Редовна војска повторно?

  • Креатор на темата Креатор на темата SmokeTooMuch
  • Време на започнување Време на започнување
Владе, има сцена од Тесна Кожа - „Људи оче у Европа, ти их врачаш у Турско.“
Еве на пример, ако ме регрутираат мене - ќе им киднам 3 месеци да ме барат нема да ме најдат. Баш сакам да те прашам какво мислење имаш за оние коишто избегаа од ЈНА кога се распаѓаше Југославија, а требаа да одат да се борат на пр. во Босна и Хрватска? (додадено: мислам на Македонците коишто избегаа..)
Види сега киднување од војска се вика дезертерство, а дали ке те најдат или не е сосем друга работа. Исто така казната за тоа е различна во зависност какви се условите. Ако се воени најверојатно ке те стралаат за пример, ако се мирнодопски зависи од држава до држава. Кај нас за тоа обично го продолжуваа воениот рок за онолку колку што си избегал. Мислам и ние не ни имаме воен суд па затоа дезертерството и недисциплината во војската а со тоа и самата обука во АРМ беше на катастрофално ниско ниво што се виде и во 2001 година за жал. Искрен да си бидам ако заговараат воведување на редовна војска со таква поставеност на работите каква што беше во АРМ подобро ич да не се замараат. Тоа беше се само војска не и ке се сложам со вас дека е тотално губење на време и ресурси.
За другиот дел на прашањето ке одговортам зависи за кој период зборуваш. Ако зборуваш за време на отцепувањето на Словенија кога сите останати значи мислам и на Хрвати и Срби ,Боснаци, Македонци.... се уште ЈНА ја чувствуваја како своја армија а не окупаторска, и кога Југославија сеуште ја сметаа за своја држава тогаш не го оправдувам а иколку што сум запознает и немаше баш дезертирања.
Веке кога распадот беше неминовен, Македонија беше на праг или веке прогласи независност не само што го оправдувам туку и државата помогна многу во тоа. Сепак ако те фатеа при дезертерство немаше да поминиш туку така.
Така да се работи за сосем друго сценарио и моменти кое најблаго речено нема врска со денешницата.
Тука се работи за своја држава, своја армија и своја територија.
 
Да не пукниш ме изнасмеа со муабетот:D.
Инаку мајтапот на страна не би се кладел многу во врска со тоа.

Па што ќе направи? Ќе ми нареди нешто, нема да го направам, крај.
 
Па најверојатно ништо пошто онака другарски те замолил да направиш нешто, а ти онака уште подругарски си го одбил.
 
Ако се воени најверојатно ќе те стрелаат за пример - да, изгледа дека за обичниот човек, обичниот смртник, освен колатерална штета, потрошлив материјал друго и нема.

Се за нас, а ништо за останатите, изгледа, дека во секоја доба на светот, е злобната максима на владетелите на човештвото. - Адам Смит
 
Има разни начини, многу тврди момци омекнувале. Ниту започнала воената обука со нас, ниту ќе заврши. Постои притвор, работа, затвор, малтретирање од твоите во единица....ако (мада гледам со оглед на парите тешко) дојде да е морален, а не изборен воениот рок нема сакам, не сакам. Ама на нероден Петко...:)
 
Сега незнам како си ја сваќаш ти војската, но за да таа функционира како и се друго мора да постои синџир на команда и дисциплина за да тој синџир на команда функционира. Инаку ке гинат луѓе без потреба. Кога некој или некои поеднци со своето однесување го нарушуваат тој синџир на команда или дисциплината нормално е да се казнат. Сека де е така, во секоја фирма организација училиште. Секаде.
Замисли само во некоја фирма ете и приватна нека биди работникот да му рече на директорот или шефот или било кој што има поголеми надлежности дека одбива да ја изврши наредбата( во рамките на работните услови за кои се сложил). Така и во војската си има правило на служба каде точно се знае што може а што неможе.
Само разликата со драстичните мерки во случај на војна е во тоа што ете хипотетички зборуваме, ти и уште неколку војници држите пункт, давате стража на воен магацин или ајде сте во ров и очекувате напад. Едно што кога ке избегаш ја ослабнуваш положбата на другите војници, а со тоа и нивните животи, друго што го ослабнуваш тој дел на фронтот со што овозможуваш пробив на истиот што би резултирал со уште поголеми жртви и трето го паѓаш моралот и дисциплината на останатите а со тоа директно или индиректно влијаеш на исходот и бројот на жртвите генерално.
Затоа во такви ситуации се се решава многу брзо и ептен строго. Можеби нема да ти звучи реално или логички но со тоа се спасуваат уште многу многу други животи, дали цивилни или воени.
 
Не ми беше зборот за синџирот на дисциплина, туку оној за неправедноста којашто неминовно ќе се појави - синови на познати политичари на халкидики, оние на средината назначени во „врски“, а оние на дното на социјалната „мрежа“ - во стрелци.
 
Јас нити диктирам како е поставен светот секаде, нити мене било кој ме прашува за тоа. Едноставно така е, така било и така ке биди. Играј со картите што ти ги поделил животот.
Тоа не е само случај во војската, туку секаде во секојдневниот живот насекаде во светот.
Тоа е тоа.
 
Како не примаат. Зарем не е во центар на плоштад Ацета? Па нели тие работи се дозволени во антиката...?
Остај тогаш сега не се прима тогаш се тепале со копја, па си уживале наденати на копја помеѓу битките сега со пушки се работи
 
Па најверојатно ништо пошто онака другарски те замолил да направиш нешто, а ти онака уште подругарски си го одбил.

Без сарказам, убаво прашав.

Има разни начини, многу тврди момци омекнувале. Ниту започнала воената обука со нас, ниту ќе заврши. Постои притвор, работа, затвор, малтретирање од твоите во единица....ако (мада гледам со оглед на парите тешко) дојде да е морален, а не изборен воениот рок нема сакам, не сакам. Ама на нероден Петко...:)

Со тортура нема ништо да постигнат. Моментот кога ќе дојдам до оружје на нив ќе им свирнам куршум.
 
Има различни методи на воспостосувајне дисциплина во војска но еден најупотребуван метод еден за сите сите за еден пример - правите серија на скелкови еден ке се најде паметен не прави сите други ке прават тој ке гледа па после пак ке го натеара да прави тој ке одбие пак сите ке прават - знајш што се дешава сите оклу тебе ке те мразат и ке се најде момент кога никој не гледа ке ти го кажат тоа ке носиш неколку модринки па маклу тогаш ке омекниш е колку големи мангупи и тепачи војска се направиле бубалки.
Затоа треба војска да добиеш дисциплина.
 
не верувам дека ке биде само еден таков... лев... интересно ке биде кога ке се погодат повеќе леви...
 
Без сарказам, убаво прашав.
Со тортура нема ништо да постигнат. Моментот кога ќе дојдам до оружје на нив ќе им свирнам куршум.
Па ти кажаа претходно многу описно како се добива таа дисциплина.
Имаш правни средства што може да ги примени старешината за одбивање на наредба и има војнички средства што би рекле самоиницијативни како кебовање на пример.
Инаку за време на обуката имаш оружје кое е празно и во поглем дел од времето е заклучено. А кога одиш на гаѓање зад тебе стои старешина буквално кој едно што ти брои колку пати пукна, па после дали случајно скри некој куршум. Па ако фали куршум тука настапува безбедњакот кој за разлика од цивилна истрага која колку толку се сведува на молење, тука тој тепа и тоа тепа машки. Сепак се работи за загината муниција која најверојатно ке ја употребиш за да повредиш или убиеш некого и мора по било која цена да се врати пред да се направи поголема глупост.
По некое време после обуката зависи кој каде е распореден, некои имаат пристап до муниција и оружје( стражата и граничарите) но и таму секогаш кога ке ти заврши смената ја предаваш муницијата, додека во другите родови се си е исто по старо. Оружјето е заклучено, муниција само по потреба.
И кога ке видиш по некое време ке ти помини љутината, или ке бидеш многу далеку од личноста на која му се љутиш.
Да ја заборавив и уште една мерка која е носење во здравсвена устанува каде те прогласуваат за ненормален и тоа вечно ке ти стои во твоето досие и верувам многу ке ти користи во твојата кариера.
И после ке ја сватите потребата од почитување на синџир на команда, следење на наредбите и одржување на редот во војската.
Така да испаѓа дека имате ептен погрешна претстава за служењето војска и искрено незнам со кој ум мислите дека на толку регрути и на толку оружје во толку мал простор ке ви дадат и муниција и ке ве остават да правите што сакате.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom