Вонземјани, НЛО...

Верувате ли дека постојат вонземјани?

  • Да

    Гласови: 1.725 79,2%
  • Не

    Гласови: 452 20,8%

  • Вкупно гласачи
    2.177

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
НЛО над Турција
 
Член од
11 јуни 2008
Мислења
1
Поени од реакции
0
glupo dete

јас пак скептичен сум малце за вакви теми...ама пак ко ќе помислам колку е голем универумов и да сме ние единствени, сами во него, некако звучит многу апсурдно-една ѕвезда има во просек 5 планети кои орбитираат околу неа, во една галаксија има неколку милијадри ѕвезди, а во целиот универзум има неколку милијарди галаксии...:nesvest::uvo::uvo::nesvest:
а пак морат и некогаш да сме посетени, зошто не случајно ко ќе се спомнит вонземјанец одма не асоцират на некоја форма, која и ја среќаваме во сите филмови со такви содржини...(типични зелени суштества со мала глава, големи очи..бла бла:))

:pos2::pos2::vozbud::vozbud:[
Abe ova sto si go kazal si go kazal na pamet oti nisto ne znaes samo da ti kazam deka vonzemjanite imaat golema glava.
 

YuZe

Fortune favors the Brave
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.250
Поени од реакции
1.075
За постоење на вонземјани, постојат, како прво ние ни самите не знаеме колкава е вслелената па би било апсурд да речеме дека не постојат. Има ѕвезди додека ни достига окото, на секоја од тие ѕвезди (на планетите во тој соларен систем) може да постои живот, а за да докажеме и видеме не можиме. Бидејќи едвај сме пошле до месечината и назад, не сме адекватно искусни за да кажуваме за вселената.

А пак коментари како вонземјаните живеат со нас, или вонземјаните управуваат со нашите постапки тоа мислам дека е преголема доза на гледање X-Files и ви препорачувам да свртите на Star Trek, каде има многу пообјективна перспектива во однос на вонземјаните.

Што се однесува до Pool-от, тоа не е едно прашање, тоа се две прашања. Дали мислите дека постојат вонземјани? на тоа прашање одговорот ми е ДА, а на Дека тие дирекно дејствуваат на нас? е на тоа одговорот ми е едно големо НЕ. Затоа воопшто нема да одговорам на Pool-от.
 
U

UnholY

Гостин
Вака сеа, НЛО е механизам преку кој се мати умот на широките народни маси.
Јас искрено верувам дека постои, но сите оние работи кои ги гледаме на низ нетов и низ разни други емисии се стварно безвезални.
Појавувањето на сите тие летечки чинии, киднапирања на луѓе од страна на вонземјани и не знам уште шо.
Не знам колку од вас ја гледаа емисијата на Миленко во која се зборуваше за оваа тема, и гостинот кажа за реакциите на одредени луѓе во врска со фотографиите со НЛО.
Рече дека нивниот коментар е, дека тие фотографии се 99% вистинити.Се она што се наоѓа на нив е вистинито освен оној објект што може да се забележи, односното летечката чинија. Истото важи и за фотографиите со вонземјани со кои сите се имаме сретнато. Сето тоа е bullshit.
Понатаму, галксијата нај блиска до нашата земја , во која се претпоставува дека постојат услови за живот е Ipsilon Urejdan. Таа е оддалечена од нашата земја помеѓу 10 и 11 светлосни години, што за нашата технологија не само што е ,,астрономска оддалеченост'' туку е и тешко да се замисли. И за што ќе поминуваат вонземјаните толкава релација само за да се појават со летечката чинија за ние да ги видиме накратко и пак да си отидат? Се е безвеза туку ајде. Ајде дечки кулирајте сите, нема вонземјани наоколу, испаѓам сега јас.
 

YuZe

Fortune favors the Brave
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.250
Поени од реакции
1.075
Само за компарација. За време на премиерата на серијата X-Files во Велика Британија се приавени 200+ инциденти на годишно ниво во кои се забележани така наречените летечки чинии или НЛО. По завршувањето на серијата бројката на забележани НЛО на цела територија на Велика Британија изнесува 3 пријавувања за забележување на НЛО.

You see my point?
 
Член од
22 март 2008
Мислења
18
Поени од реакции
2
Kon anketava bi trebalo da dodadete uste edno prasanje :Dali veruvate deka postojat vonzemjani? Jas veruvam deka nekade vo vselenata posojat i drugi formi na zivot, drugi civilizacii, no kolku tie deluvaat na nas...?Zosto bi moraletie da deluvaat na nas, zosto sekogas koga se zboruva za vonzemjani tie se ponapredni od nas, zar nikoj nikogas ne pomislil deka mozebi se naogaat na ponizok stepen na razvoj od nas?! Kako i da e sigurna sum deka postoi zivot , no ne veruvam deka vonzemjanite deluvaat na nas.
 

Zeng

Thinking inside the box
Член од
9 април 2008
Мислења
1.103
Поени од реакции
31
А пак коментари како вонземјаните живеат со нас, или вонземјаните управуваат со нашите постапки тоа мислам дека е преголема доза на гледање X-Files и ви препорачувам да свртите на Star Trek, каде има многу пообјективна перспектива во однос на вонземјаните.
Кај ги најде star trek, таа серија дава тотално необјективна перспектива.Сите вонземјани знаат англиски и скоро сите личат хуманоидно. Тоа каква глупост е просто неверојатно, но си има публика и некои серии се интересни.
X-files на сосема друг начин го претставува тој феномен, со повеќе хорор елементи.

А за темава.........како што викаат атеистите: додека не видам ништо.
 

YuZe

Fortune favors the Brave
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.250
Поени од реакции
1.075
Кај ги најде star trek, таа серија дава тотално необјективна перспектива.Сите вонземјани знаат англиски и скоро сите личат хуманоидно.
Постои едно нешто наречено Universal Translator, еве и објаснување од Dr.Philem0n:

Dr. Philem0n напиша:
Универзалниот преведувач е (фиктивен) уред кој често се појавува како мотив во повеќе дела од научната фантастика, не само во Ѕвездени Патеки. Неговата цел е едноставна, а таа е да понуди симултан двонасочен превод помеѓу кои и да било јазици. Исто како и натсветлосниот погон, оваа технологија се зема како општо прифатена конвенција во научната фантастика.

По правило, универзалниот преведувач проработува веднаш, но ако тој јазик никогаш порано не бил сретнат, може да се појави одредено доцнење додека преведувачот правилно да го изработи преводот.

Во фиктивниот Star Trek универзум, универзалниот преведувач е измислен во 2151 и се уште е во експериментална фаза кога се лансира првиот Ентерпрајз. Овој прототип може да се користи само за комуникација помеѓу бродови, а за мисии кои инволвираат директен контакт надвор од бродот потребен е вешт лингвист - во случајот на Ентерпрајз, Хоши Сато - особено кога треба да се прочитаат вонземски јазици на контролни панели и дисплеи. Хоши Сато ја открива матрицата за лингвакод во нејзините доцни 30-ти.

Во 23-тиот век, УП е компактен, во облик на палка за држење со рака. Капетанот Кирк, од Ентерпрајз, запрашан од Зефрам Кокрејн да објасни на кој начин работи уредот, објаснува дека постојат одредени универзални идеи и концепти кои се вообичаени за сиот интелигентен живот. Преведувачот ги споредува фреквенциите на мозочните бранови, ги одбира оние идеи кои ги препознава, и ја обезбедува потребната граматика. (TOS: "Metamorphosis")

Во 24-тиот век (TNG) УП технологијата е толку напредна што се интегрира во ком-беџот на персоналот од Ѕвездената Флота. Како куриозитет, Ференгите го имплантираат во своите ушни школки.

Универзалниот преведувач некогаш не проработува, кога тоа е од клучно значење за натамошниот заплет, на пример во случајот на Тамаријанците, кои зборуваат со јазик на метафори извлечени од нивното богато културно наследство. (TNG: "Darmok")
Инаку се гледа дека немаш гледано Star Trek. Не се сите раси хуманоидни, постојат многу различни форми на живот, како што се Species 8472, Q, Prophets и многу други. Star Trek e една од сериите што се доследни на поимот Научна-Фантастика.
 

Zeng

Thinking inside the box
Член од
9 април 2008
Мислења
1.103
Поени од реакции
31
Oчекував ваков одговор.
Имам гледано star tek и тоа поприлично многу, како прво и основно воопшто серијата не е доследна на основните факти за науката, како и други серии и филмови.
Во колку серии од стар трек имаш сретнато вонземјани кои не изгледаат на луѓе?
Второ во Star Trek- next generation универзалниот преведувач го вклучуваат само кога се во контакт со непозната раса или облик на живот.

Друго многу битно, особините, чувствата и психологијата на воземските раси се скоро идентични со човечките со мали отстапки.

Прашањето е ако има вонземјани дали тие стварно ќе поседуваат човечки особини.
 

YuZe

Fortune favors the Brave
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.250
Поени од реакции
1.075
Чуствата и психологијата, епа погледни ги Клингонците, Ферингите, Вулканците, Борг, Species 8472, дали имаат слични чуства (Вулканциите воопшто ги немаат чуствата(ги потиснуваат))? Не, Клингонците се воинствена раса, слични со луѓето? Не... Ферингите ги интересира само пари и бизнис, би ја продале и мајка си за пари, слични со луѓето (со некои да, :pos2: ама мал дел), не.

За тоа што хуманоидните раси се премногу застапени тоа да, е скоро претерано во Star Trek. Ама пак во споредба со другите научно-фантастични серијали и дела е далеку понапред што се однесува до репрезентацијата на вонземјаните и нивните опшества.
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Понатаму, галксијата нај блиска до нашата земја , во која се претпоставува дека постојат услови за живот е Ipsilon Urejdan. Таа е оддалечена од нашата земја помеѓу 10 и 11 светлосни години, што за нашата технологија не само што е ,,астрономска оддалеченост'' туку е и тешко да се замисли. И за што ќе поминуваат вонземјаните толкава релација само за да се појават со летечката чинија за ние да ги видиме накратко и пак да си отидат? Се е безвеза туку ајде. Ајде дечки кулирајте сите, нема вонземјани наоколу, испаѓам сега јас.
Значи тука си ја земал во обзир само технологијата која е достапна на земјата. Од каде знаеш дека некоја вонземска цивилизација нема начин да патува од една до друга точка во вселената за многу кратко време?
 

Gabu

Les Paul
Член од
26 април 2008
Мислења
75
Поени од реакции
7
Јас мислам дека не е можно да сме сами. Не би се спомнувале ако не постоеле. Добро нема некој цврст доказ, но во секој случај постојат.
 
Z

ZeroStyle

Гостин
Јас мислам дека не е можно да сме сами. Не би се спомнувале ако не постоеле. Добро нема некој цврст доказ, но во секој случај постојат.

Само да знаеш до каде се може да оди човечката фантазија...



Иначе верувам дека постојат, само сакав да и објаснам на Габу дека човекот од ништо може да направи нешто:wink:
 

Zeng

Thinking inside the box
Член од
9 април 2008
Мислења
1.103
Поени од реакции
31
Чуствата и психологијата, епа погледни ги Клингонците, Ферингите, Вулканците, Борг, Species 8472, дали имаат слични чуства (Вулканциите воопшто ги немаат чуствата(ги потиснуваат))? Не, Клингонците се воинствена раса, слични со луѓето? Не... Ферингите ги интересира само пари и бизнис, би ја продале и мајка си за пари, слични со луѓето (со некои да, :pos2: ама мал дел), не.

За тоа што хуманоидните раси се премногу застапени тоа да, е скоро претерано во Star Trek. Ама пак во споредба со другите научно-фантастични серијали и дела е далеку понапред што се однесува до репрезентацијата на вонземјаните и нивните опшества.
Не сакам да звучам грубо, ама самото тоа што ги објасни со човечки особини ти кажува дека психологијата е хумана.

Луѓето имаат различни особини а тоа зависи и од географската поставеност на земјата во која живеат, додека вонземските раси се со исти особини. По прилично генерички создадени и неможе да биде тоа веродостојно претставување на некаков населен универзум.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom