Економски факултет (reloaded)

Член од
12 септември 2012
Мислења
24
Поени од реакции
10
Ако има некој што може да објасни, нека пише како оди со имањето некаква пракса секоја година (или како и да оди тоа)...
Праксата ти е задолжителна за да можеш да запишеш наредна година. Мораш да одиш минимум 1 месец на пракса, најчесто одат сите во банки но немора да значи...Имаш листа на фирми и банки со кои соработува факултетот и кај што можеш да одиш, а ако ја нема таа фирма кај што мислиш да одиш тогаш треба да однесеш некоја потврда и да ти одобрат од студентски.... Е сеа за да почнеш на пракса мораш на пр. у банката да им однесеш барање, сиви и потврда од студентски .....Тоа е тоа, незнам што поточно те интересира...
 
Член од
2 март 2011
Мислења
99
Поени од реакции
12
Колеги што беше скратено по втор колоквиум Банкарски менаџмент ?
 
Член од
11 јуни 2010
Мислења
39
Поени од реакции
0
Да не знае случајно некој каде можам да најдам прашања за испит Маркетинг на услужни дејности , Деловно планирање , Односи со јавноста
БЛАГОДАРАМ
 
Член од
7 јануари 2013
Мислења
4
Поени од реакции
0
dali nekoj ima iskustvo so prepolaganje na predmetot osnovi na marketing?... zasto sega razbrav deka profesorkata ne davala da se prepolaga vo jauarska sesija, tuku samo vo junska i toa na prasanja so pisuvanje?
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.001
Поени од реакции
5.635
dali nekoj ima iskustvo so prepolaganje na predmetot osnovi na marketing?... zasto sega razbrav deka profesorkata ne davala da se prepolaga vo jauarska sesija, tuku samo vo junska i toa na prasanja so pisuvanje?
Што оценка имаш? Зошто да преполагаш? Мој предлог ти е да не си играш со оган, можеби сега е малце смекната, но кога полагав јас, имаше сесии со 40 положени од пријавени 800.
 
Член од
3 октомври 2009
Мислења
77
Поени од реакции
5
Може ли некој да ми каже каков ќе биде испитот по УПРАВУВАЊЕ СО СИСТЕМИ, на што повеќе да се обрне внимание, како било во јуни и август и колку бара за да се помине,затоа што материјалов ми изгледа некако многу обемно,а од рекла казала слушнав дека многу колеги поминале???
 
Член од
7 јануари 2013
Мислења
4
Поени од реакции
0
da epa imam 7 i taka mi treba za prosek. Site isto mi kazaa inace, ama sega mn polesno e zasto davase na t/n prasanja. Kako i da e ako ispitot za prepolaganje e na pisuvanje nema da odam pa zatoa prasuvam dali nekoj ima informacija:)
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
1.880
Поени од реакции
1.990
Може ли некој да ми каже каков ќе биде испитот по УПРАВУВАЊЕ СО СИСТЕМИ, на што повеќе да се обрне внимание, како било во јуни и август и колку бара за да се помине,затоа што материјалов ми изгледа некако многу обемно,а од рекла казала слушнав дека многу колеги поминале???
Во јуни испитот цел беше на пишување , можеби беа 15 отворени прашања и положија само 8-9 души :) . Во Август беше боза , значи искрено јас книга не фатив ( спремав јавни финансии ) а го положив со 6ка. имаше 30 мислам прашања од кои 20 беа со 2 понудени одговори хах , игравме лото и многу положивме :)
 
Sephiroth

One-winged angel
Член од
28 април 2006
Мислења
4.034
Поени од реакции
130
da epa imam 7 i taka mi treba za prosek. Site isto mi kazaa inace, ama sega mn polesno e zasto davase na t/n prasanja. Kako i da e ako ispitot za prepolaganje e na pisuvanje nema da odam pa zatoa prasuvam dali nekoj ima informacija:)
Не си играј со ѓаволот, светиот квартет го сочинуваат математика, статистика, основи на менаџмент и основи на маркетинг. Ќути си и прифати си ја седмицата, да не немоеш да добиеш после оценка и после 5 сесии.
 
Член од
19 октомври 2012
Мислења
182
Поени од реакции
38
Бил ли некој на испит кај Гоце Петрески Економски развој ?
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Ај некоја добра душа да ми каже како е кај Драги Јанев на увид? Положив прв колоквиум со 33 од 45, вториот не го положив. Испит има за дестина дена, слушнав дека на увид често знаел да пуште, можеби бидејќи имам добри поени од првиот, anybody? :unsure: Дали да си ја пробам среќата...
 
Член од
5 мај 2008
Мислења
1.357
Поени од реакции
127
Доколку го испуштиш рокот при пријавувањето на испит,постои ли некое друго решение за да пријавиш испит?
 
Член од
27 мај 2012
Мислења
265
Поени од реакции
124
Не си играј со ѓаволот, светиот квартет го сочинуваат математика, статистика, основи на менаџмент и основи на маркетинг. Ќути си и прифати си ја седмицата, да не немоеш да добиеш после оценка и после 5 сесии.
Хахахахахахах светиот квартет. Значи досега онда имам 1/4 :) На кој предмет статистика точно мислиш?
И да не знае некој дали се случува Таки Фити да поправи оценка или слично (не за положување туку за повисока оценка). Ни спомна нас нешто такво па затоа...
 
Член од
19 август 2010
Мислења
975
Поени од реакции
1.890

Статистика мисли на онаа од прва. Која веројатно сега ќе ја имаш. Не знам зошто, мене статистика ми беше еден од 3те најинтересни предмети, со мерак го учев и ич, ама ич немав проблеми со него. Чак што више, имав 106 од вкупно можни 100 поени :icon_lol: Не разбирам зошто толку се жалат...

Економија можеш да направиш семинарска за повисока оценка.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.173
Поени од реакции
1.372
Доколку го испуштиш рокот при пријавувањето на испит,постои ли некое друго решение за да пријавиш испит?
Се пријавуваше до пред некој ден на студентски, 400денари од испит, сега незнам дали можеш, најдобро е да одиш да си прашаш.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom