Чудна работа е човекот, верува дека Мојсеј фрлил стап и се створиле две змии, а не верува во тоа дека вонземјаните не само што постојат, туку и дека не посетиле, доказ за тоа се огромниот број мистерии кои постојат на планетава уште пред раѓањето на самиот Исус. Едноставно во денешно време скоро и да нема научник кој се занимава со астрономија, а не кажал постојат вонземјани. Имам гледано повеќе документарци, некои од нив и кај Миленко во емисија се пуштија, кои дефинитивно ствараат сомнеж не за тоа дали постојат, туку за тоа колку често не посетуваат... Сметам дека за оваа тематика прво треба добро да се проучат некои истражувања од оваа област, па дури потоа да се дебатира, а не само да се каже ејјј да бее ти знаеш дали има или нема вонземјани, или едноставно интересно му е да ги заебава тие што се внесени во оваа област, па решил да им влезе у муабет и да им фаќа сеир. Сетете се само на сите оние цивилизации за кои се претпоставува дека постоеле пред човечката, и како тие исчезнале. Од каде можеме да бидеме сигурни дека тие биуле луѓе? А знам еднаш во еден разговор со некои луѓе кои се влезени во оваа проблематика, ми го рекоа следново: Наводно имало докази кои укажуваат на тоа дека човекот има потекло од планетата Марс која наводно порано уште пред да се појави животот на Земјата, постоел таму. Жителите на Марс увиделе дека ќе настане катастрофа на нивната планета и се спремале за тоа. Меѓутоа она што го направиле грешно, била проценката на настанувањето на штетата, па така катастрофата настанала многу порано од нивните проценки. Поради многу краткото време, се што успеале да направат е да пратат неколку бродови кон планетата Земја со нивни гени, кои при пристигнувањето на нашата планета нормално мутирале за да настане животот онаков каков што е денес. Ова беше само еден разговор, меѓутоа ме натера да се замислам и за таа теорија, за тоа дека ние, уствари нашите претци (не мора да значи човекот, туку предците на човекот) се продолжеток на некоја туѓа цивилизација која некогаш постоела на друга планета.
Она што исто така го тера на човека да се замисли е следново, а тоа е дека американците некоја од својата технологија ја имаат копирано токму од урнати вселенски бродови, што може да значи дека некои од технологиите што денеска ги користиме, да не се наши дела, туку само копии од туѓа цивилизација, затоа што знаеме за огромните контроверзни области кои се наоѓаат во Америка, и за кои до ден денеска се говори, а сепак американците не пуштиле новинари да влезат таму за да дефинитивно го докажат она што го тврдат, дека демек немало ништо такво како вонземјани таму. А знаеме дека токму во Ареа 51 наводно се чува урнат вселенски брод, кој што е испитуван и истражуван од американските научници.