Вонземјани, НЛО...

Верувате ли дека постојат вонземјани?

  • Да

    Гласови: 1.725 79,2%
  • Не

    Гласови: 452 20,8%

  • Вкупно гласачи
    2.177
Член од
9 јуни 2005
Мислења
211
Поени од реакции
23
Ок мене поентата ми беше дека луѓето замислата у врска со вонземјаните ја вадат оттаму и затоа понекогаш може и да претераат...
a nemash pomisleno deka ideata na holivud za izgledot nivni go imat zemeno od iskazi na luge crtezi sliki eve vidi od koga ima filmovi so prestava na nlo a od koga ima zapisi za toa kako izgledaat
 

Alien_sr

Ultimate Survivor!
Член од
14 мај 2007
Мислења
2.971
Поени од реакции
143
Како беше оваа страната за нло.
realufo, roalufo.. на r започнуваше :)
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Јас верувам дека НЛО и Вонземјани постојат, мислам нели би било глупо да веруваме дека во толкава вселена само на оваа планета има живот? Тоа е премногу глупо и идиотски.:toe::kesa:
 

Toxic Boy

I'M MACEDONIAN!
Член од
27 јуни 2008
Мислења
215
Поени од реакции
3
јас мислам дека дефинитивно постојат вонземјани. англија ги објави податоците за вонземјаните и испадна дека англија е многу често посетувана од нив.
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
јас мислам дека дефинитивно постојат вонземјани. англија ги објави податоците за вонземјаните и испадна дека англија е многу често посетувана од нив.
За 3 дена двапати во Англија е објавено дека луѓе виделе НЛО.

BTW слушнав на вести пред некое време дека Англија ќе ги објави архивите за НЛО и кажаа дека ќе можат да се слегнат од интернет без пари. Знае некој од каде може да ги слегнам?
 

Toxic Boy

I'M MACEDONIAN!
Член од
27 јуни 2008
Мислења
215
Поени од реакции
3
моето верување во нив дополнително се зголеми после една случка во мојата населба. јас живеам во радишани и од кај нас цело скопје се гледа и понекогас одиме да го гледаме градот од едно место каде што нема куќи. додека го гледавме во блиската нива се појави бела светлина во форма на круг со дијаметар од околу 20 м и почна да се движи накај нас.ние се разбегавме и погледнавме на небото и немаше ништо.потоа пак се вративме на истото место и веќе таа светлина ја немаше.
 

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.496
Имаше негде записи дека Никола Тесла разменувал сигнали со вселенската интелигенција. :pipi:
 

Toxic Boy

I'M MACEDONIAN!
Член од
27 јуни 2008
Мислења
215
Поени од реакции
3
За 3 дена двапати во Англија е објавено дека луѓе виделе НЛО.

BTW слушнав на вести пред некое време дека Англија ќе ги објави архивите за НЛО и кажаа дека ќе можат да се слегнат од интернет без пари. Знае некој од каде може да ги слегнам?

јас незнам а ако знае некој нека пише пошто и јас сакам да ги симнам.

исто така и еден мој другар во 2 саат по полноќ има видено на небото 8 црвени топки наредени во форма на круг како кружат околу сопствената оска а исто времено и се движат на небото.тој ми е еден од најдобрите другари и јас му верувам исто акко и јас да сум го видел тоа.

поздрав и чао

Имаше негде записи дека Никола Тесла разменувал сигнали со вселенската интелигенција. :pipi:

знам за тоа и јас имав слушнато некаде ама незнам каде.
 

YuZe

Fortune favors the Brave
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.250
Поени од реакции
1.075
Toxic Boy напиша:
знам за тоа и јас имав слушнато некаде ама незнам каде.
Можеби во некоја лектира :D Чудо нешто е тоа како човечката фантазија работи, ако не може да си објасни нешто све само летечки чинии и вонземјани се криви.

Само како пример: Пилотите на Англија во втората светска војна за сите дефекти што не можеле да си ги објаснат ги наглавувале Гремлините, суштества кои не постојат :D
 

Toxic Boy

I'M MACEDONIAN!
Член од
27 јуни 2008
Мислења
215
Поени од реакции
3
Можеби во некоја лектира :D Чудо нешто е тоа како човечката фантазија работи, ако не може да си објасни нешто све само летечки чинии и вонземјани се криви.

Само како пример: Пилотите на Англија во втората светска војна за сите дефекти што не можеле да си ги објаснат ги наглавувале Гремлините, суштества кои не постојат :D

јан не тврдам дека тоа е вистина само реков дека имам слушнато некаде

Цитирам: Само како пример: Пилотите на Англија во втората светска војна за сите дефекти што не можеле да си ги објаснат ги наглавувале Гремлините, суштества кои не постојат :D[/quote]


разликата е во тоа сто гремлините навистина не постојат, а вонземјаните постојат
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
хехе изгледа не, ама сепак нов член е на форумов ќе се научи не му се секирај.:pos2:

"Сензација од вселената
Сведоштвата за појава на НЛО се многу стари

Информациите за појава на непознати летачки објекти (НЛО) не се некоја новост, но тврдењата на раководителите на турскиот Уфолошки центар, кој неодамна на јавноста и соопштија дека за прв пат во светот е снимена силуета на претставник на вонземска цивилизација, секако дека е.
На конференцијата за новинарите во Истамбул шефот на Центарот, Хактан Акдоган изјави дека работник, кој работел во ноќна смена, обезбедувајќи објект во гратчето Јалчин Јалман, со камера снимил НЛО, но и силуети на претставници на непознатата цивилизација. При тоа истакна дека жителот на турското градче е голем љубител на уфологија и член на Друштвото на уфолозите.
На новинарите е беше прикажана 22-минутна снимка на која се видливи јасни контури на летачка чинија.
Коментирајќи ја појавата на НЛО раководителот на турското Друштво на уфолозите изјави дека „ова ќе предизвика голем одѕив во светот, бидејќи не е само овековечен НЛО, туку и метализираната површина на леталото“.
- Меѓутоа, главната сензација се состои во тоа што на снимката јасно се видливи силуети на двајца претставници на вонземската цивилизација, изјави Акдоган.

Првата летечка чинија се појави пред 60 години. Американскиот пилот Кенет Арнолд на 24 јануари 1947 година во текот на летот над Вашингтон видел девет сребреникави плочи кои се движеле со брзина од околу 2.700 километри на час и ги нарекол „летечки чинии“. Пилотот изјавил дека објектите се движеле како „чинии по вода“.
Така се прошири терминот „flying saucer“ (летечка чинија) со кој почнаа да се означуваат непознатите летачки објекти. По тој повод пилотот Арнолд навел „дека имал непријатно чувство и сметал дека тоа треба да им го соопшти на надлежните служби“.
Како реално објаснување на јавноста и е предочено дека таа година 112 километри од Јакилме, кај езерото Мозес се наоѓал пробниот полигон за лансирање на ракети и дека леталата од непознато потекло би можеле да бидат тие објекти. Покрај тоа, објаснувања можеа да се најдат и во снежното невреме кое тие денови владеело над таа област.
Првата публикација за случајот со Арнолд е прифатена скептички. Но, во следните два месеца речиси 850 луѓе од разни страни на светот јавија дека на небото виделе „летачка чинија“. Голем број луѓе навечер почнаа внимателно да го набљудуваат небото.
Првиот службен документ за НЛО е отворен во 1945 година. Најстариот документ што детално ги опишува посетителите од вселената е индискиот еп „Махабхарата“. Истражувачите на НЛО откриле цртежи на летачки објекти стари 400 години.
Во 1566 година над Барселона летала огнена топка. Во времето на Римското Царство се опишува како над Рим прелетал летечки штит. Ливиј, Касиј Дио, Плиниј Постариот и многу други, во своите дела опишувале многу мистериозни небески појави, за кои ни тогаш, а ни денес не е можно да се најде логично објаснување.
Според зборовите на експертите, 90 отсто од тврдењата за НЛО се врзани со метеоролошки појави или лансирање на вселенски ракети.
И покрај тој висок процент на сите вести за непознати летачки објекти, жителите на Земјата се многу заинтересирани за оваа појава. Кај голем број луѓе се појави трошка сомнеж, а можноста за постоење на непозната цивилизација станува се пореална. Во денешно време помалку се посветува внимание на оваа појава, бидејќи небото е преполно со разни летала и сателити.
Во толкувањето и следењето на појавата на НЛО голема улога има уфологијата која собира информации за непознатите објекти, истражувајќи ги информациите за летачки чинии и обидувајќи се да даде соодветно објаснување. - Доаѓаат од некаде бргу и исчезнуваат, исто толку бргу како што се појавиле, велат тие.
Вселената е бескрајна и бесконечна, вели рускиот космонаут Георгиј Берегајов: „Да се верува дека сме единствени интелигентни живи суштества во вселената е еднакво како да се верува дека во голема шума живее само една мечка“.
Меѓутоа, планетите се многу оддалечени за да може со сегашните технологии да се стигне до некоја цивилизација во временски период во кој живее една генерација.
(Танјуг)"
 

NanI

\Man_Utd/
Член од
14 јуни 2008
Мислења
540
Поени од реакции
2
НЛО прелетало над Мостар?
Појавата на НЛО во последно време драстично се зголеми. Се почесто на Интернет може да пронајдеме записи и сведоштва на луѓе кои виделе неидентификуван летечки објект. Денес се случи во исти ден да напишеме за две НЛО сведоштва. Токму поради таа цел во Британија има отворено цела служба која се занимава со собирање на НЛО материјали. Не би биле луди да инвестираат во нешто што не постои!? Вистината полека испливува на површина. Најновото НЛО искуство доаѓа од соседството.

Мостарскиот весник Дневни лист денеска ја објавил приказната на две читателки од населбите Бел Брег и Врапчица, дека наводно на небото виделе неидентификуван летачки објект.

Една од нив со мобилен телефон ја снимила мистериозното летало, со овален облик која подоцна исчезнала во правец на Сараево.

“Воздухот под неа се усвител и треперел, и беше очигледно дека се работи за пулсирачки светла“, рекла Мирела Б. од мостарската населба Бел Брег.

Леталото потоа се спуштило помеѓу два рида,а по десет минути, се подигнало од земја и исчезнало во правец на Подвележје.
 

Toxic Boy

I'M MACEDONIAN!
Член од
27 јуни 2008
Мислења
215
Поени од реакции
3
абе а шо мислите за онаа сликана (а имало и снимка), шо ја даваа на тв (на вести) од марс кај што се гледаше едно суштество?
мислите дека е реално тоа на снимката?
мене ми се виде како да е вистинско но не сум сигурен.
 

YuZe

Fortune favors the Brave
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.250
Поени од реакции
1.075
Со моменталната технологија може комотно да ти измонтираат слики со НЛО колку ти душа сака, и тоа е невозможно да утврдиш дека се фејк (монтажи) така да многу многу не им верувам на сликите од видување на НЛО. Инаку имаше многу добар документаред на Дискавери еднаш на кој ги побиваа сликите за НЛО-ата, имаше една слика на која перфектно се гледаат 2 сини летечки чинии, и на крај излезе дека батето се усрало кога над него поминал Ф-14 Томкет и му ги сликал моторите како даваат син пламен кој изгледал како 2 НЛО-а едно покрај друго. Имаше доста многу слики кои беа побиени, буквално човек кога паничи може да замени фичо за ДеЛореан (hint: Враќање во иднината) :pos2:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom