nema vrska videovo ova e se montirano 100%НЛО над Турција
јас пак скептичен сум малце за вакви теми...ама пак ко ќе помислам колку е голем универумов и да сме ние единствени, сами во него, некако звучит многу апсурдно-една ѕвезда има во просек 5 планети кои орбитираат околу неа, во една галаксија има неколку милијадри ѕвезди, а во целиот универзум има неколку милијарди галаксии...:nesvest::uvo::uvo::nesvest:
а пак морат и некогаш да сме посетени, зошто не случајно ко ќе се спомнит вонземјанец одма не асоцират на некоја форма, која и ја среќаваме во сите филмови со такви содржини...(типични зелени суштества со мала глава, големи очи..бла бла)
:pos2::pos2:![]()
[
Abe ova sto si go kazal si go kazal na pamet oti nisto ne znaes samo da ti kazam deka vonzemjanite imaat golema glava.
Кај ги најде star trek, таа серија дава тотално необјективна перспектива.Сите вонземјани знаат англиски и скоро сите личат хуманоидно. Тоа каква глупост е просто неверојатно, но си има публика и некои серии се интересни.А пак коментари како вонземјаните живеат со нас, или вонземјаните управуваат со нашите постапки тоа мислам дека е преголема доза на гледање X-Files и ви препорачувам да свртите на Star Trek, каде има многу пообјективна перспектива во однос на вонземјаните.
Постои едно нешто наречено Universal Translator, еве и објаснување од Dr.Philem0n:Кај ги најде star trek, таа серија дава тотално необјективна перспектива.Сите вонземјани знаат англиски и скоро сите личат хуманоидно.
Инаку се гледа дека немаш гледано Star Trek. Не се сите раси хуманоидни, постојат многу различни форми на живот, како што се Species 8472, Q, Prophets и многу други. Star Trek e една од сериите што се доследни на поимот Научна-Фантастика.Dr. Philem0n напиша:Универзалниот преведувач е (фиктивен) уред кој често се појавува како мотив во повеќе дела од научната фантастика, не само во Ѕвездени Патеки. Неговата цел е едноставна, а таа е да понуди симултан двонасочен превод помеѓу кои и да било јазици. Исто како и натсветлосниот погон, оваа технологија се зема како општо прифатена конвенција во научната фантастика.
По правило, универзалниот преведувач проработува веднаш, но ако тој јазик никогаш порано не бил сретнат, може да се појави одредено доцнење додека преведувачот правилно да го изработи преводот.
Во фиктивниот Star Trek универзум, универзалниот преведувач е измислен во 2151 и се уште е во експериментална фаза кога се лансира првиот Ентерпрајз. Овој прототип може да се користи само за комуникација помеѓу бродови, а за мисии кои инволвираат директен контакт надвор од бродот потребен е вешт лингвист - во случајот на Ентерпрајз, Хоши Сато - особено кога треба да се прочитаат вонземски јазици на контролни панели и дисплеи. Хоши Сато ја открива матрицата за лингвакод во нејзините доцни 30-ти.
Во 23-тиот век, УП е компактен, во облик на палка за држење со рака. Капетанот Кирк, од Ентерпрајз, запрашан од Зефрам Кокрејн да објасни на кој начин работи уредот, објаснува дека постојат одредени универзални идеи и концепти кои се вообичаени за сиот интелигентен живот. Преведувачот ги споредува фреквенциите на мозочните бранови, ги одбира оние идеи кои ги препознава, и ја обезбедува потребната граматика. (TOS: "Metamorphosis")
Во 24-тиот век (TNG) УП технологијата е толку напредна што се интегрира во ком-беџот на персоналот од Ѕвездената Флота. Како куриозитет, Ференгите го имплантираат во своите ушни школки.
Универзалниот преведувач некогаш не проработува, кога тоа е од клучно значење за натамошниот заплет, на пример во случајот на Тамаријанците, кои зборуваат со јазик на метафори извлечени од нивното богато културно наследство. (TNG: "Darmok")
Значи тука си ја земал во обзир само технологијата која е достапна на земјата. Од каде знаеш дека некоја вонземска цивилизација нема начин да патува од една до друга точка во вселената за многу кратко време?Понатаму, галксијата нај блиска до нашата земја , во која се претпоставува дека постојат услови за живот е Ipsilon Urejdan. Таа е оддалечена од нашата земја помеѓу 10 и 11 светлосни години, што за нашата технологија не само што е ,,астрономска оддалеченост'' туку е и тешко да се замисли. И за што ќе поминуваат вонземјаните толкава релација само за да се појават со летечката чинија за ние да ги видиме накратко и пак да си отидат? Се е безвеза туку ајде. Ајде дечки кулирајте сите, нема вонземјани наоколу, испаѓам сега јас.
Јас мислам дека не е можно да сме сами. Не би се спомнувале ако не постоеле. Добро нема некој цврст доказ, но во секој случај постојат.
Не сакам да звучам грубо, ама самото тоа што ги објасни со човечки особини ти кажува дека психологијата е хумана.Чуствата и психологијата, епа погледни ги Клингонците, Ферингите, Вулканците, Борг, Species 8472, дали имаат слични чуства (Вулканциите воопшто ги немаат чуствата(ги потиснуваат))? Не, Клингонците се воинствена раса, слични со луѓето? Не... Ферингите ги интересира само пари и бизнис, би ја продале и мајка си за пари, слични со луѓето (со некои да, :pos2: ама мал дел), не.
За тоа што хуманоидните раси се премногу застапени тоа да, е скоро претерано во Star Trek. Ама пак во споредба со другите научно-фантастични серијали и дела е далеку понапред што се однесува до репрезентацијата на вонземјаните и нивните опшества.