Индивидуализмот никој не го наметнал. Веќе со ренесансата и хуманизмот, човекот почнува повеќе да гледа во себе, да се однесува колку-толку секуларно (колку што дозволувало времето тогаш), и да се однесува индивидуално, независно од масата и кои вредности и правила таа ги наметнувала. А знаеме колку наметнувано е во тој период, за разлика од денес. Денес е помалку изразено и посуптилно, ама тогаш било далеку полошо. Подобро наклонетост кон индивидуализам, отколку колективизам. Испробана е таа формула.
А индивидуализмот и технолошкиот напредок (особено тој) немаат врска со стапката на развод и неуспешни бракови, и сингл луѓе. Ако направиш една добр анализа, ќе видиш дека сингл животот преоѓа во лајфстајл за некои луѓе и среќни се како такви, наместо да глумат одговорни, романтичари, загреани за моногамни врски, и да ги лажат и им прават филм на партнерите. Индивидуализмот овозможил секој да биде таков каков што е во овој однос, и да бидеотворен и директен, наместо да биде конформист за општествени социјални догми.
Дека нешто го поттикнува човекот да посвојува празни вредности во животот и илузии за среќа, да, точно е, ама индивидуализмот и технолошкиот развој немаат никаква врска со тоа. Тоа е исто како да го обвиниш технолошкиот развој за поделбата на атомот. Човекот е тој што тоа откритие го искористил во негативни цели.