НЛО прелетало над Мостар?
Појавата на НЛО во последно време драстично се зголеми. Се почесто на Интернет може да пронајдеме записи и сведоштва на луѓе кои виделе неидентификуван летечки објект. Денес се случи во исти ден да напишеме за две НЛО сведоштва. Токму поради таа цел во Британија има отворено цела служба која се занимава со собирање на НЛО материјали. Не би биле луди да инвестираат во нешто што не постои!? Вистината полека испливува на површина. Најновото НЛО искуство доаѓа од соседството.
Мостарскиот весник Дневни лист денеска ја објавил приказната на две читателки од населбите Бел Брег и Врапчица, дека наводно на небото виделе неидентификуван летачки објект.
Една од нив со мобилен телефон ја снимила мистериозното летало, со овален облик која подоцна исчезнала во правец на Сараево.
“Воздухот под неа се усвител и треперел, и беше очигледно дека се работи за пулсирачки светла“, рекла Мирела Б. од мостарската населба Бел Брег.
Леталото потоа се спуштило помеѓу два рида,а по десет минути, се подигнало од земја и исчезнало во правец на Подвележје.