The King of Clay
Модератор
- Член од
- 28 јануари 2012
- Мислења
- 5.038
- Поени од реакции
- 3.635

Прв од четирите грен слема во годината ќе биде Австралијан Опен, турнир кој се одржува уште од 1905тата година.
На самиот почекот овој турнир се викал Австралоазиски шампионат од 1905. до 1927. година. Од 1927. до 1969. турнирот го имаше името Австралиски шампионат, а после тоа го добива денешното име, Австралијан Опен (Australian Open). Локацијата на овој турнир не била фиксна, дури 5 градови од Австралија и 2 од Нов Зеланд имале шанса да го организираат овој турнир : Мелбурн, Сиднеј, Аделаид, Бризбејн, Перт, Кристчрч, Хастингс. Турнирот имаше и паузи, вкупно 9 години не е одржуван во периодот од 1905. до денес. Поради првата светска војна, немало услови за игра во годините помеѓу 1916-1918, поради втората светска војна од 1945-1946 како и 1986. поради промени во календарот.
Во последните години, како и во оваа, знаете дека мечевите се играат во Мелбурн Парк кој е изграден во 1988. најмногу поради поголемиот капацитет во однос на дотогашната локација во Којонг. Мелбурн Парк е еден најголемите спортски комплекси на светот кои можат да бидат користени и за други пригоди. Најголем стадион/арена е Rod Laver Arena со капацитет од 15 000 седишта, потоа следи Hisense Arena со 10 500 седишта. Трета по големина е Margaret Court Arena.

На почеток од одигрувањето на турнирот, логично, овде играле исклучиво само Австралијци бидејќи требало многу време за да се стигне до Австралија. Први странци кои дошле да играат тенис во Австралија биле репрезентативците на американската дејвис куп репрезентација (1946.)
Од 1969. година турнирот бил отворен што значи дека професионалците од сите други земји можеле да играат на него. Сепак, многу од нив не играле се до 1982. поради финансиски причини. До 1988. година турнирот се играл на трева, а веќе истата година турнирот ја променил локацијата во Мелбурн како и подлогата која била Rebound Ace.
Од 2008. година турнирот се игра на подлогата Plexicushion. Федерер е единствениот тенисер кој успеал да го освои турнирот на две различни подлоги.

Како што може да видите, најмногу победи има Рој Емерсон, вкупно 6 од кои 5 во низа што е најмногу во историјата на овој турнир. Ако гледаме само во отворената ера (Open Era), најмногу титули имаат Федерер и Агаси, вкупно по 4, а интересно е тоа што во отворената ера никој не успеал да освои повеќе од 2 турнири во низа на Австралијан Опен.
Еве ја и листата на сите шампиони во Open Era :

Бодовите кои ќе ги освојат играчите годинава во однос на нивниот пласман :
Оваа година турнирот ќе биде посиромашен со неирањето на еден од најдобрите играчи на светот, Рафаел Надал. Главен фаворит според мене, а и според многу други ќе биде Новак Ѓоковиќ како што беше и минатата година, а секако заедно со него како најголеми фаворити одат Федерер и Мареј. Во моментов е многу тешко да се верува, а и очекува нешто повеќе од Ферер, Тсонга, Бердих и Дел Потро кои ќе се обидат да го искористат отсуството на Рафа и можеби да забележат полуфинале, пред се тука најмногу мислам на Ферер. Покрај нив, не треба да се изостават и останатите двајца тенисери од топ 10, Јанко Типсаревиќ и Ришар Гаске.
За жените ќе бидам многу краток, бидејќи многу помалку се обраќа внимание. Јасно е кој е владателот во женскиот тенис, Серена Вилијамс. Покрај неа, се уште не се знае во каква форма ќе излезе Марија Шарапова, а и може да изненадат Ана Ивановиќ и уште многу други.
Актуелен шампион е Викторија Азаренка која ја совлада Марија Шарапова лесно во 2 сета (6-3 6-0)
Официјалниот сајт на турнирот : http://www.australianopen.com/index.html
Се надевам дека ви се допадна отворањето на темата за првиот најважен турнир годинава, исто така очекувам одлични мечеви и многу драма во Мелбурн.
За крај, победникот од времененски најдолгото грен слем финале кај мажите, Австралијан Опен 2011 :
Novak Djokovic - Rafael Nadal (5-7,6-4,6-2,6-7,7-5)

Победникот од многу краткото женско финале, ден пред епскиот меч помеѓу Ноле и Рафа.
