Бројот на раводи во Македонија е зголемен, а според статистичките податоци, во првите девет месеци имало вкупно 1.620 разводи.
За истиот период мината 2013 година во државата се случиле 1.476 разводи, што практично значи дека бројот на разводи е зголемен за околу 10%. Ако, пак, се споредат двете години во третото тримесечје, зголемувањето на разводите е за 41%. Годинава во третото тримесечје има 506 разводи, а во истиот период лани 357.
Државниот завод за статистика соопшти дека најмногу разводи во јули, август и во септември оваа година имало во Скопје – 153. Од скопските општини бројот на разводи е најголем во Општина Центар – 33, Гази Баба – 25, во Аеродром и Кисела Вода по 17. Најмалку во Арачиново, само еден развод.
Битола е вториот град со најмногу разводи – 45. Потоа е Гостивар -37, Тетово -30, Куманово – 29.
Според статистиката, мажите најмногу се разведуваат на возраст од 30 до 39 години. Сепак, лани во Македонија се развеле и 185 мажи што биле постари од 55 години. Жените, исто така, најмногу се разведуваат на возраст од 30 до 40 години. 118 жени се развеле над 55-годишна возраст.
Извор: tocka.com.mk