немам против, но определено некои луге се пробат да стават цензура на една ваква дискусиja. Да кажат каде можеме да ja продискутираме темава-тамо ке е.
--- надополнето: 10 јануари 2013 во 00:56 ---
Треба да се свати едно-решаването на проблемите ви со грците е акт само еднаж,а решаването на проблемите со бугарите ке е процес со години долог и задолжениja както от бугарска,така и от македонска страна.
Проблемот е дека трпението на БГ се изцрпва от последните 20 години чекане некоj да почне да соработува.
Ајде јас да пробам да одговорам онака за сите да сватат.
Бугарија ја сака Македонија во Нато од една и само една причина. Таа си ја смета за своја загубена територија полна со бугари, а пошто Нато го гарантира територијалниот интегритет на државата членка и уште подобро помош и солидарност при напад со што како прво се осигурва дека таа територија нема пак да биде припоена или поделена помеѓу соседите( првенствено тоа беа србија и грција, додека покасно албанија и косово) и друго пак и дава право на бугарија да не ослободува или брани ако веке некој го проба тоа пошто нели членките на нато се штитат една со друга.
Другото е само прашање на време кога ние ке се освестиме.
Ако не ми верувате само потсетете се кога бугарија ни подари тенкови, хаубици и друга воена опрема. Да не ни ги даде од што не жалеше? Не туку какви такви подобро од никакви за да се справиме со оспаснотса од УЧК и со тоа да го зачуваме територијалниот интегритет, што би рекле да ни остани цела територија или што повеќе за неа во иднина.
Од друга страна не не сака во Еу затоа што после ке може да ни се фати пошто ке бидиме на исто рамниште и нема да може да ни продава мадиња за бубрези како сега.
Истот е и со грција кога сме веке кај тоа.
Толку кратко и јасно. Ова е политиката на бугарија во кратки црти, се друго е само филовање, мачкање , дотерување и маскирање.
Сега дежурните бугари ке истрчаат да образложат маскираат, да го филоваат тоа да изгледа како нешто друго, но основната и единствената цел е тоа и само тоа и ништо друго.
Бугарските државјанства се најобичен параван за да се манипулира со бројки како тоа тие тука се обесправени, мачени прогонувани и така натаму, а со тоа легитимно право да го оспорува нашето членство во Еу. Уште сега најавува на голема врата на која карта ке игра во иднина, но тоа е само параван за нејзината крајна цел.
Ете кој не ми верува нека следи во блиска иднина што ке биди и што ке се случува секако маскирано во грижа за бугарското малцинство тука ( барателите на пасош, спаска митрева, последниот случај со апсењето на фалсификаторите) и таканаречените добрососедски односи.
Дај боже да грешам ама секако ке дознаеме сите за многу брзо време дали бев во право или не.