Браковите во минатото постабилни од сегашните

  • Креатор на темата Креатор на темата --HEIDERN--
  • Време на започнување Време на започнување
Денес барем во модерното општество се повеќе луѓе се способни да опстанат сами, па жената денес кога би била самохрана мајка пак би можела да им понуди подобар живот на своите деца отколку во нефункционален брак и „семејство“.
Прашај ги оние што останале сами во доцни години.
Ај да не ја ситнам... постабилни биле затоа што се знаела улогата на мажот и жената, таткото и мајката во едно семејство.
 
Снегулке, се стопи бе од бламирање, затоа и престанав да ти реплицирам сериозно. Се обиде да наметнеш теорија за современа еманципирана жена, не наиде ни од машка, ни од женска страна на одобрување, па направи очаен обид да се извадиш на неразбраност... И притоа го силуваше толку многу риплејот :icon_lol: на сценариово од нискобуџетна сапуница, што стана заморна како запек... Појасно ти е сега?

:D
да,фала ти што ми ги отвори очите за светот.:)
 
да,фала ти што ми ги отвори очите за светот.:)

Молам, иако е со вклучен сарказам ;) . И треба ширум отворање очи, бидејќи премногу отворање од секаков тип во сегашноста, може да води кон доста затворање на прилики во иднината, сфати го ова најдобронамерно, нема вклучен сарказам...
 
Молам, иако е со вклучен сарказам ;) . И треба ширум отворање очи, бидејќи премногу отворање од секаков тип во сегашноста, може да води кон доста затворање на прилики во иднината, сфати го ова најдобронамерно, нема вклучен сарказам...
Ако се отвориш повеќе од 5 прсти во сегашноста, мнооогу прилики ќе ти бидат затворени во иднината.
 
Прашај ги оние што останале сами во доцни години.
Ај да не ја ситнам... постабилни биле затоа што се знаела улогата на мажот и жената, таткото и мајката во едно семејство.

Улогата ја наметнува општеството, не значи дека доаѓа природно да се има улога каква ти се припишува, без разлика кој пол си. Постабилни биле бидејќи жената била уќуткувана и омаловажувана, и направена да го прифати тоа како факт, за својот пол. Мислам дека ти спомнаа и претходно, ама онака како и по обичај игнорираш.
 
Главна причина е поголемата слобода на жената во денешно време и можеби мекоста на мажот.
Порано се знаело, мажот е главен во куќата, мажот работи, жената е домаќинка. Сега никој и не помислува на брак додека не се среди работното прашање на обата партнери.
Во ова време работо обезбедена жена, со свои пари и статус станува влијателна во очите на мажот, многу мажи се плашат од ваквите жени.
Па овие жени не се плашат да го напуштат сопругот, секогаш можат да бидат самостојни.

Но знаете, ако сега е зголемен бројот на разводи, не значи дека браковите се понестабилни од оние порано. Туку, менталитетот е поинаков. Сега само е зголемена самодовербата и силата на жената.
Сега ретко која жена би дозволила да биде малтретирана и омаловажена од својот сопруг.
Во минатото жените немале многу права, кога еднаш ќе ја напуштеле куќата на своите родители, веќе не било можно да се вратат назад, а и оние кои се враќале трпеле голем срам. Затоа се чинело дека браковите се постабилни, а можеби тогаш биле и полоши, не можело да се направи компромис меѓу брачните другари, секогаш едниот е главен.

Но, да не бидеме строги само кон мажите. Не секогаш стабилноста на бракот зависи од односот на мажот кон жената и од статусот на жената во општеството.
 
Гледам дека многумина замислуваат дека во минатото било овака .... било онака .... жените ги слушале мажите .....
Тоа само се ваши имагинации
И тогаш било исти како што е и сега. Имало бракови каде што мажот доминира, имало бракови каде што жената доминира ,,, имало брачни неверства .... имало се што и денес има.., а истото ќе го има се до крајот на Светот
Жената на Сократ, Ксантипа влегла во историјата по своите особини:
220px-Socrates_and_Xanthippe.jpg


http://en.wikipedia.org/wiki/Xanthippe
 
Ако се отвориш повеќе од 5 прсти во сегашноста, мнооогу прилики ќе ти бидат затворени во иднината.

Убаво од твоја страна што се грижиш, ама не сум во таква состојба, а има и други начини за изведување на истото...

:pipi:
 
И тоа е... лошо?

Не не, воопшто! Мене ми се допаѓа кога жената има своја заработка и може самата да се грижи за себе, се додека правилно го прави тоа.

И јас би сакала да сум самостојна, и се стремам кон тоа, но никогаш нема да дозволам тоа да направи мојот сопруг да се осеќа потценет и недоволно маж.
 
Индивидуализмот никој не го наметнал. Веќе со ренесансата и хуманизмот, човекот почнува повеќе да гледа во себе, да се однесува колку-толку секуларно (колку што дозволувало времето тогаш), и да се однесува индивидуално, независно од масата и кои вредности и правила таа ги наметнувала. А знаеме колку наметнувано е во тој период, за разлика од денес. Денес е помалку изразено и посуптилно, ама тогаш било далеку полошо. Подобро наклонетост кон индивидуализам, отколку колективизам. Испробана е таа формула.

А индивидуализмот и технолошкиот напредок (особено тој) немаат врска со стапката на развод и неуспешни бракови, и сингл луѓе. Ако направиш една добр анализа, ќе видиш дека сингл животот преоѓа во лајфстајл за некои луѓе и среќни се како такви, наместо да глумат одговорни, романтичари, загреани за моногамни врски, и да ги лажат и им прават филм на партнерите. Индивидуализмот овозможил секој да биде таков каков што е во овој однос, и да бидеотворен и директен, наместо да биде конформист за општествени социјални догми.

Дека нешто го поттикнува човекот да посвојува празни вредности во животот и илузии за среќа, да, точно е, ама индивидуализмот и технолошкиот развој немаат никаква врска со тоа. Тоа е исто како да го обвиниш технолошкиот развој за поделбата на атомот. Човекот е тој што тоа откритие го искористил во негативни цели.
Прво да се корегирам самиот себе, наместо зборот индивидуализам, требаше да го искористам зборот фрагментација. Фрагментацијата е наметната од страна на западното општество, преку стилот и начинот на живот кој се пропагира, преку маркетингот музиката и филмовите.
Второ, фрагментацијата всушност произлегува од егоизмот кај луѓето, издигнување на "Јас" над се' останато. Ништо и никој не е битен освен "Јас", тоа е тоа што денес го фрагментира општеството во целина, а со тоа и семејството како дел од истото.
Зошто го ставив технолошкиот напредок во контекстот? Со него општеството му кажува на човекот: "Не ви треба никој друг покрај вас, технологијата е тука да ви ги задоволи сите потреби".
Друга битна работа, точно е тоа дека голем број млади се решаваат да живеат сами (без партнер), ама точно е и тоа дека денес постои една пандемија од разни форми на депресија и други психолошки и психосоматски заболувања.
 
Не знам кој живее во имагинации овде :tapp:

Исти а? Феминизмот онака никна, аномалична појава.
Денешниве феминиски не се ништо во споредба со Амазонките.
За да се омажеле, Амазонките морале да убијат барем еден маж во борба
http://en.wikipedia.org/wiki/Amazons
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom